Што го прави лидерот исклучителен?

Периодов, голем број загрижени извршни директори не спијат убаво навечер. Покрај обврската да се справуваат со крупни предизвици сконцентрирани на привлекување и задржување на следната генерација лидери, тие се соочуваат и со огромната одговорност да бидат конкурентни на пазарот во време кога дигиталната технологија продолжува да го менува работното место, посочува Марсел Швантс, основач и извршен директор за човечки ресурси на Leadership from the Core.

Роботиката и вештачката интелигенција се претпоставува дека ќе имаат влијание врз две билиони работни места во оваа декада, сепак една вистина во дигиталната ера е постојана: лидерството е човечка работа.

Иако можеме да тргнеме по полесниот пат и можеме недостатокот на лидери да го препишеме на сеизмичкиот недостаток на таленти на глобално ниво, можеме да почнеме да посветуваме внимание на советите на сегашните истражувања и најдобрите практики со тоа што ќе ги учиме сегашните лидери ефикасно да водат како луѓе во ерата на роботите. Неколку примери подолу би требало помогнат да се одбегне несоницата на голем број извршни директори.

  1. Ангажирајте повеќе жени лидери

Според демографските податоци добиени од повеќе од 2.400 организации низ светот, компаниите со повеќе жени на лидерски позиции имаат за 1,4 пати повеќе шанси да имаат одржлив, профитабилен раст, и се подобро подготвени да се справат со дигиталната трансформација.

Глобалната лидерска прогноза за 2018 година вели: „Лидерите во компаниите што се поразнолики по однос на полот имаат два пати повеќе шанси од нивните конкуренти каде не е застапена родова разноликост да известат дека нивните лидери работат заедно со цел создавање нови решенија и можности, и дека повеќе различни перспективи го одредуваат успехот.“

  • Развивајте култура која е поттикната од целта

Истото истражување открива дека компаниите со силни работни култури имаат подобри резултати на пазарот за 42 проценти. Лидерите кои се одговорни за создавање култура на висока ефикасност систематски градат културни темелници како што се јасно искомуницирана цел, советување од страна на колегите, експериментирање, психолошка безбедност, и прифаќање различни видови односи меѓу постарите и помладите колеги.

  • Претставете им на вработените значајна визија за иднината

Сè повеќе докази посочуваат на еден едноставен факт: среќните луѓе работат подобро. Во познатото истражување на Ени МекКи издадено во Harvard Business Review – „Да си среќен на работа е важно“ – нејзиниот тим од истражувачи дошол до заклучок дека за да се биде целосно посветен на работата и среќен, буквално секој сака да почувствува смисла за цел во сопствената работа и одлични односи со колегите и по вертикала и по хоризонтала. Третиот заклучок? Значајна визија за иднината.

Повеќето луѓето, според тимот на МекКи, сакаат да можат да видат привлечна визија за иднината и да знаат како тие се вклопуваат во неа. Ова изискува силни лидери кои се способни да ја поврзаат организациската визија со личните визии на вработените, и потоа таа визија да ја комуницираат јасно и истрајно.

  • Превртете ја пирамидата

Користењето на лидерски пристап од долу нагоре, со тоа што ќе ја превртите организациската пирамида, резултира со поголема доверба меѓу вработените. Тој пристап исто така им овозможува на работниците да ја сработат работата со висок квалитет и да извлечат лично значење од неа, бидејќи функцијата на лидерите на „дното“ на пирамидата е да ги охрабри и надгради вработените, а не да ги „менаџира“ основните задолженија на нивните работни места.

Секојдневните разговори во лидерскиот пристап од долу нагоре се различни: фокусот е на областите каде на вработените им е најмногу потребно помош, а не на она што нивните менаџери сакаат тие да го направат. Оттука, двете страни се активни во заедничкото создавање на можностите што би ги решиле проблемите со кои се соочуваат.

Секоја скала на скалилата во превртената пирамида ги поддржува тие под неа, што значи дека целата компанија работи со полна пареа и постигнува максимална ефикасност.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -