Четири нови вештини што треба да се идентификуваат кај некој кој вреди веднаш да се вработи

Пред пет години, Светскиот економски форум го објави „Извештајот за иднината на работните места“ во кој се предвидуваат вештините што им се потребни на вработените и стратегиите за работните средини што се очекуваа во 2020 год – годината кога светот падна на колена поради пандемијата, пишува Марсел Швантес, говорник, обучувач, основач и генерален директор за човечки ресурси во LEADERSHIP FROM THE CORE.

Новите технологии наметнуваат нови начини на работење, па се очекуваше од вработените да имаат нови вештини што ќе им овозможат да одговорат на предизвиците. Потоа пандемијата ја отпушти работната сила и ја забрза потреба за такви клучни вештини уште повеќе.

Покрај вештините поврзани со работата во области на когнитивните способности (креативност, критичко размислување, комплексно решавање проблеми), Извештајот ја покажува и потребата од особени занимања и видови работни места што изискуваат компетенции во социјалните вештини, како што е емоционалната интелигенција, до 2020 год.

Емоционална интелигенција на работното место

Ова не би требало да ве изненадува. Емоционалната интелигенција стана важен претскажувач за успех на работното место, и ја надминува технолошката способност. Во 2011 год, анкета спроведена од CareerBuilder на повеќе од 2600 менаџери за регрутација и професионалци во областа на човечки ресурси во САД, откри дека 71 процент ја ценат емоционалната интелигенција кај потенцијален вработен повеќе од висок коефициент на интелигенција.

За да изградите сопствена силна култура во која се цени и негува емоционалната интелигенција, треба да знаете каде да целите кога ги проценувате социјалните вештини на вашите моментални и идни вработени. Во продолжение се неколку набљудувани однесувања што можете да ги примените и што ќе ви го покажат патот напред.

Барајте транспарентност

Овие денови транспарентноста е барана стока. Понекогаш вработените се склони да се кријат, повлекуваат, попречуваат или да ставаат маска за да избегнат тешки ситуации или конфликт. Маската не дозволува да се види кои се тие навистина во предизвикувачки ситуации за кои е потребно брзо да размислуваат, што често настануваат кога треба да се соочат со клиенти. Кај тимови што растат и се развиваат, ќе видите дека има луѓе кои ја покажуваат нивната автентична природа. Таа природа се гледа во разговорите и интеракциите со другите преку нивниот интегритет, емоционална искреност, отвореност за повратни информации и свест не само за сопствената внатрешна состојба, туку и за чувствата на другите во тимот.

Барајте отпорност и флексибилност

Приоритетите се менуваат во речиси секоја компанија и секое работно место. Како лидери, сакате да се опкружите себеси со луѓе кои се флексибилни за време на промена и кои ќе ја искористат секоја можност да помогнат за време на транзиција. Тие луѓе имаат флексибилност да се справат со несигурни и непредвидливи ситуации – што е најсигурен знак за вистинска емоционална интелигенција. Исто така, околу вас сакате тим од луѓе со отпорни умови. Тие се справуваат со фактичката ситуација, тука и сега, а духовите од нивното минато ги оставаат во минатото. Најотпорните луѓе закрепнуваат од лоши ситуации со тоа што знаат да кажат НЕ на секој кој се меша или ги попречува во остварувањето на нивните цели и распореди, нивните вредности и верувања. Отпорните луѓе не си дозволуваат да се чувствуваат виновни за работи што немаат никаква врска со нив. Знаат дека не се одговорни за дејствијата и драмата на другите и никогаш не се оптоваруваат за нешто што некој друг го направил.

Барајте луѓе кои добро се справуваат со сопствените емоции

Себе-менаџирањето (или само-управувањето) во емоционалната интелигенција е лична компетенција што се гледа кај тимовите со висока ефикасност. Прашањето позади себе-менаџирањето е едноставно, но ретко се поставува: Дали можам да ги менаџирам моите емоции и однесување кон позитивен исход? Меѓународно познатиот психолог и автор на бестселери, Даниел Голман, за луѓе кои добро се справуваат со сопствените емоции, го кажува следново: „Разумните луѓе, тие кои одржуваат контрола врз нивните емоции, се луѓе кои можат да поддржат безбедни, фер средини. Во такви околности, драмата е многу ниска, а продуктивноста е многу висока. Најефикасните луѓе се нагрнуваат во ваквите организации и не се способни да ги напуштат“.

Барајте емпатија

Луѓето се привлечени од емпатија. Тоа е привлечна особина која овозможува создавање успешни односи на работа. Исто така, докажано е дека емпатијата е клучен фактор за ефикасноста на организацијата. Високо ефикасен тим што покажува емпатија ќе има создадено силни лични врски што водат до ефикасна соработка. Членовите на тимот ќе мислат на околностите на нивните колеги, ги разбираат нивните предизвици и фрустрации, и знаат дека тие емоции се реални колку што се и нивните. Ова помага да се развие перспектива и ги мотивира членовите на тимот да си помагаат едни на други.

Извор:Inc.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -