Во тек се обуки за зајакнување на конкуретноста на жените на пазарот на трудот во повеќе општини

Кон средината на месец февруари, ЦЕЕД Македонија започна со спроведување на различни обуки наменети за жени од повеќе општини во земјава, поточно од општините Аеродром, Битола, Гази Баба, Кисела Вода, Кочани, Крива Паланка, Маврово Ростуше, Струмица, Свети Николе, Центар, како и од Град Скопје.

Целта на обуките е подобрување на пристапот до и зголемување на конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот на UN Women “Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

Во тек се обуките за јакнење на знаењата и вештините од областа на дигиталниот маркетинг, обука која до сега ја посетија педесетина жени од општините Битола и Центар, како и обуки за развој на бизнис идеја и бизнис план, која до сега ја посетија десетина учеснички од град Скопје и од Крива Паланка.

Обуките, кои се спроведуваат онлајн и во живо, ќе продолжат и во месец март и април, а покрај овие две теми следуваат и обуки за претприемништво и менаџерски вештини, како и основни вештини за вработување.

Воедно, во рамките на овој проект ќе се реализираат и стручни обуки за триесетина жени од три општини во земјава, односно кандидатки од Скопските општини Аеродром и Центар, како и од Маврово Ростуше. Стручните обуки кои ЦЕЕД Македонија ќе ги спроведе во соработка со ПАБ Битола, ќе понудат знаења од областа на неколку занаети, како што се: кроење и шиење, масажа, педикир и маникир и обука за фризерки.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Што не` научи пандемијата

По говорот што неодамна го одржав, еден член од публиката ми постави интересно прашање. Кои се најважните лекции што организациите ги научија за време...
- Advertisment -