Важноста на лидерските вештини во технолошката ера

Новите трендови во развој, како што се вештачката интелигенција, машинското учење, роботиката и други врвни технологии го трансформираат начинот на кој работиме и го менуваат профилот на работната сила. Бидејќи технологијата станува повеќе хоризонтална а ја погодува индустријата вертикално, работната средина еволуира симултано. Иднината на работата во голема мера зависи од технологијата. Денешните лидери треба да ги научат вистинските вештини за да им помогнат на организациите да одржат смисла за конкурентност, и во поглед на надградување на вештините и во поглед на воведување менторство со цел подобрување на тимовите.

Технологијата исто така влијаеше и на вработените бидејќи секој робот ја презема работата на 1000 работници, и оттука ја намалува стапката на вработеност. Според извештајот, речиси 400 000 работни места би биле изгубени како доказ од американските пазари на труд.

Светскиот економски форум исто така очекува технолошките иновации во работните средини да елиминираат речиси 85 милиони работни место во светот до 2025 год. Од друга страна, технологиите се исто така способни да генерираат 97 милиони работни места за кои се потребни нови и разнолики вештини.

Како работната сила да се развива паралелно со технологијата?

Ангажирањето разновидна обучена работна сила доаѓа со причина и последица, бидејќи продуктивноста не држи чекор со технолошките иновации. За да се надомести изгубената брзина, надградувањето на вештините и усвојувањето иновации преку лидерство е единствениот начин. Лидерите би требало да почнат да се фокусираат повеќе на тоа каде и како вработените можат да ја завршат работата побрзо, отколку на резултати и отчетност. Повеќето од улогите денес мораат да се креираат имајќи ја на ум иднината.

Иако оваа трансформација не е лесна, сепак не е невозможна. Лидерот треба да биде цврст за време на оваа транзиција. Бидејќи повторливите задачи можат да бидат преземени од технологијата, на работодавците им требаат луѓе со силни технички вештини од различни дисциплини, како што се вештачка интелигенција, машинско учење, наука за обработка на податоци, аналитика и сметање „во облак“. Кога станува збор за задачи што создаваат вредност, тимовите треба да бидат приоритет, бидејќи технологијата не може да носи одлуки сама. Во таков случај, вештините за критичко размислување се клучни и за лидерите и за тимовите.

Каков вид лидерство е потребно?

Технологијата еволуира секој ден, па така организациите би требало постојано да се приспособуваат на новите пронајдоци за да останат на пазарот. Затоа е потребно агилно лидерство, а на компаниите им е потребна воспоставена соодветна лидерска структура за да ја овозможат оваа еволуција. Што мислите? Дали хиерархиска стратегија би функционирала во овој случај? Одговорот е не. Хиерархиската стратегија не е вистинскиот пристап. Напротив, одберете избрани луѓе од компанијата и обучете ги за менаџерските одговорности што можат да се прошират во целата компанија. Лидерските модели би требало да се способни да го фатат новиот пат напред во дигиталната ера.

Големите тимови не се многу подвижни колку што се малите тимови што лесно се состануваат за да работат на реализацијата на нови проекти и предизвици. Овој модел повеќе зависи од производот, клиентот и услугата и може да помогне во премостување на празнината помеѓу технологијата и продуктивноста. Но, за да се формираат тие тимови потребно е јасно разбирање на различните сетови вештини, мерливите резултати и целите.

Ресурсите на компанијата треба да се наменат за развојот на видот на размислување фокусирано на растот кое може да ги натера лидерите да креираат стратегии во чекор со последните трендови и иновации. Компаниите и организациите би требало да можат да се дислоцираат себеси пред тоа да го стори конкуренцијата.

Клучно е лидерите да бидат гласни адвокати за нивните тимови за да можат поединците и тимот како целина да ги оствари зацртаните цели. Лидерот треба да се опреми со тим со вистинските ресурси и насока, разбирање на силните и на слабите страни за да се координира ефикасно. Ова може да биде од голема помош во обезбедувањето тренинг или дополнителни вработени со соодветниот сет вештини.

Во моменталното сценарио, комуникациските вештини се императив. Членовите на тимот треба да добиваат постојани повратни информации за да можат да ги прилагодат целите и да одат напред. Почеста комуникација подразбира повеќе транспарентност, што е еден од клучните фактори за развој на тимовите.

За лидерите од иднината

Лидерите од иднината треба да се способни да им обезбедат на нивните вработени јасна насока и стратегија. Би требало да бидат доволно способни да влијаат и да ги водат луѓето. Лидерите растат кога имаат следбеници, наместо традиционалниот модел каде лидерите се унапредуваат без разлика на следбеништвото. Мудро е да бидете свесни за стратегиите и технологиите што се усвојуваат од лидерите за иднината на организацијата.

Извор: Analytics Insight  е платформа посветена на последните трендови и мислења од светот на технологиите поттикнати од податоци. Платформата го следи развојот, јавното признание и постигнувањата направени со помош на компаниите кои работат со вештачка интелигенција, обработка на голем број податоци и аналитика од целиот свет.

www.analyticsinsight.net

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -