Компанијата од иднината нема канцеларија

Сега кога можеме да го согледаме крајот на пандемијата, луѓето имаат огромна потреба од долги оброци во ресторани со пријатели, патување со авион што не предизвикува стрес, вообичаен образовен процес, како и отворени и посетени продавници и јавни простори, смета Роб Хауард, основач и извршен директор на фирмата Howard Investment & Consulting за развој на веб страници чии клиенти ги вклучуваат Светска Банка и универзитетите Харвард и МИТ.

Но едно нешто за што повеќето од нас не се возбудуваат е враќањето назад во канцеларија.

Стапката на вакцинирани лица се` повеќе се расте а бројот на заболени опаѓа, па така канцелариските работници колективно размислуваат за сопственото искуство со работењето од дома. Доаѓа како големо изненадување за сите, но домашната канцеларија е многу популарна.

Во една анкета, 80% од вработените се изјасниле дека сакаат да работат од дома барем три дена неделно од сега па во иднина, што е пораст за 27% од периодот пред пандемијата. Речиси две третини од вработените кажале дека работењето од дома е подобро од што првично очекувале; додека само 13% кажале дека е полошо. За оние кои и пред пандемијата работеа од дома, сознанието дека нашите колеги конечно се сложуваат со бенефитите од работењето од домашната канцеларија, е добредојдено олеснување.

Пред повеќе од 10 години, ја напуштив мојата работа во канцеларија и некогаш не се свртив назад. Оттогаш, работам како фриленсер (хонорарен работник), основач на стартап компании и дигитален номад, и ја растев сопствената кариера справувајќи се со секогаш присутната стигма дека работам од дома, споделува Хауард.

Моите колеги имаа модерни конференциски сали, јас имав трпезариска маса. Иако ја имав слободата да живеам каде било, и основав милионска компанија со 11 вработени на далечина, кампусите во Силиконската Долина, опремени со бесплатни оброци и терапевтски масажи, и проминентни скептици во поглед на работењето од дома, секогаш фрлале сомнеж врз моите кариерни избори.

Потоа светот целосно се затвори, и работењето од дома се смени засекогаш.

Пандемијата наметна глобален експеримент за работењето од дома, и домашната канцеларија излезе победник. Пандемијата исто така ја оттргна стигмата за домашната канцеларија и им помогна на голем број вработени да го променат фокусот кон аспектите од животот што се навистина важни.

Веќе нема потреба да се кријат децата, милениците и „вистинскиот живот“

Во минатото, моите колеги кои работеа од дома и јас вложувавме големи напори да го прекриеме фактот дека нашите канцеларии во исто време се наши домови. Куче што лае и не може да се стиши, ѕвонче од влезната врата што се слуша или дете во позадина не` доведуваа во ситуации да се извинуваме и да чувствуваме доза срам поради колегите кои работеа во канцеларија.

Потоа одеднаш сите се најдоа во истиот чамец, и луѓето почнаа да ми се извинуваат.

„Извини, само што подготвив ручек за моите деца, ќе присуствувам на повикот од спалната соба“.

„Ја сум крив, само што ни стигна достава и кучето лае ко лудо“.

Мојот одговор: „Без гајле. Се справувам со „вистинскиот живот“ и работата со години. Вашите деца, миленици и автентични карактери се добредојдени“.

Премногу долго сме под стрес поради потребата да ги криеме неуредните делови од животот од нашите колеги. Пандемијата ја тргна завесата и откри дека, без разлика како се претставуваме себеси во канцеларија, сите сме луѓе и сите сме прилично слични. Некои од моите омилени пандемски состаноци на Зум беа тие во кои син ми се појави пред камера за да ги „сретне пријателите од работа“ и кога се спријателив со еден колега поради нашата љубов за вдомени кучиња кои во моментот спиеја во позадината во нашата домашна канцеларија.

„Вистинските“ делови од животот не треба да бидат скриени; напротив, треба да го прифатиме фактот дека сите работиме за да обезбедиме за нашите сакани и да создадеме идеален дом. Нема ништо лошо ако им дозволите на вашите колеги да видат некои детали од вашиот живот што не се поврзани со работата, дури и да доаѓаат во форма на кратки прекини.

Инсистирањето на деловната локација губи голем дел од својата моќ

Од Њујорк, до Сан Франциско, до Денвер, сум работел со компании што веруваа дека нивните канцеларии во центарот на градот се истовремено и еден вид симбол и извор на престиж. Тие веруваа дека доколку немаат ударна локација, нема да се во можност да ги регрутираат најдобрите работници или да ги добијат најдобрите клиенти. Но, големи промени не се случија кога самите почнаа да водат состаноци од трпезариските маси и слободните купатила.

Заедничкото работење во реалниот живот се` уште има корист, но не може повеќе да се гледа како основен предуслов за тимска работа или деловен успех. Напротив, намалувањето на патувањето до и од канцеларија како да ја зголеми продуктивноста и среќата, а ние кои сакаме да слушаме аудио емисии во воз, сега имаме слободно време тоа да го правиме додека одиме на прошетка. Понеформална работна средина со помалку пат до работното место (односно, потребата да се купува одреден стил деловна гардероба) директно ги намалува трошоците за облека и индиректно ги смалува суптилните предрасуди и канцелариските политики што понекогаш произлегуваат од физичкиот изглед на вработените.

Независноста од канцеларијата е добредојдена можност за канцелариските работници, кои сфатија дека можат да дадат одлични резултати и да го подобрат сопствениот квалитет на живот во дом, близу езеро или планина, наместо во густиот градски центар. Ова е една од причините поради кои во мојата компанија воведов политика за еднаква плата во рамки на целата земја, за да бидам сигурен дека секој е платен врз основа на вредноста што ја обезбедува, наместо според блискоста до скап град.

Работата на далечина е исто така одлична за секој кој искрено сака да живее во голем град, бидејќи може да ја намали конкуренцијата во технолошките и финансиски центри како што се Њујорк, Сиетл и Сан Франциско каде се создадоа само-уништувачки пазари на недвижнини и дистописки кризи со домувањето. Кога ќе престанеме да ги тераме работници да се селат во големите градови, ќе има поголеми шанси секој кој живее во градот да добие поправедни услови.

Пандемијата не` примора одново да размислуваме за речиси се`. Компанијата од иднината можеби повеќе нема да ја смета канцеларијата во центарот на градот како услов за успех. Напротив, фирмите ќе сфатат дека најпродуктивните и вредни членови на тимовите сакаат да се фокусираат на животот надвор од работата; на создавањето дом за нивните сакани на локација што самите ја избираат, наместо да се врзани за скапите деловни згради од минатото.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -