Зошто треба да ја забрзате дигиталната трансформација на вашата фирма за време на кризата

Пред кризата, ако вашата компанија зависеше од физичка локација за да го развива бизнисoт и се потпираше на личните интеракции со муштериите, продавачите и вработените, имаше смисла зошто се користат старите компјутерски системи и процеси кои изискуваат користење релативно голема количина хартија. Додавањето на дигитални компоненти во бизнисот, како што е веб страница, мобилна апликација или електронско плаќање не мора да значи дека вашата компанија поминала низ целосна дигитална трансформација, посочува Entrepreneur.com.

Моменталната здравствена криза ја промени бизнис заедницата со насоки и овластувања за работа на далечина и социјално дистанцирање. Дури и да сте имале среќа да можете да продолжите со работа, оваа радикална промена може да значи дека е време да се впуштите подлабоко во процесот на дигитална трансформација, наместо да правите бебешки чекори кон таа промена.

Еве како можете да ја направите таа промена сега, и како тоа да го направите со релативно мал буџет.

Распаѓање на старите компјутерски организациони системи и процеси што изискуваат користење хартија

Не секој бизнис соодветно се справува со волуменот кој многу финансиски институции и државни организации во моментов го искусуваат во однос на заеми и процесирање на невработеноста. Ова се основни примери за недоследноста на старите компјутерски организациони системи кои не можат да го издржат притисокот на зголемената потреба. Здравствениот и осигурителниот систем исто така се среќаваат со проблеми во оваа нова средина.

Сметководство

Во помала мера, бизнисите и стартапите исто така се среќаваат со проблеми кога станува збор за користење на рачни сметководствени системи што вклучуваат и голема количина хартија. На пример, новата средина прави да е проблематично процесирањето на хартиени изводи на плата, освен ако вработениот може да пристапи на платниот список и софтверот за сметководство, како и да ги отпечати евентуалните чекови. Компаниите мораат исто така да ги испратат по пошта сите тие изводи и да се надеваат дека нивните вработени ќе можат некако да ги депонираат сите чекови, додека истовремено треба да се придржуваат до правилата за домашна изолација.

Плаќања

Можеби вашиот бизнис може да продолжи со работа, но првенствено сте се справувале со пари во кеш, фискални сметки или плаќања со дебитните картички. Тешко е да се продолжи да се опслужуваат клиентите без да се мигрира кон дигитални нарачки и процеси на плаќање. Можеби сте во можност да инкорпорирате физичко плаќање, но муштериите нема да ја прифатат оваа опција. Тие ќе одберат бизнис што ќе им овозможи да користат апликација за порачки и плаќања.

Додавањето повеќе дигитални решенија може да ви помогне да го одржите вашиот бизнис во овие несигурни времиња, како и да го одржите приходот и да продолжите со продуктивната работа.

Дигитални решенија што се нудат со попуст или бесплатно

Трошоците можеби биле фактор во вашите претходни одлуки да го одложите спроведувањето на дигиталната трансформација. Сепак, голем број компании ја гледаат моменталната здравствена криза како можност да им се помогне на потенцијалните клиенти и истовремено да привлечат поголема публика за нивните дигитални решенија. Многу компании нудат сопствени дигитални алатки, апликации и платформи бесплатно, или со цени кои се во голема мера намалени.

Има дигитално решение за секоја големина и вид на бизнис, и овие можни решенија вреди да ги земете предвид сега. На пример, компании како 1Password, која овозможува лесно складирање на лозинки, обезбедува шестмесечен пристап до нивниот производ бесплатно. Cisco Webex, фирма која нуди можност за видео конференции, вебинари и состаноци, ќе ја продолжи лиценцата која трае 90 дена за бизнисите, без разлика дали се или не се нивни клиенти. Голем број од производите на LogMeIn кои компаниите можат да ги користат преку алатката за итно работење од дома, се достапни бесплатно во време од три месеци.

Достапните производи покриваат се`, од соработка и комуникација до менаџирање човечки ресурси и финансиски софтверски алатки, како и безбедност и далечен пристап до решенија. Ќе најдете голем број листи на интернет што можат да ви помогнат да ги процените вашите опции.

Способност за тестирање

Порано, кога бизнисите се водеа на „традиционалниот“ начин , можеби сте се двоумеле зошто да воведете нови алатки во случај нешто да не се одвива според планот, или пак, можеби сте мислеле дека вашите муштерии нема да го ценат таквото дигитално искуство. За време на здравствената криза пак, можете да ја искористите оваа шанса да тестирате различни дигитални алатки за да можете да спроведете успешна дигитална трансформација на вашата компанија.

Голем број алатки и платформи нудат пробни периоди за да можете да ги проверите нивните решенија. Можете да видите што функционира добро и што може да се интегрира во вашите сегашни системи за да ги задоволи вашите конкретни бизнис потреби. Ако се` уште сте отворени за бизнис, и клиентите и вработените најверојатно со задоволство ќе ги пробаат решенијата кои ги тестирате.

На пример, пред да стапат на сила насоките за седење дома, голем број муштерии немаа искуство во користењето на услугите на DoorDash или Instacart за нарачување оброци од ресторани или гранапи. Сега, овие дигитални алатки стануваат основен дел од секојдневниот живот. Тоа е одлично време да се види што функционира, а што не, и да се добие повратна информација од муштериите и вработените во однос на што добро функционира за нив. Додека да се врати деловната средина која ни е попозната, вие ќе бидете подготвени со дигиталните алатки кои се докажало дека функционираат за вашиот бизнис.

Работници кои се желни да работат на далечина

Пред почетокот на сегашната здравствена криза, некои членови на тимот можеби давале отпор кон правење радикални промени во поглед на постоечката технологија која се користи во нивната компанија. Со оглед на новата работна средина, вашите вработени кои работат на далечина најверојатно сега се наоѓаат во соодветното ментално расположение да испробаат нови системи и процеси. Тие исто така најверојатно имаат повеќе време да тренираат и да вежбаат да работат во новиот дигитален пејзаж кој брзо се развива.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -