Бидете добар пример за вашите деца

 

Иако детето учи гледајќи го светот околу себе, родителите се тие што имаат најсилно влијание врз нивниот развој. Затоа многу е важно како ќе се однесувате пред нив, на каков начин ќе ги подучувате и какви вредности заедно ќе изградите.

Бидете најдобра верзија од себе

Детето го копира секој ваш чекор. Вие сте моделот што го следи, најважниот учител, најверниот пријател. Затоа бидете најдобра верзија од себе. Негувајте оптимизам, искреност, дарувајте љубов, бидете човекот што сакате вашето дете да стане.

Покажете лојалност

Научете го детето што значи вистинска лојалност, вистински пријател…што значи да се помогне во неволја, да се биде со некого без разлика на сè.

Грижете се за себе

Добрата грижа за себе значи и добра грижа за вашите деца. Практикувајте здрави навики, така ќе бидете во добра форма и способни да се грижите за децата онака како што треба.

Помогнете им подобро да одлучат

Ќе дојде време кога децата ќе треба сами да донесат одлуки. Започнете уште од најрана возраст, научете ги дека треба да ги разгледаат сите опции, пред да одлучат. Така ќе им помогнете да не прифаќаат лоши влијанија од друштвото или од било кој друг што ќе сака да се наметне.

Поддржете ги

Децата, кои ја добиваат потребната поддршка од родителите, стануваат силни и способни личности и постигнуваат добри резултати во понатамошниот живот. Стојте зад нивните идеи и ставови и дозволете им сами да ја увидат грешката доколку ја направат.

Заемна почит

И децата заслужуваат да бидат почитувани и да се слушне нивното мислење. Секако почитта спрема родителот е задолжителна, но ако не поставите добар пример не очекувајте позитивни резултати.  На тој начин децата учат да делат со другите, да бидат несебични, да помагаат, а со тоа да создадат здрави врски понатаму во животот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -