Вистината за претприемништвото што никој нема да ви ја каже

Губењето на работните места поради пандемијата на Ковид-19 е екстремно. Меѓународната организација на трудот (МОТ) известува дека во 2020 год, глобалното работно време опаднало за 8,8% – што е еквивалентно на 255 милиони работни места со полно работно време и речиси е четири пати поголемо во споредба со глобалната финансиска криза во 2009 год, пишува Ендру Робинсон извршен директор на TradingHouse и основач на SiSebenza за бизнис порталот News 24.

„Експертите“ велат дека решението е во претприемништвото, започнување сопствен бизнис, во бивањето сам свој газда, создадавањето на сопствениот успех. Претприемништвото не е лесно и не е за секој. Јас сум претприемач, верувајте ми кога ви го кажувам ова, потенцира Робинсон.

По многу кратка кариера како аналитичар на стоки во глобална банкарска групација, ми стана јасно дека корпоративниот свет не е за мене и оттогаш живеам несигурен, стресен, крајно возбудлив живот како независен бизнисмен веќе 20 години.

Мојата дневна шема – секој ден заминувам во војна, и јадам што ќе убијам.

Претприемништвото не е лесно како што опишуваат стратегиите од седум чекори што први се појавуваат кога пребарувате на Гугл. Сум ги прочитал сите, и советите што ги нудат можат да ве одведат на погрешно место. Речиси сите тие информации се засновани на нудење на вашата одлична идеја на локалната берза. Тие написи со совети нудат еднострани стратегии и бизнис планови и финансиски модели и дневни рутини. Луѓето како Марк Зукерберг, Елон Маск и Бил Гејтс се примерите што треба да ги следиме.

Да, ова е корисно ако отсекогаш сте сонувале да бидете сопственици на бизнис, ако сте имале одлична идеја и сте работеле формална работа за да заштедите почетен капитал што ќе го употребите за да ви се остварат соништата. Но ако треба да плаќате сметки и да храните деца, и сопствеништвото на бизнис никогаш не било дел од вашиот план, оваа информација е нерелевантна и страшна и најверојатно ќе ве натера два пати да размислите за вашата способност да успеете.

Дозволете ми да го поедноставам претприемништвото за оние кои размислуваат за него како одржливо решение за иднина.

Само почнете и секогаш делувајте брзо

Можете да планирате колку сакате, но никаде нема да стигнете ако всушност не почнете. Така што, основните работи треба да ги направите соодветно, а тие се: што ќе правите, како ќе го правите тоа, кому ќе продавате и како ќе стигнете до нив. И тргнете. Брзо ќе сфатите дали сте ги разбрале овие основни работи како што треба или не. Ако нешто не функционира, променете го тоа.

Бидете отворени за нови идеи

Менувајте се со време и во зависност од пазарот. Пред една година немав идеја дека денес ќе произведувам и дистрибуирам уреди за гел за дезинфекција со врвен квалитет, но и дека обезбедувам десетици илјади единици локално и низ целиот континент. Ја увидов потребата и делував брзо, и сега таа одлука се исплати.

Не ги чувајте сите јајца во иста кошница

Но не се занимавам само со ова. Еден ден, набрзо се надевам, нема да постои истото ниво на потреба за овој производ, така што тргувам со секаков вид стоки – од нафтени производи до лимони. Имам интерес за фарма за вино, и инвестирам во идниот свет на работа и имам страст за технологија и сум партнер со глобални технолошки фирми што го пореметуваат пазарот и го поддржувам нивниот влез на африканскиот пазар. Многубројните деловни интереси ме заштитуваат од економски циклуси, што е клучно кога не ви е гарантирана корпоративната плата на почетокот на секој месец.

Продадете го производот или услугата поскапо од трошокот за нивно купување или создавање

Запомнете дека го правите ова со цел да направите пари, така што немојте да се продавате вие или вашиот производ евтино. Претприемништвото е напорна работа, така што бидете сигурни дека влечете финансиска корист од вложената енергија и емоција.

Не постои магична формула за тоа колкава цена да му доделите на вашиот производ, тоа зависи од индустријата и важно е да ја напишете домашната. Не е важно дали сте најскапа или најевтина компанија на пазарот, само бидете сигурни дека остварувате профит. Бројките се јазикот на бизнисот, ако не ги разбирате вашите бројки нема да преживеете во бизнисот.

Добар сте колку вашата последна зделка

Дали повторно ќе се вратите во ресторан кадешто ве послужиле со невкусна храна, или дали повторно ќе купите од продавница каде продавачот е нељубезен и не ви помага? Не. Истото важи и за она што го продавате. Ако тоа што го продавате не е истото што го ветувате, или ако продавате многу но не успевате да доставите секаде на време, или на кој било начин ги разочарувате вашите клиенти, тие нема да се вратат. Така што, навистина фокусирајте се на вашата услуга и запомнете дека често пати не станува збор за тоа што го продавате, туку како го продавате.

Моќта на партнерствата

Во секој од моите бизниси работам со партнери на кои им верувам. Овие луѓе ги познавам долго време. Тоа се паметни луѓе кои имаат сличен професионален морал со мојот и чии вештини и експертски области ги надополнуваат моите. Правиме еднакви придонеси на време и енергија бидејќи ги имаме истите очекувања од исходот. Ако работите со други, и вашите цели не се подредени, застанете и повторно проценете ги вашите партнери.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -