Зошто границите се толку многу важни за претприемачите

Кога започнувате бизнис, влоговите се повисоки и полични. Во голем број случаи, бизнисот се заснова на мисијата и на еден вид екстензија на вас самите. Кога вработен ве напушта или голем клиент решава да не соработува со вас, тешко е тоа сознание да не го сфатите лично. Започнувањето нов бизнис исто така значи и преземање огромен ризик. Како претприемач, линијата меѓу домот и работата се мати бидејќи не постои работен ден од 9ч наутро до 5ч попладне. Вашиот нов бизнис може да ве апсорбира и лесно е границите да станат нејасни, пишува Бригид Ганон, ко-основач на Lavender, медицинска сестра по вокација со бројни награди за иновативни деловни решенија од областа на здравствената нега.

Важно е, во процесот на создавање и растење нов бизнис да запомните дека поставувањето и одржувањето граници е клучно за вашиот успех.

Така што, што е граница? Личните граници се нашите дефинирани линии во однос на нашето чувство на удобност кога сме со други. Важно е да ги комуницираме потребите во секојдневниот живот и во рамки на нашите врски, но и на работното место.

Луѓето со недоволно дефинирани граници често пати се чувствуваат исцрпени, имаат тешкотии со носење одлуки, се чувствуваат виновни и анксиозни и лесно се иритираат. Тоа може да доведе до хаотични тимови и незамисливи работни средини. Претприемачите се познати по тоа што имаат лошо дефинирани граници бидејќи секогаш одиме до крај и нашата работа често пати е поттикната од мисијата. Границите ни помагаат да го имаме просторот и енергијата што ни е потребна за да бидеме најдобрата варијанта од себеси.

Немир и неред се јавува кога границите не се добро искомуницирани. Тоа може да биде тешко, но за да бидете здрави, вреди. Дискусијата за границите не е многу честа појава во работните средини и не е невообичаено луѓето да претпостават, често пати погрешно, кои се вашите. Како лидер на вашиот нов бизнис, ваша одговорност е да создадете средина што охрабрува именување и валидирање граници.

Дефинирајте ги клучните вредности

Првиот чекор е да ги идентификувате вашите клучни вредности, како и што ќе и што нема да толерирате. Најдобрите граници се во дослух со вашите вредности. Ако вечерањето дома со вашето семејство секоја вечер е важно за вас, кажете го тоа! И, однесувајте се соодветно. Ако ја споделите таа информација и не се придржувате до тоа значи дека не ги почитувате сопствените вредности и не претставувате добар пример за вашиот тим.

Бидете јасни и транспарентни

Споделете кога сте достапни за телефонски разговори и проверка на електронското сандаче и држете се до тоа. Ако веќе не сте го направиле ова и ваквата информација е нова за тимот, од помош е да обезбедите контекст. „Гледам дека почнувам да станувам преоптоварен со обврски и ми треба повеќе време надвор од работа, така што нема да бидам достапен“. Потоа замолчете ги нотификациите на телефонот! Истите граници предложете им ги на вработените за и тие да имаат време да се ревитализираат надвор од работата.

Подгответе се за застои и збрка

Најверојатно ќе се соочите со застои кога ќе почнете да ги практикувате границите. Шеф кој отворено ги кажува своите потреби може да биде изненадување за некои вработени. Но, ако не ги кажувате вашите граници, како можете да очекувате луѓето да ги знаат? Нормално е да се чувствувате анксиозни или виновни во овој период, но можете да го толерирате тоа чувство и тоа ќе си помине. За да си помогнете да ја толерирате транзицијата, секој ден кажувајте си една афирмација со фокус на границите на глас за да можете да ги толерирате непријатните чувства што се јавуваат во процесот на поставување граници. „Се почитувам себеси и ги почитувам моите граници“.

Навикнете се да кажете „не“ и мислете го тоа

Секогаш имате право да кажете „не“. Научете ги различните начини да кажете „не“ со почит: „Почестен сум што си помислил на мене, но за несреќа не можам да дојдам овој пат“, или „Можам да разберам од каде доаѓаш, но не се чувствувам добро во врска со ова“. Добра проверка на пулсот е да си го поставите прашањето: Кога последен пат сте кажале „не“ на нешто? Ако не можете дури ни да се сетите, тогаш треба да поработите на поставувањето граници. Запомнете да си верувате себеси. Ако се чувствувате неудобно или нешто не е како што треба, верувајте и` на вашата интуиција и знајте дека секогаш можете да направите пауза и чекор назад. Вежбајте да кажувате: „Ми треба време да размислам за ова. Дозволете да ви се јавам подоцна“.

Претприемачите кои поставуваат граници и ги охрабруваат членовите на нивните тимови да го направат истото ќе создадат посреќна и поздрава работна средина. Кога секој е на истата страница, ќе создадете безбедност, удобност и колегијалност во канцеларијата – нешто што е витално за нов бизнис.

Извор:Forbes

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -