Зошто е потребно да ги охрабрувате иновациите во вашата организација

Не е тајна дека пандемијата на Ковид-19 им се закани на бизнисите низ целиот свет. Но, со таа закана доаѓа и целосно ново тло за иновации. Компаниите што произведуваа алкохолни пијалаци сега продаваат средство за дезинфекција на раце. Бидејќи кино салите се затворени, новите филмови сега веднаш се прикажуваат онлајн. Проценките предлагаат дека Фајзер и Модерна можат да заработат до 23 билиони долари од вакцините против Ковид-19, само во 2021 год. Компаниите што беа во можност да ги прифатат иновациите успеаја да остварат раст во овие тешки времиња, а некои пак дури и известуваат за најдобри постигнати резултати. Така што, зошто толку голем број други компании не успеаја?

За вашата организација да остварува раст на кој било пазар, особено во ерата на Ковид-19, клучно е, вие како лидер, да создадете средина каде иновирањето и креативноста се охрабруваат. Високото мислење за себе, болест што напаѓа голем број организации, ја става таа организација во ризик од изумирање кога доаѓа криза, пишува Сам Адејеми, главен консултант во Sam Adeyemi GLC Inc, глобална консултантска компанија за лидерство, чиј фокус се лидери со силно општествено влијание.

Лидерството останува да биде клучниот каталист за поттикнување на креативноста и иновациите во една организација. Иако можеби изгледа тешко да се предизвика статусот кво на она што и` донело успех на вашата организација во минатото, Ковид-19 докажа дека ова е најважниот критериум за опстанок.

Лидерите се посредници на талентот

Успехот на лидерот не се мери според она што тој може да го постигне сам, туку според остварувањата на лицата кои го следат.

Без визионерско лидерство, голем број иновативни идеи не би заживеале и ние не би биле свесни за нивното постоење. Елон Маск, Стив Џобс, Бил Гејтс и други лидери визионери ги однеле нивните организации до исклучително високи нивоа на иновирање и ефикасност бидејќи го охрабруваат, го прифаќаат и делуваат според креативното размислување во рамките на нивните компании.  

Па како да создадете средина која ќе биде плодна почва за иновации?

Не секој лидер го поседува природниот талент потребен за стимулирање на иновациите како Елон Маск или Стив Џобс. Во продолжение се неколку едноставни чекори што лидерите можат да ги преземат доколку сакаат да го постигнат тоа ниво.

Обезбедете насоки

Комуницирајте каков вид иновации вашата организација би требало да бара, каде да истражува нови идеи и како да создаде вредност. Ако кажувате „треба да бидеме поиновативни“, тогаш тоа не е доволно конкретна насока за да се поттикне бура на идеи. Кога сте конкретни во врска со областите што можат да извлечат корист од иновациите, како што е создавање услуга за клиентите која е пофокусирана на самите нив или развивање подобрени начини како вашата организација да влијае врз заедницата, тогаш тоа му овозможува на вашиот тим да има рамка врз која може да ги надоградува одличните идеи.

Поставете пример

Дозволете им на вработените да видат дека ги предизвикувате сегашните методи и претпоставки. Ова им овозможува на членовите на тимот да имаат слобода да ги искажат нивните наизглед луди идеи.

Охрабрете го сопствеништвото

Предизвикајте го вашиот тим да ја претпостави позицијата на извршниот директор во нивните умови и стекнете поширок поглед на организацијата наместо само да имате гледна точка од нивниот сектор. Ова им овозможува да размислуваат на еден похолистички начин и да имаат пошироки хоризонти.

Пронајдете ги скриените драги камења

Гледајте отаде највисоките позиции за креативна насока. Дозволете им на идеите да доаѓаат од сите нивоа на организацијата.

Славете ја различноста

Иновативноста има поголеми шанси да се случи кога луѓе со различна позадина, пол и област на експертиза ги споделуваат нивните перспективи за истиот проблем. Што покомплициран е проблемот, толку поголема вредност има разноликоста во вашиот тим.

Прифатете го неуспехот

Иновирањето вклучува експериментирање, а во експериментирањето нема гаранција за успех од прв обид. Стравот од неуспех го спречува креативниот процес. Помогнете му на вашиот тим да негува позитивен став за неуспехот за да можат да ја увиди можноста за учење.

Делувајте врз основа на одличните идеи

Членовите на вашиот тим можеби не ја гледаат поентата во создавање или претставување идеи ако не се преземаат конкретни чекори по повеќето предлози. Ќе бидат инспирирани ако им е јасно дека можат да создадат наследство во организацијата преку нивните креативни идеи.

Истражете ги лидерските стилови

Одреден број од моите корпоративни клиенти ми кажуваат дека многу од нивните високо ефикасни извршни менаџери ги исполнуваат нивните претходно зададени таргети, но дека нивните вештини со други луѓе претставуваат вистинска грижа, потенцира Адејеми. Нивната грижа е оправдана. Може да изгубите клучни талентирани професионалци ако луѓето на врвот го задушуваат процесот на иновирање и напредокот на луѓето под нив. Истражете ги лидерите во вашата организација, и бидете сигурни дека ги поседуваат неопходните меки вештини, како и цврстите.

Обрнете внимание на хиерархијата

Ако хиерархиската дистанца во вашиот лидерски модел е висока, нововработените може да бидат неволни да ги искажуваат нивните идеи во присуство на нивните надредени. Порамнете го теренот за игра.

Поставете ја масата за одлични идеи

Од вас како лидер зависи дали ќе создадете средина каде креативниот потенцијал на членовите на вашиот тим може да се ослободи. Ова не е само одлично за вашата компанија, туку и во поглед на самоодржливоста и продуктивноста на вашите вработени исто така. Сите се победници кога му овозможувате на вашиот тим да ги сподели сите одлични идеи на иста маса.

Извор: Forbes

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -