Совети за менаџирање проекти што секој раководител треба да ги знае

Менаџерите треба да се справат со еден куп обврски. Кога работите како еден, ќе бидете одговорни за надгледување на секојдевните операции на организацијата, што можат да вклучат следење на дневните приходи и работењето на вработените. Менаџерите се исто така одговорни за ангажирањето на вистинските лица кои ќе бидат дел од тимот, обуките на новите вработени, како и за поставувањето на целите што самата организација сака да ги постигне.

Поврзано:

Како менаџер ќе треба да понесувате одговорност за различни обврски, и токму затоа пожелно е да одделувате време во за да ги усовршувате вашите менаџерски способности. Оваа вештина е клучна, бидејќи им помага на менаџерите да дефинираат реален план, да го организираат хаосот во тимот и да поттикнуваат соработка, што пак им ја олеснува работата кога треба да испорачаат проекти со висок квалитет во краток рок.

Во продолжение се наведени неколку совети за успешни менаџери што секој кој е поставен на таква функција би требало да ги знае.

1. Научете како да комуницирате на секое ниво

Како менаџер, ќе работите со различни индивидуи со цел да завршите еден единствен проект. Колку е самиот проект покомплициран и обемен, со толку повеќе луѓе ќе треба да работите на дневна основа. Во зависност од проектот што ќе го водите, исто така ќе треба да соработувате и со надворешни лица.

За да бидете сигурни дека лесно можете да го завршите проектот во кој се вклучени сите овие луѓе, научете како да комуницирате со секој член на тимот во зависност од неговото/нејзиното ниво. Ова значи дека ако вашата задача е да работите со луѓе на далечина, тогаш можеби треба да разгледате неколку различни опции за алатки за работа што нудат подобри пребарувачки резултати онлајн, за да можете да комуницирате со сите тие луѓе без притоа да мора да ги гледате во живо. Ако работите со раководители на различни сектори, искористете ги каналите за интернет комункација за да бидете сигурни дека сите добро се разбирате.

2. Осигурајте се дека ги имате вистинските ресурси

Без разлика колку мислите дека реализацијата на одреден проект е лесна, очекувајте дека сепак ќе се соочите со застои на патот. Ако на пример, вашата задача била да смислите голема маркетинг стратегија за некоја организација, најверојатно ќе искусите проблеми што се поврзани со променливите барања на потрошувачите или со тековните стратегии што ги применуваат конкурентните компании.

Уште еден совет за успешно менаџирање проект е вистинските ресурси секогаш да ви бидат достапни. Како менаџер, треба да ги идентификувате нишите, искуствата и талентите на поедниците кои се дел од вашиот тим. Единственоста на членовите на вашиот тим може да ја искористите за да ги решите или надминете тековните предизвици што можат да се појават додека работите на конкретен проект.

Овој процес ќе бара од вас многу работа бидејќи ќе треба да го дадете и најдоброто од себе во разговорите со секој поединечен член на тимот, но ова сигурно ќе  ви се исплати на крај. Откако еднаш ќе воспоставите однос на комуникација со членовите на вашиот тим, тогаш лесно ќе можете да сорабутвате со нив и секој проект ќе биде завршен на време.

3. Формално одбележето го почетокот на секој ваш проект

Како ќе се справите на првиот состанок со вашиот тим, откако спроведувањето на проектот ви било доделено на вас, може во голема мера да влијае на мотивација и посветеност на членовите. Ако проектот кој треба да се спроведе сте го претставиле пред тимот со ниско ниво на убедливост и недоволно детали, тогаш многу често тие нема да бидат заинтересирани или возбудени да работат со вас. Како тие би требало да сакаат да го завршат проектот ако вие не сте способни да обезбедите доволно детали за него? Дали мислите дека членовите на тимот би биле заинтересирани да работат со вас ако вие не сте возбудени за проектот?

Осигурајте се дека вакви несакани појави нема да се случат со тоа што формално ќе го означите почетокот на вашиот проект пред сите членови на тимот. Првиот состанок најмногу треба да го искористите за охрабрување, влевање мотивација, поставување реални очекувања, и излагање на општите насоки. На првиот состанок, поттикнете ги членовите на тимот да поставуваат прашања и да споделуваат мислења и сознанија за текот на реализацијата на проектот.

4. Одржувајте редовни состаноци со членовите на тимот

Спротивно на општото мислење, држењето редовни состаноци не е залудно потрошено време кога станува збор за менаџирање проекти. Всушност, редовните состаноци во суштина се клучни за успешно спроведен проект, затоа што им овозможува на членовите на тимот да споделуваат и да бараат повратни информации, да постават и споделат индивидуални распореди на задолженијата, и да ги известат останатите лица кои работат на проектот за развојот на истиот. Редовните состаноци се клучни за реализацијата на проектот, особено ако работите со голем тим.

За да одржувате ефикасни состаноци со членовите на тимот, тогаш не пропуштајте да примените некои од следниве совети:

  • Секогаш имајте агенда и осигурајте се дека времено сте ги известиле сите присутни на состанокот за агендата. Испраќањето на агендата пред време ќе им овозможи на членовите на тимот да постават сопствени очекувања и да подготват прашања за темите што ќе се дискутираат.
  • Како менаџер, морате да бидете сигурни дека сте во тек со темите за кои се разговара на состанокот, и дека истите можете да ги контролирате. Избегнувајте да зборувате за вашиот личен живот за да заштедите на време. Ваквите дискусии треба да се случуваат за време на паузите, не за време на состаноците во кои се вклучени многу луѓе.
  • За време на состанокот фаќајте белешки, или ако не можете самите, тогаш назначете некој чија единствена работа ќе биде оваа. Запишете ги сите важни поенти што се дискутирани за време на состанокот и испратите им емаил на сите учесници во врска со тие точки.

Ако некој од тмот има прашања за самиот состанок или агендата, лесно ќе можат да ги проверат добиените меилови, наместо да прашуваат луѓе за тие информации. Во спротивно, ризикувате одложување на исполнувањето на задачите, а се јавува и ризик од погрешна комуникација.

5. Пофалете го тимот за неговите постигнувања

Луѓето природно сакаат да се чувствуваат ценети и вреднувани. Членовите на тимот ќе бидат мотивирани да работат подобро ако другите ги видат нивните напори и се среќни со нивните придонеси. Ако пофалите член на тимот на некој од редовните состаноци, тоа сигурно ќе му даде морална поддршка и ќе го држи ангажиран да работи со тимот уште подобро.

Уште еден совет за успешно менаџирање проекти што секој менаџер треба да го примени е никогаш да не заборави да го пофали тимот за постигнувањата. Едноставно потчукнување на рамото или отворени честитки за добро завршена работа ќе ви обезбедат ефикасност и ефективност од сите членови на вашиот тим!

Знаењето е моќ

Вештината за менаџирање проект не се развива така лесно, но сè додека сте желни да учите, оваа способност полека ќе стане внатрешен дел од вас. Заедно со вашата посветеност и трпение, овие совети сигурно ќе ви помогнат да го направите овој процес полесен лично за вас.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -