Мерките за финансиска поддршка во нашата земја претставени пред жени претприемачи и менаџери

Државни институции, организации што нудат финансиска поддршка, бизнис акцелератори, банки и не-финансиски институции и штедилници што имаат програми за поддршка на раст и развој на компанија, но и за основање сопствен бизнис, како и можностите за инвестиции од страна на ЦЕЕД клуб на бизнис ангели и платформата Фандербим што ја управува Македонска Берза, беа претставени вчера на месечниот состанок на постоечки и потенцијални членки на ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери.

Месечниот состанок се одржа во рамки на Проектот за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери, што го имплементира ЦЕЕД Хаб Скопје со поддршка од американската амбасада.

Целта на состанок, покрај запознавање со постоечките мерки што се достапни за домашните претприемачи, беше и обуката за потребата од разбирање на развојната фаза на една компанија со цел привлекување соодветен вид на капитал за соодветните потреби на претпријатието.

Поддршка и раст на женското претприемништво во земјата

Целта на Проектот за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери е намалување на влијанието што Ковид-19 го има врз бизнисите водени од жени и да овозможи постојана поддршка на жените претприемачи и менаџери. Жените сопственици на бизниси и жените на раководни структури во различни компании од целата земја ќе имаат прилика да ги надградат сопствените професионални вештини и можност да придонесат во подобрувањето и ефикасноста на организацијата за која работат. Проектот што се спроведува од септември 2020 година, имплементира специјална програма за градење на капацитетите на жените претприемачи, дизајнирана во согласност со потребите на претпријатијата во сопственост на жени или кои се раководени од жени.

Покрај можноста за учество на интерактивни работилници за подобрување на работењето на компанијата и за надградување на сопствените менаџерски вештини, редовните месечни состаноци на кои се покриваат теми од непосреден интерес, и можноста за соработка со ментори и експерти од различни земји, фокусот на проектните активности е основање и овозможување практична и постојана помош на оние сопственички на бизниси, основачки и жени на раководни позиции кои сакаат да бидат дел од ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери. Доколку сакате да бидете член на Клубот, потребно е да го пополните формуларот онлајн.

Меѓудругото, новите членки на Клубот на жени претприемачи и менаџери имаат можност да го промовираат сопствениот бизнис и да стекнат дополнителна видливост и нови клиенти преку објави на нашиот портал, чија цел е да се истакнат инспиративните позитивни примери и успешни приказни.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -