Зошто не треба да почнете стартап бизнис пред да знаете зошто

Треба да почнеш, само фати се за работа, ајде почни, сè што треба да направиш е да спроведеш активности – најверојатно ова се најчестите совети што ќе ги слушнете од вашите поддржувачи и онлајн инфлуенсери. Иако е точно дека најважното е да спроведувате активности, а сè останато ќе се научи во текот на процесот, сетете се дека започнувањето бизнис не е едноставно како одење во супермаркет. Вашата одлука да основате стартап компанија може да значи дека работите на едно нешто со години, а можеби ќе работите на тоа засекогаш.

Поврзано:

Доколку сакате да успеете во бизнисот, мора да знаете зошто и како. Размислете за ова неколку минути. Зошто сакате да основате и изградите успешен стартап бинзис? Вашиот искрен одговор најверојатно ќе биде поголем од желбата да се крене револуција во индустријата, да се предизвикаат човечките животи, да ја продадате стартап компанијата, итн. Дури и да е така, зошто сакате да ги остварите сите овие цели?

Личните цели се клучни за развојот на стартап фирма

Според Абдо Риани, ментор кој работи со старап компании во технолошката индустрија и колумнист за Форбс, не треба да го ограничувате вашиот одговор на деловните цели и како тие ќе влијаат на светот. Размислете за вашите лични цели како што се богатство, почит, препознавање на вашиот труд и раст. Продолжете да „копате“ по вашите желби, мотиви и аспирации, со цел да се разберете себеси подобро. На пример, ако вашиот одговор е богатство, зошто сакате да бидете побогати?

Откако еднаш ќе разберете зошто го правите тоа, ќе ви биде многу полесно да сфатите како ќе го изведете вашиот план. На пример, првата вежба можеби ќе покаже дека додека себеси се замислувате како раководител на влијателна стартап компанија, во суштине не ви се допаѓаат, или не уживате во секојдневните обврски поврзани со водењето ваква фирма. Овој увид во вашите мотиви ќе ви помогне да донесете подобри одлуки за тоа како да започнете стартап бизнис, односно да се втурнете во процес што можеби ќе трае низ периодот на делегирање и инвестиции.

Ако знаете зошто и како го реализирате вашиот проект, тогаш можете да се сконцентрирате на она што ве спречува во спроведувањето на активностите. Што вообичаено се случува е следново, се одлучувате да терате напред со одредена идеја, и за неа размислувате со месеци ако не со години, и тогаш одеднаш, си помислувате, ајде само направи го тоа. Многу претприемачи кои поминуваат низ овој циклус се откажуваат откако ќе се соочат со првиот поголем проблем или пречка. Обично, нивниот одговор е, се обидов ама не знам дали ќе успее.

Вистина е дека длабоко во себе, тие едноставно сакале да го поминат искуството со основање стартап компанија и да завршат со тој процес за да можат да продолжат да го прават она во што навистина уживаат или она за кое се чувствуваат посигурни дека можат да го прават. Ова вообичаено сценарио главно се должи на неуспехот да се разбере зошто и како сакаме да го развиваме бизнисот.

стартап бизнис

Причината поради која не успевате да започнете бизнис често е поголема од она што прво ви паѓаат на памет

Извршувањето на активностите поврзани со вашата идеја за стартап компанија заснована на вистинските причини е процес. Тој процес не треба да биде заснован на расположение, притисок, или расположливо слободно време. Првиот чекор е да направите листа од вашите предизвици. Доколку подолго време сте размислувале за започнување со стартап бизнис, тогаш направете список од причините поради кои сте биле спречени да го спроведувате тој план. На пример:

  • Немам време
  • Не можам да најдам посветен тим
  • Немам доволно капитал

Одговорот на овие прашања е причината поради која веруваме дека сè уште не сме започнале со преземање дејства за почеток на стартап, но понекогаш многу поголема причина се крие зад овие одговори, и најчесто не сакаме да разговараме за таа причина, па дури одбегнуваме и да разговараме за неа.

Во студија во врска со започнувањето стартап бизнис спроведена од страна на Риани, 312 амбициозни претприемачи одговорија на прашањето зошто сè уште не започнале со стартап бизнис? Резултатите посочуваат дека станува збор за ограничено знаење за стартап индустријата кај 41,2% од испитаниците, пристапот до финансии бил посочен од страна на 32,3% од испитаниците,  времето било фактор кај 12,3%, а стравот од неуспех го навеле 8,2% од испитаниците. Потоа било спроведено интервју со примерок од испитаниците од секоја категорија одговори.

На Риани му биле потребни околу 5 минути со секој испитаник да разбере дека причината која ја навеле нема врска со вистинската причина поради која навистина не започнале. Некои од одговорите беа неверување во идејата, страв од разочарување на партнерот, фрлање пари, итн.

стартап бизнис

Бидете на „чисто“ со себе

Уште еднаш размислете за предизвиците и причините поради кои не сте започнале да ја реализирате идејата за стартап бизнис. Знаете дека сте ги разјасниле и сте направиле список со сите предизвици, па ако се појави решение кое ќе ве возбуди, ќе бидете подготвени да почнете веднаш. Во спротивен случај, започнувате стартап бизнис можеби воопшто не било дел од вашата причина, уште на самиот почеток.

Не би требало самите да смислувате решенија. Ако некој од вашите предизвици е страв од неуспех, што може да доведе до губиток на сериозен дел од вашата заштеда, и како резултат на тоа да го разочарате партнерот, тогаш зборувајте со него за да изнајдете соодветно сценарио според кое неуспехот нема да предизвика страшни последици.

Ако некој од вашите предизвици е носењето тешки деловни одлуки во врска со ангажирањето на нови лица, развојот на фирмата и маркетингот, каде погрешните одлуки можат да доведат до страшни последици, дозволете им на менторите и други претприемачи да ве водат.

Вашите решение треба да се трајни. Со други зборови, надминувањето на некои предизвици колку само да почнете, не е доволно. Морате да бидете подготвени да го градите вашиот десетгодишен успех, ако тоа е тоа што е потребно во вашиот случај. Подготвени сте кога точно ги знаете личните причини, како ќе ги спроведувате активностите и што ве спречува да стасате таму. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -