Деловниот свет нема да биде виртуелен засекогаш

Знам дека е модерно гласните усти во светот на лидерството и работната сила да предвидуваат деловен свет што „засекогаш ќе биде виртуелен“. Сепак, дозволете да бидам првиот што ќе ја порекне таа идеја со овој исказ:„Тоа нема да се случи!,“ пишува Џејмс М. Кер, основач на Indispensable Consulting, компанија за обуки во доменот на менаџментот и лидерството, со фокус на раскажувањето приказни за брендот, организациски промени и културна трансформација.

Навистина, процутот на пазарот за домување во САД за време на Ковид-19 посочува дека не сум во право. Луѓето што ги продадоа нивните домови и побегнаа во домови на локации од нивните соништа, далеку од канцелариите каде што порано работеа, сугерира дека тие веруваат дека засекогаш ќе останеме во виртуелен деловен простор.

Уште еднаш, постојат голем број лидерски тимови што комуницираа со јавноста посветеност на идејата дека засекогаш ќе бидат виртуелни, вклучително и Microsoft, Novartis, Siemens и Salesforce. Но, според моето скромно мислење, тоа ќе се промени.

Дозволете да предложам неколку причини зошто мислам вака:

Потребата за развивање на следната генерација бизнис лидери

Дали навистина мислите дека вршиме доволно добра работа во насока на развивање на нашите најмлади преку овој вид работа заснована на Зум што ја применувавме минатата година? Јас не мислам така.

Во виртуелниот свет се случува многу малку менторирање и обучување. Изреката: „дете, дозволи да ти помогнам“, што најчесто ја слушаме после некој работен состанок, кога заинтересираните, искусни професионалци обезбедуваат информиран совет и повратни информации на помладите колеги со надеж дека ќе ги подобрат вештините и ќе создадат моменти што искуствено ќе ги научат – едноставно не се случува со таква зачестеност и на начини на кои тоа се случува во моментите со физичко присуство.

Зошто? Едноставно, немаме време за тоа. Денот ни е преполн со повици на Зум. Едноставно не можеме да го одвоиме времето што е потребно за менторство кое би требало да ги развива професионалните вештини на вработените, како што тоа би било случај во средина со физичко присуство.

Имајќи го ова на ум, развојот на нашата следна генерација лидери е практична причина зошто треба да се вратиме во канцеларија на редовна основа, веднаш штом би можеле безбедно да го сториме тоа.

Ние сме прифатливо ефикасни, но не сме оперативно одлични

Со цел да порекнам уште заклучоци, дозволете ми да истакнам дека успеавме да ја сработиме работата, но не го направивме тоа исклучително добро. Пред да ми кажете дека никогаш претходно не сте работеле толку многу како што сте работеле од дома, дозволете ми исто така да ви кажам дека многумина работеле толку многу по сопствена опасност – спроведете пребарување за добросостојбата за време на пандемијата на работното место и докажете ми дека грешам.

Како консултант  кој креира програми за корпоративна отпорност, можам да ви кажам дека работењето нон-стоп не е оперативно исклучително. Нешто мора да трпи, а вообичаено тоа сме ние!

Грижите за сигурноста и анксиозноста ќе исчезнат со време

Голем број душебрижници истакнуваат дека грижите за сигурноста и анксиозноста се причина да не се вратиме во канцеларија. Едноставно кажано, силината на таквиот начин на размислување ќе спласне со време.

Како што сите ќе почнеме редовно да се враќаме во концертни сали, на спортски настани и ќе вечераме во внатрешните делови на рестораните, здравствените грижи или менталните маки поврзани со враќањето во канцеларија ќе исчезнат.

Ние сме социјални суштества по природа

Навистина, не можеме да ја занемариме вистината: луѓето имаат потреба да бидат со други луѓе. Овој факт е длабоко поврзан со човековата состојба и е докажан непобитен факт од времето кога сме станале луѓе и сме испливале од примордијалната чорба.

Зошто би сакале да одржуваме целосна „виртуелност“ и да ја пропуштиме сета забава и возбуда што се случува кога луѓето работат заедно?

На страна малициозноста, најдобрите деловни исходи се` уште бараат интеракции со физичко присуство бидејќи губиме многу кога се обидуваме да го сториме тоа преку телефон или преку компјутерски екран.

Хибридноста е сепак некаква златна средина

Компаниите како Ford, General Motors или Citigroup веќе ги презентираат нивните модели за хибридна работа, што подразбира вработените да бидат физички присутни за клучните состаноци или проекти, додека истовремено е овозможено да останат дома за делот од работата што вклучува независни активности.

Неодамна, работев со клиент на креирање политики за враќање на работа со физичко присуство и заклучивме дека „ти треба да решиш кога си потребен во канцеларија“. Верувам дека оваа философија ќе продолжи да добива се` поголема популарност и ќе стане норма во поголемиот дел од бизнисот. Имајќи го ова на ум, импликацијата е дека ќе има моменти кога ќе бидете потребни во канцеларија со физичко присуство.

Како заклучок, молам да престанеме да веруваме во сонот дека нема да има потреба пак да стапнеме во канцеларија. Колку и да звучи тоа привлечно, се плашам дека нема засекогаш да живееме во виртуелен свет. Ајде да го искористиме ова време помеѓу за да направиме план како ќе се вратиме во канцеларија со сета потребна посветеност и дисциплина.

Извор: ЅmartBrief

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -