Како да ја направите домашната канцеларија место кое мотивира

Оваа зима, експертите се подготвуваат за двоен удар од замавот ментални проблеми поврзани со пандемијата. Според некои истражувања, симптомите на депресија се околу три пати поприсутни во споредба со периодот пред пандемијата, и експертите по ментално здравје се плашат дека депресијата предизвикана од пандемијата ќе се зголеми и ќе биде придружена од сезонската депресија. Бидејќи ладното време ги тера луѓето да престојуваат во затворени простори, дури и оние кои вообичаено не живеат со симптомите на сезонски ментални нарушувања се борат со последиците по менталното здравје. Ова делумно се должи на финансиски стрес фактори, но се влошува со пократкиот ден, социјалната изолација, и монотонијата на работата на далечина, пишува Сет Касден, извршен директор и ко-основач на Hologenix, компанија што се занимава со производство на материјали добиени преку научни методи, како на пример користење инфрацрвена технологија за произвдство на текстил.

За несреќа, оваа пандемија ќе стане ендемска, што пак значи дека Ковид-19 ќе стане уште еден вирус со кој ќе живееме во непосредна иднина. Дури и со вакцините, голем број работници ќе треба да живеат и со работа на далечина, можеби во недоглед. Имајќи го ова на ум, важно е да размислуваме за трајни решенија поврзани со работата од дома; решенија што го потпомагаат нашето физичко и ментално здравје.

Наместо да живеете со помислата на вашата неудобна домашна канцеларија, размислите како да го претворите тој простор во средина осмислена да служи на вашата добросостојба. Ова е израз што доаѓа од т.н. „архитектура за добросостојба“ – дисциплина во подем чија цел е да ја подобри добросостојбата преку дизајн. Она што е особено воодушевувачки во врска со овој концепт е дека можете да искористите одредени аспекти од архитектурата за добросостојбата и да ги примените во вашиот сопствен работен простор. Во продолжение се неколку начин како да го започнете вашиот дизајнерски процес.

Создадете здрави пејзажи

Една област од науката за добросостојбата што привлекува внимание е начинот на кој светлото влијае на нашето здравје. На пример, долго време се знае дека флуоресцентна светлина ги подига маркерите за стрес, а квалитетот на светлината, бојата на температурата и трепкањето може да имаат влијание на нашата добросостојба.

Оптимизирањето на внатрешното светло е особено важно во зима кога пократката дневна светлина може да предизвика хаос во нашиот природен деноноќен ритам (ова може да има влијание на хормоналната рамнотежа, нивото на енергија, па дури и на тежината). Така што, на истиот начин на кој се грижите за квалитетот на вашата вода, на истиот начин би требало да се грижите и за квалитетот на светлината.

Наједноставниот и најефикасниот начин да генерирате здраво осветлување е да го наместите вашето биро близу прозорци. Се покажало дека работењето во соба со природна светлина ја подобрува добросостојбата и ефикасноста при работа. Ако тоа не е возможно, најдете мали сијалици што ја имитираат природната светлина со тоа што ја менуваат бојата на температурата во текот на денот.

Ако знаете дека ќе бидете погодени од сезонска депресија, може да купите специјална САП лампа (САД – сезонско афективно пореметување) што ја имитира зората. Според Норман Розентал, кој беше на чело на тимот истражувачи кои работеа на овој вид пореметување, ако го додадете овој вид светлина во вашиот работен простор, ќе имате повисоки нивоа енергија, подобрено расположение и ќе бидете поефикасни во работата.

Дизајнирате го вашиот простор на начин што оддава моменти за себе-грижа

Повеќето разговори за просторот во кој работиме дома се чини дека се фокусираат на продуктивноста. Наместо тоа, би требало да се концентрираме на тоа како средината може да ја одржи грижата што ја негуваме за себе. Себе-грижата означува различни работи за различни луѓе, од посета на маникир до тренирање за маратон.

За многумина, наредбата да се работи од дома значи немање можност да се ужива во некои од омилените делови од денот, како што се вежбање во теретана, пиење кафе, или пак слушање аудио книги на патот до и од работа. Никој не знае кога се` ќе се врати во нормала, но можете да го дизајнирате вашиот простор на начин што ќе ви овозможи да ги имитирате омилените делови од денот.

Во вашата кујна, можете да поставите дел со специјални пијалаци и ужинки, или дифузерот што го освежува воздухот да го наполните со миризлва течност која ќе делува како ароматерапија за да постигнете повисоко ниво на ментална јасност. Ако имате тешкотии да „се симнете“ од интернет, исто така може да нагодите потсетници на телефонот за да станете и направите неколку едноставни вежби за истегнување, да составите плејлиста на вашите омилени песни кога ќе дојде време за физички вежби, или да го вклучите радиото кога е време да се опуштите.

Каков и да е вашиот ритуал, осигурајте се дека тој е лично ваш: јас на пример, имам златна рипка на моето биро што ми прави друштво во текот на долгите денови. И повремено, работам некаде надвор колку да направам мала промена, додава Касден.

Надградете ги текстилните материјали

Една област од дизајнот што често пати се занемарува е влијанието на текстилот врз здравјето. Истражувањата покажуваат дека на пример, ладни средини се подобри за спиење, сознание што доведе до појавувањето на прекривки за душеци што ладат. На сличен начин, учиме дека се`, од тоа какво чувство ви создава вашиот канцелариски мебел на допир, до начинот на кој ја апсорбира и трансформира вашата телесна топлина, може да влијае на вашето ниво на енергија.

Размислете за вашиот мебел и пропратни предмети, од текстурата на вашите завеси, до тежината на вашите ќебиња, и материјалите на кои седите. Наместо да имате тешки завеси што ја спречуваат природната светлина, одберете едноставни покривки за прозори или ролетни што можете да ги подигнете во текот на денот.

Се` на се`, сфатете го квалитетот на материјалите околу вас како екстензија на вашата ергономика. Како што ергономска столица го поддржува вашето тело и го подобрува држењето, квалитетот на тапацирот на вашиот мебел исто така може да има влијание на вашето физичко и емоционално здравје. На пример, во мојата компанија произведуваме текстилни материјали што користат инфрацрвена технологија што ја подобруваат локалната циркулација, ја зголемуваат енергијата и овозможуваат термо-регулација, објаснува Касден.

Концептот за добросостојба не завршува со диететски режим и вежбање. Тој е многу повеќе холистичен и вклучува се`: од осветлувањето што го користите, до материјалот на вашата канцелариска столица. Бидејќи најверојатно ќе работиме на далечина во догледна иднина, одвојте време да ја дизајнирате вашата лична средина за добросостојба за да го подобрите начинот на кој живеете и работите.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -