Дигитална трансформација: 3 најдобри практики по пандемијата

Додека извршните директори на претпријатијата размислуваат за дигиталната трансформација со години, во последните 12 месеци се случи масовна акцелерација на процесот. Сега постои широк консензус дека дигиталните иновации се неопходни за опстанок.

Но, успехот е далеку од гарантиран. Минатите податоци покажуваат дека поголемиот дел од компаниите се борат да ги претворат овие иницијативи во успех: анкета спроведена во 2019 год од страна на Групацијата Еверест покажува дека 78% од претпријатијата не успеале да ги постигнат зацртаните деловни цели на нивната дигитална трансформација.

Некои од најчестите предизвици вклучуваат недостаток на прифаќање на процесите во рамки на целата организација, лоша комуникација и недоволно обмислени долгорочни планови за иновирање. Од неодамна, претпријатијата се инфицирани од погрешни стратегии како што се пилот-проекти, ограничени лансирања на нови производи или услуги, и други пречки во растот.

Време е за проверка со реалноста. Ајде да погледнеме некои од најдобрите практики што можат да и` помогнат на организацијата да го максимизира потенцијалот на дигиталната трансформација.

Излезете надвор од силосот

Претпријатијата пречесто ги сметаат нивните трансформативни проекти како докажани концепти, користејќи овозможувачки технологии во силос, без да размислуваат како ќе треба да влегуваат во интеракција и да ги интегрираат со другите деловни области. Инстинктивно, лидерите во бизнисот грешат кога се на страната на претпазливоста кога имплементираат нови решенија, сакајќи да ја максимизираат контролата наместо резултатите.

Сепак, овој „силос“ пристап служи за стар заклучок: без сеопфатна стратегија што разјаснува како новата технологија ќе влијае на целото претпријатие, извршните директори го ограничуваат потенцијалот за успех од самиот почеток.

Совет: пред да започнете нов проект, свикајте состанок со клучните чинители од секој сектор или единица што ќе бидат вклучени. Искористите ја таа дискусија за да ги идентификувате претходно непознатите предизвици и да развиете прифаќање за промената во целата организација.

Не потпаѓајте на искушението да спроведувате уште еден пилот-проект

Некои лидери во информатичката индустрија ги ставаат парите на облогот на една уште поконзервативна стратегија од имплементацијата на принципот „силос“, а тоа е воведување нови технологии во пилот-проект за да се избегне инвестирање поголеми средства што се потребни за целосна и темелна имплементација. Тие ја сметаат оваа техника како средишен чекор на патот на дигиталната трансформација, што му дозволува на претпријатието да застане и да го процени напредокот пред да се посвети на целосно воведување нови технологии.

Но, денешните врвни технологии бараат да нема компромис и имплементација во целата организација за да може да се оствари целосен импакт. Наместо да се цели кон постепена промена, бидете храбри и со самодоверба движете се кон трансформацијата за да избегнете да каскате во однос на конкурентите.

Совет: предизвикајте ги менаџерите да идентификуваат технологии што ќе донесат трансформативна корист и надвор од нивните тимови. Поканете ги лидерите на тимовите да ги презентираат нивните наоди на пошироката организација.

Прифатете го менаџментот на промената

Една од најчестите заеднички замки на дигиталната трансформација е неуспехот да се стекне прифаќање на промената во рамки на целото претпријатие, што е чест симптом на лоша комуникација помеѓу тимот на извршните директори што ја пилотираат стратегијата и вработените што се одговорни за нејзината имплементација. Според извештајот на меѓународната софтверска компанија Индустриски и финансиски системи (IFS AB) – Инвестиции во дигиталната трансформација во 2020 год и потоа – повеќе од една четвртина од светските компании признаваат дека луѓето се често пати занемарени кога се планираат и спроведуваат трансформативни проекти.

Иновациите секогаш ќе носат елемент на ризик, но напредните претпријатија можат да ги подобрат шансите со проактивен пристап кон менаџирањето на промените. Клучот е користењето извршен спонзор – добро поврзан лидер во компанијата кој може да ги менаџира чинителите и да го надгледува спроведувањето на иницијативата. Прифаќањето на промената и јасната визија на извршниот спонзор ќе создаде ентузијазам, додека пак неговиот ангажман со тие кои се одговорни за имплементацијата на трансформацијата ќе се осигура дека повратните информации се искористени за да се формира долгорочниот развој на иницијативата.

Следната фаза на дигиталната трансформација

Иако последните 18 месеци беа крајно несигурни, едно нешто е сигурно: начинот на кој претпријатијата функционираат се промени засекогаш. Оваа досега невидена акцелерација на дигиталната трансформација може да биде настан што се случува еднаш во животот во однос на опсегот, но таа не` стави на патот на кој само ќе гледаме стабилно зголемување на употребата на овозможувачките технологии.

Како што се зголемува притисокот да се имплементираат понови и поскапи дигитални иницијативи, организациите мора да учат од минатите грешки, да ги имитираат воспоставените најдобри практики и одлучно да се движат напред и да бидат сигурни дека се соодветно опремени да ја прифатат трансформацијата со нејзиниот целосен потенцијал.

Автор: Адриен Нусенбаум, ко-основач и изврешн директор на Mirakl во САД. Неговата кариера е фокусирана на иновации, претприемништво и бизниси што ги пореметуват индустриите.

Извор: enterprisersproject.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -