Знаци што покажуваат дека е време за нова работа

Можеби веќе размислувате за нова работа, но не сте сигурни дали е дојдено вистинското време. Еве неколку знаци што ќе ви помогнат во одлуката.

Не сте мотивирани

Веќе со години работите тапкаат во место. Не се случува ништо ново, а вие сакате предизвици. На претпоставените изгледа тоа не им пречи, но вашата мотивација е сведена на нула. Добар знак дека е време за нешто поинакво.

Колегите и претпоставените не ја ценат вашата работа

Забележувате дека што и да направите или предложите не се прифаќа од останатите. Без разлика дали тоа се случува зад грб или отворено ви кажуваат дека не им се допаѓаат вашите идеи, не вреди да се биде онаму каде што сте.

Компанијата е пред колапс

Критичен момент кога треба што побрзо да најдете нова работа. Ако изгледите за иднината на компанијата не се добри, нема потреба и вашата кариера да страда.

Стресот од работата се одразува на вашето здравје

Секој има стресни денови на работа предизвикани од различни причини. Сепак доколку стресот почнува да го нарушува вашето ментално или физичко здравје, свртете нов лист. Вашиот стрес влијае и на останатите членови од семејството, а вие сигурно не сакате да предизвикате дополнителни проблеми.

Не постои баланс помеѓу работата и приватниот живот

За да функционирате добро на двете места, на работа и дома потребен е баланс. Доколку работните обврски ви одземаат премногу време и многу често не можете да бидете со семејството, размислете дали сето тоа навистина вреди. Исто така ако не можете да ги завршите основните задачи поради приватни обврски можеби е време за поинаков вид на работа.

Фото: Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -