Единствената потребна навика за повеќе убави денови

Знаете како е кога денот ви е навистина убав – кога сте супер продуктивни на работа или на училиште и се чувствувате дека владеете со најавтентичната верзија на себе? Кога се чувствувате силни и дека ги држите работите под контрола? Тоа најверојатно се должи на тоа што вашата клучна навика излегла надвор да се игра, пишува Кара Кутруцула, новинар чија потесна специјалност е подобрување на креативните процеси и грижа за себе.

Клучните навики се мали победи што го прават остатокот од денот, и животот, полесни. Станува збор за мало дејство што ве подготвува за ланец од други дејства што ве прават да се чувствувате добро.

На пример, можеби утринска јога ве инспирира да дишете длабоко кога работите се стресни и полесно заспивате со медитација. Или пак, можеби тоа е кога си давате себеси пет минути време за размислување, што ве прави да бидете повеќе сочувствителни кога имате расправија со вашиот партнер или да не се обесхрабрувате кога веќе сте решиле да бидете дел од дигитален настан за вмрежување со еден куп непознати.

Во „Моќта на навиката“ Чарлс Духиг пишува дека тригерот за вашата шема за чувствување добро – познат и како „клучна навика“ – може да ги репрограмира и другите рутини во вашиот живот. „Навиките што се најважни се тие кои, кога ќе почнат да се менуваат, отстапуваат место и прават други шеми,“ пишува тој во книгата.

Клучната навика го создава тоа што јас го викам домино ефект од навики: тоа е нешто што го правите што ве подготвува за добрина во текот на денот.

Овие денови, тој вид навики може да бидат непостојани иако не мора да е така ако знаете каде да барате.

Клучните навики не мора да бидат огромни и да го менуваат животот сами по себе. Можеби мислите дека клучна навика е секојдневно вежбање или 20-минутна медитација секое утро. Всушност, тие можат да бидат многу помали.

Како да ја пронајдете ваша клучна навика

Размислете за вашиот совршен ден. Што е тоа што мислите дека е „мала победа“? Некои од моите мали победи се: доволно време за појадок, читање добра книга или драма во метро, позитивна интеракција или вкусна храна во мојот фрижидер.

Ниту една од овие навики сама по себе не е импресивна (или тешка!) – но тие создаваат конкретни циклуси на навики.

Одвојување време да читате фикција или нешта позитивно (наместо „скролање“ по социјалните мрежи) ме смирува и ме охрабрува да пишувам. Голем, убав појадок ме прави сигурна дека нема да бидам гладна и цел да сум во потрага по грицки. Моментот за размислување ме потсеќа дека живеам во дарежлив свет, полн конекции.

Овие мали победи можат да помогнат во создавањето нова структура во денот, и како што Духиг пишува, да се востанови култура каде промената станува заразна. Гледам што функционира и сакам повеќе од тоа.

Можеби вашата клучна навика е едноставна како што е одбирањето алишта што ќе ги носите следниот ден за да не мора да се брзате наутро; ова ви овозможува да го почнете денот со чувство на самодоверба и способност (а не со стуткана кошула извлечена од дното на фиоката).

Можеби е неколку минутна медитација пред да почне лудилото на денот кога се будите наутро.

Или пак, можеби вашата клучна навика е да не правите ништо, наместо да проверувате мејлови кога почнувате со работа, или пак можеби пет минути време за да го испланирате денот е вашата мала победа.

Обрнете внимание на тоа што ви дава чувство на постигнување и поттик што ве турка напред во остатокот од денот. Можете да го направите ова ако имате список на „мали победи“ во текот на денот и на крајот на неделата видете кои највеќе се повторуваат и кои ве направиле да се чувствувате добро подолго време потоа. Тоа се вашите клучни навики.

Клучните навики не прават да се чувствувате добро во моментот. Тие ве подготвуваат за многу важен домино ефект што поттикнува позитивни промени во текот на целиот ден.

Како вашата клучна наивка да ја претворите во вистинска навика

Дури и да знаеме дека одредено дејство ќе ни го подобри денот, сепак може да ни е тешко да се мотивираме самите да, на пример, почнеме да вежбаме јога дома или да одолееме на известувањата на мобилниот кога седнуваме да работиме. Но, кога ќе почнете да ја препознавате вредноста на вашата клучна навика, и ја повторувате пак и пак, таа полека ви станува дел од природата.

Земете го за пример Мајкл Фелпс. Пливачот кој освои милион олимписки медали. Вообичаената перцепција е дека неговата клучна навика е нешто како пливање шест часа дневно или консумирање 6000 калории.

Но, како што е истакнато во „Моќта на навиката“, две од клучните навики на Фелпс се визуелизација и релаксација, серија мали дејства што тој ги прави пред да се трка за да создаде „чувство на растечка победа“. Ова е мала победа во акција.

Од мала возраст, тренерот го учел Фелпс да визуелизира како ја плива совршената трка. Оваа практика ја нарекле „пуштање видео лента“ – или пак пуштање ментална трака циклично, одново и одново. Ова помогнало претерано анксиозното дете да се смири и ги олеснило тешките тренинзи. Тој исто така си ја „пуштал видео лентата“ секоја вечер пред да заспие и секое утро кога се буди. На тој начин, кога работите во базенот не се одвивале според планираното, можел да се наврати на визуелизацијата и да се однесува како се` да се одвива според планот.

Едно истражување покажува дека дури и позитивните навики да се чинат тешки на почетокот, повторувањето го олеснува нивното одржување. И, ако клучна навика стане речиси автоматска, може да ве подготви за друга добрина. „Некако тие почетни промени почнуваат верижни реакции што помагаат да се створат други добри навики,“ пишува Духиг. „Ако се фокусирате на менување или гаење на клучните навики, може да предизвикате далекусежни промени“.

Запомнете: навиките се пракса

Предупредување за целата оваа работа е дека практиката нема да функционира ако си нагрнете тон вина на рамена кога нема да се држите до вашата клучна навика.

Кога ќе ја пронајдете вашата клучна навика, не мора да се држите до неа како да е почеток и крај на вашиот живот. Наместо да бидете многу строги во врска со тоа, третирајте ја како стар пријател – знаете дека кога се дружите, ќе си поминете убаво.

Наместо да се принудувате себеси да се држите до неа, сетете се дека кога ја практикувате вашата клучна навика, не само што се подготвувате да ви се случат убави моменти, туку предизвикувате позитивен домино ефект, кој во принцип може никогаш да не заврши.

Извор:Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -