Карантинот ги натера властите на Милано да го намалат проблемот со загадувањето

Една од главните теми на политичарите овие денови е како коронавирусот го измени начинот на кој ќе живееме од сега па натака. Еден од градовите кој активно се зафати со спроведување на плановите кон подобар град на иднината е Милано, каде градските власти планираат по завршување на карантинот да се отвори како зелен град, пренесува Светскиот економски форум. 

Поврзано:

Миланските власти велат дека нивниот план за „отворени улици“ ќе го намали загадувањето и ќе им овозможи на пешаците и велосипедистите да се движат слободно низ градот. Во 2019 година, Милано беше прогласен за еден од најзагадените градови во Италија.

people on street near concrete buildings

Главниот град на регионот Ломбардија, кој беше најпогоден од пандемијата предизвикана од Ковид-19, смета дека карантинот им овозможил на властите да се фокусираат кон промена на градот и како да му овозможат на Милано позелена иднина и да го намалат загадувањето предизвикано од сообраќајот.

Слободно возење точак и пешачење

Со планот за креирање „отворени улици“ се овозможува нова 35-километарска рута за велосипедите, пошироки тротоари за пешаците и помал број на паркинг места, за да се обесхрабрат луѓето да не излегуваат од дома со автомобил.

Плановите за редизајнирање на градот вклучуваат и приспособување на метроата кон мерките за социјално дистанцирање, со што ќе се обележат седиштата и просторот за стоење што треба да остане празен.

Според бројките издадени во Јануари, поради Брегзит, голем дел од англиската популација која работи во Милано се преселила во овој град, со тоа бројот на жители на овој град ја достигнала нависоката бројка во последните 30 години.

Милано е еден од најнаселените и најпосетените градови во Италија. Дневно по неговите улици чекорат околу 1,4 милиони луѓе. Пред да започне кризата предизвиката од коронавирусот, околу 1,37 милиони луѓе го користеле метрото секој ден.

black mountain bike parked near the road

Само 2% од луѓето во областа на Ломбардија се движат низ овој регион со велосипед или мотор. Со почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19, користењето на јавниот транспорт во овој регион се намалил за преку 88%. Се очекува со спроведување на новиот проект, поголем број жители да користат јавен превоз, велосипед, или пак да се движат пешки.

Главната шопинг улица во Милано, „Corso Buenos Aires“ е една од првите која ќе подлежи на новите измени. Се очекува целиот проект да биде завршен до крајот на летото.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -