Како брендовите го зголемуваат профитот преку долги форми на раскажување приказни

Раскажувањето приказни е деликатна и значајна уметничка форма што ја има моќта да го постави брендот во рамките на поширок контекст во светот околу него. Се` повеќе потрошувачи стануваат се` повеќе свесни за сопствената општествена одговорност и моќта на нивните лични потрошувачки навики врз глобалните и социјалните проблеми. Потрошувачите одвојуваат време потемелно да ги истражуваат брендовите и да бидат сигурни дека вредностите на брендот се во согласност со нивните лични ставови, пишува Шон МекГиливреј, претседател и продуцент во MacGillivray Freeman Films, за бизнис порталот SmartBrief.

Оваа промена во однесувањето, кога потрошувачите обрнуваат повеќе внимание на корпоративната општествена одговорност во досега невиден степен, ја потенцира потребата брендовите да развиваат наративи и практики што ги покажуваат клучните пораки и основни вредности на забавен и ангажиран начин.

Долга форма на раскажување приказни преку филм

Еден од најдобрите начини брендовите да ја пренесат нивната порака подалеку е преку долга форма на раскажување приказни. Одличен пример е филмот од 2019 год на Johnson & Johnson – „5B“. Станува збор за документарен филм фокусиран на процесот на отворање на одделот 5В од страна на медицинскиот брат Клиф Морисон во рамки на општата болница во Сан Франциско за пациенти кои боледуваат од СИДА, во екот на пандемијата во осумдесеттите години од минатиот век. Компанијата го нарача филмот во 2019 год како начин да ја поддржи сопствената мисија да ја помага меѓународната борба против оваа болест и да ги поддржи медицинските сестри во првите борбени линии. Филмот се закити со наградата Гран при во Кан, што се доделува на филмови што ги поддржуваат моменталните идеи што не можат да се заобиколат и се поврзуваат со потрошувачите на нови, иновативни начини.

Успехот на филмот „5В“ покажува како Johnson & Johnson е компанија посветена на поединците кои ги опслужува во рамки на заедницата на обезбедувачи на здравствена нега. Потпретседателката за корпоративна еднаквост, Сара Колмарино изјави: „5В е сведок за нивните приказни за храброст, иновирање и неуморна мотивација да се дојде до позитивен исход во случај на најтешките и најопасните ситуации. Ние сме посветени на создавањето содржина што го подига гласот на здравствените работници кои ги поддржуваат најранливите“.

Раскажување приказни преку корпоративни иницијативи

Уште еден пример за корпоративно раскажување приказни со цел истакнување на основните вредности може да се види во скорашната иницијатива најавена од платформата за вработување Indeed, која неодамна стана партнер на продуцентската компанија на сценаристката и глумица Лина Вајт – Hillman Grad Productions. Иницијативата е насловена „Гласови во подем“.

Целта на проектот е да се споделат приказните создадени од страна на црни, домородни и луѓе од различни етнички припадности за значењето на работата и како нивните работни места ја имаат моќта да го променат светот. „Гласови во подем“ му покажува на светот дека гореспоменатите компании се посветени на придонесот во создавањето инклузивна работна средина во филмската индустрија. Во врска со проектот, Вајт изјави: „Нашата мисија во Hillman Grad Productions е да обезбедиме можности за филмските работници што Холивуд ги игнорира, да го поддржиме талентот што нема пристап во бизнисот, и да стоиме на страната на уметниците кои не се на списоците на големите студија“.

Решението е едноставно: долгите форми на раскажувањето приказни им покажуваат на потрошувачите дека брендот вложил напори во истражувањето насочено кон создавање подобра иднина, и активно пронаоѓа начини да ја комуницира таа посветеност со светската публика. Долгите форми на раскажување приказни во рекламните и маркетинг кампањите му ја овозможуваат на брендот креативната и наративна слобода да покаже која улога ја одбрал во поглед на формирање на колективната иднина, за луѓето кои директно ги тангираат и светот околу нив. Не само што документарците и документарните серии можат да помогнат во спроведувањето на одговорноста на брендот, тие исто така можат да го привлечат вниманието на гледачите и да го вивнат нагоре нивниот ангажман преку кинематографски и привлечни продукции.

Заклучокот?

Потрошувачите сакаат да бидат едуцирани, ангажирани и инспирирани. Во следната рекламна кампања што ќе ја спроведувате, размислете за создавањето 20-минутен истражувачки документарен филм наместо за обична реклама од 30 секунди. Иако краткиот спот може да им помогне на потрошувачите да го запомнат името на вашиот бренд, тие ќе стекнат многу полична и емотивна врска со компанијата во целина преку видео или краток филм што ги прави да се чувствуваат подготвени да преземат дејство.

Иднината на нашиот свет по пандемијата и „новото нормално“ се нешта за кои сите размислуваме, така што брендовите имаат огромни шанси да ги фатат уздите во свои раце и да создаваат содржина што ќе ги мотивира вработените, публиката и следната генерација потрошувачи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -