Ако сакаат успешна иднина, компаниите треба да ги разберат основачите на бизниси од генерацијата Зед

Интересен податок: во 2019 год, бројот на лица кои припаѓаат на генерацијата Зед беше повисок од бројот на милениумците, и сега сочинуваме 32% од светската популација. И покрај ова, сепак кружат голем број погрешни сфаќања и толкувања во врска со нашата генерација и преовладува идејата дека припадниците на оваа демографска категорија се опседнати со себе, привилегирани и претерано емотивни. Но ниту една од оваа типизација е од помош доколку компаниите сакаат да ја разберат сегашната генерација работници, и ако големите компании работат со стартап фирми основани од припадници на генерацијата Зед, пишува Кес Ерутеја, основач на InclusionZ, платформа што ја премостува празнината помеѓу корпорациите и најновата работна сила што влегува во индустријата.

Кес се обидува да помогне во премостување на таа дупка, па затоа креирала платформа која им помага на корпорациите да работат со вработени и да најдат партнери меѓу припадниците на генерацијата Зед. „Им помагаме на компаниите да бидат ангажирани во регрутирањето нова работна сила, да привлечат и задржат млад персонал и им помагаме на младите професионалци да започнат кариера и да добијат обуки за развој на вештини,“ пишува таа за бизнис порталот Sifted.

Лицата кои работат на развојот на нејзината платформа чувствуваат страст во поглед на охрабрувањето на новата генерација идни лидери. За време на пандемијата Кес и нејзиниот тим одржувале работилници и консултативни сесии со цел да им овозможат поддршка на основачите кои и` припаѓаат на генерацијата Зед.

Во продолжение се најважните карактеристики на основачите на бизнис кои припаѓаат на оваа генерација и најважните работи што корпорациите треба да ги имаат на ум во поглед на нови вработени и нови соработници.

Моќта лежи во нашата уникатност

За време на раниот период на создавањето на InclusionZ, еден корпоративен клиент сфати колку години имам (19), и тоа го сметаше за „слабост“, споделува Кес. На почетокот, влијанието на нашата платформа која работи на основа на „од нас за нас“ беше потценето. Постар член на тимот предложи дека некој постар би бил најдобриот избор за работа на проектот. Сепак, како што имплементацијата на проектот напредуваше, стана јасно дека постара возраст не значи и подобри резултати. Компаниите би требало да разберат дека токму младоста е нашата сила, охрабрува Кес. Таа ни дозволува да ја набљудуваме нашата генерација на автентичен начин, нивните купувачки однесувања, нивните атрибути и вредносни системи.

Сериозни сме во врска со разноликоста

Генерацијата Зед е најразноликата генерација во историјата. Ние ја претставуваме растечката расна и етничка разноликост во светот (48% од нашите припадници се идентификуваат како не-бели луѓе), така што не станува збор само за разбирање на помладите, туку за разбирање на една генерација која е инстинктивно поинклузивна. Нашата платформа спроведе истражување на глобално ниво, а фокална точка беа карактеристиките на генерацијата Зед. Истражувањето покажа дека 63% од припадниците на генерацијата Зед верува дека споделувањето и истражувањето нови идеи и искуства промовираат разноликост.

Сакаме конкуренција и сме претприемчиви

Важна одлика на генерацијата Зед е општо присутниот натпреварувачки дух. Припадниците на оваа демографска категорија често пати се фокусираат на сработување на работата како што доаѓа, па токму затоа трпението не е нешто со што можеме да се пофалиме.

Припадниците на генерацијата Зед преземаат ризици и се претприемчиви; бројот на претприемачи кои оствариле успех за многу кратко време е највисок во споредба со сите други генерации во историјата. Скорашна студија покажува дека 58% од припадниците на генерацијата Зед сакаат да имаат сопствен бизнис, и 14% се сопственици на стартап фирми.

Стартап компании што се водени од основачи припадници на генерацијата Зед се засноваат врз тимска работа. Ние буквално се водиме од поговорката „Ако сакаш да одиш брзо, оди сам. Ако сакам да стигнеш далеку, одиме заедно“, објаснува Кес. Корпорациите мора да бидат сигурни дека имаат кооперативни компаниски принципи ако сакаат да остварат ефикасни партнерства со претприемачите од генерацијата Зед. Комуникацијата е клучна! Припадниците на генерацијата Зед расте и се развива во инклузивни средини каде секој е соодветно ценет.

Се разбираме во технологија многу повеќе од што другите се свесни

Извршниот директор на IBM, Џини Ромети, скрои фасцинантен термин – „современи работни места“ за да посочи на природата на работните места што во моментов доминираат на пазарот на трудот. Овие работни места изискуваат соодветно ниво на технолошко практично знаење и познавање на дигиталните техники/вештини за кои припадниците на генерацијата Зед се совршени кандидати.

Ние се родивме во дигиталната ера, потенцира Кес. Истражувањето спроведено од компанијата Dell Technologies откри дека 98% од припадниците на генерацијата Зед користат технологија на училиште, а 80% од нив сакаат да работат со најновата технологија во нивните идни кариери. Компаниите можат да извлечат корист од дигиталната ера со тоа што ќе им дадат на вработените од генерацијата Зед поголема автономија во поглед на алатките што ги користат. Поради овој факт, слободна работна средина може да ги направи условите за иновирање оптимални и да ја подобри ефикасноста во голема мера.

Сакаме да се движиме брзо

Фактот дека припадниците на генерацијата Зед поминуваат неверојатно многу време на интернет е добро познат. Интернетот нуди пристап до неограничен број информации на различни теми, што пак може да доведе до генерирање нови идеи што се потребни за да се прилагодиме на промените во променливиот свет на бизнисот. Компаниите би требало да бидат отворени за трансформација на работните позиции со цел да се оптимизира брзиот начин на живот на генерацијата Зед. Голем број компании размислуваат на начин од типот „ако не е скршено, не го поправај“, но ова го ограничува деловниот развој, смета Кес. Преку реновирање на процедурите, генерацијата Зед ќе бара начин да напредува и да развива вештини брзо.

Сакаме да не` сфатат сериозно

Како генерација, имаме многу јасни и силни ставови. Бидејќи пораснавме на социјалните медиуми, сакаме нашите гласови да бидат слушнати… Корпорациите треба да посветат внимание на обезбедување повратни информации, без разлика дали се позитивни или негативни. Врз основа на одговорот, компаниите би требало да преземат соодветни дејства. Работодавачите мора да разберат како се справуваат со ситуациите и дека тој пристап може да влијае на желбата и на подготвеноста на припадниците на генерацијата Зед да ги споделуваат нивните гледишта во иднина.

Маркус Рашфорд, Малала Јусафзаи и Грета Тунберг. Ова се луѓето кои веќе го менуваат светот, а и најверојатно ќе го водат во иднина. Време е да научиме како тие размислуваат и кој е најдобриот начин да работиме со нив.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -