Вистинските лидери негуваат емоционална добросостојба за време на криза

Кризата со Ковид-19 го промени светот преку ноќ. Работата на далечина е новата нормала, а организационите приоритети се променија. Истовремено, луѓето искусуваат негативни емоции. Некои се анксиозни поради ризикот од пандемијата. Други се преоптоварени од фактот што секојдневниот живот е превртен наопаку. За голем број луѓе, како што се одолговлекува кризата, чувството на фрустрираност веќе се претвора во лутина бидејќи се загрижени дека начинот на живот драстично ќе им се смени и ќе ја изгубат егзистенцијата. Луѓето се плашат од влијанието на пандемијата врз нивните тесни семејства и се борат да најдат начини да се справат со новата реалност, пишува Ангела Камбурис, извршен директор на „Ангела Камбурис Констуланство“ за Entrepreneur.

Поврзано:

За лидерите на компании, исто така, начинот на кој дишат и живеат е променет, вклучително и начинот на кој се ослободуваат од стресот. Одењето на вежбање и времето поминато со пријатели после работа во бар, сопре. Па што може да се направи за да се намали притисокот?

Во прилог се неколку тактики што може да им биде од корист на лидерите за да го изградат нивниот внатрешен безбедносен механизам, да ја зачуваат нивната емотивна сила, и да ја зачуваат емоционалната добросостојба на нивните вработени за време на оваа криза.

1. Здрава емотивна хигиена

Лидерите можат да ја инвестираат сопствената енергија во намерно искажување благодарност, со фокус на позитивните и инспиративните моменти, или да пристапат до онлајн ресурси за да и тие и нивните вработени научат нова вештина.

Знаеме дека мизеријата сака друштво, и емоционалното заразување е вистинска појава. Кога лидерите имитираат емоција, тој чекор ја предизвикува истата емоција во нив. Обратното може исто така да се случи. Една статија објавена во Harvard Business Review, „Заразата што можеме да ја контролираме“, посочува како прифаќањето на позитивна емоционална инфекција преку покажување љубезност, усвојување техники за свесна присутност, и поврзување со луѓе со висок квалитет, дури и во виртуелниот свет, може позитивно да го зголеми нашето расположение.

Лидерите можат да ја инвестираат сопствената енергија во намерно искажување благодарност, со фокус на позитивните и инспиративните моменти, или да пристапат до онлајн ресурси за да и тие и нивните вработени научат нова вештина. Со вложувањето во техники што на лидерите им помагаат да останат смирени, луѓето околу вас ќе почнат да ја имитираат истата таа емоција.

2. Безбедност во организацијата

Вработените имаат потреба лидерите да можат да ги разбираат нивните чувства на анксиозност, фрустрации, и болни точки за да можат да ги поддржат пред да очекуваат да работат најдобро што можат. Лидерите мора да ги направат човечките врски приоритет и да ги задоволат истите на нивото на кое се, а не на кое тие замислуваат дека нивните вработени треба да бидат. Вака се гради доверба ивработените се подготвуваат да се справат со пандемијата или со слична ваква криза. 

Користете виртуелни платформи за „тим билдинг“ за да откриете нови начини да останете поврзани, да споделувате фрустрирачки моменти, и да дознавате што е тоа што ги инспирира членовите на тимот да се поддржуваат еден со друг за да заедно се движат кон тимските цели.

3. Кажете што мислите, а тоа што го кажувате вистински мислете го

Лидерите мора да проектираат смиреност и да целат кон искрена, отворена и флексибилна комуникација. Дневните прилагодувања, и понекогаш, одлуките што се носат од час во час најверојатно ќе се променат следниот ден. Луѓето ќе критикуваат и никој не е имун на таквото искуство. Кога се справувате со ранливост, искреноста ќе ви помогне да останете на правиот пат на вистината и транспарентноста, и ќе ви овозможи да им дозволите на луѓето да дознаат дека ги немате секогаш сите одговори. Кога ќе ги имате одговорите, споделете ги информациите преку соодветните комуникациски канали.

4. Дајте им форма на вашите вирутелни интеракции

Реалноста на работата на далечина ќе биде новина за многумина. Поставувањето основни стандарди и правила е клучно за формирањето споделени очекувања за начинот на работа и резултатите. Разберете како работи секој член на тимот, препознајте ги неговите интерперсонални потреби, и вложете енергија во личните и тимските постигнувања. Ваквата поставеност ќе ве направи вас и вашиот тим подготвени за да ги постигнете поставените цели. Личните и тимските проверки создаваат перспектива, ги истакнуваат стравовите и фрустрациите, и создаваат можности за раст во свет каде нестабилноста, несигурноста и недоволната јасност во информациите се движечки сили. Справете се со она што можете, идентификувајте го тоа што не можете да го контролирате и така сите ќе имаат јасна претстава каде се сега и каде треба да бидат во иднина.

На еден импресивен начин, една маркетинг агенција направи трансформација од работа од дома до ново дефиниран приоритет – добросостојба на вработените е на прво место. И покрај приспособувањата, агенцијата на драго срце прифати да одржува виртуелни тимски средби. Овие средби сега се одржуваат секој петок и вирутелни пијачки се пијат по работното време на Google Hangouts. Времето го користат да се навратат на успесите од таа недела и да ги прослават истите.

Славете ги малите победи и прифатете го убедувањето дека грешките се само повратни информации и шанса за раст.

5. Негативно дистанцирање

Колку што е важна сега социјалната дистанца, толку е важна и негативната дистанца. Вирусите се размножуваат преку врски, и нема разлика кога станува збор за луѓе кои се впуштаат во споделување негативни емоции. Вашиот апетит да посветувате внимание на негативните емоции е еволуциска придобивка и се пренесува од колено на колено. За да го надминеме вродениот емоционален систем треба да препознаеме што се случува кога се активираат негативни шеми и и треба да се извежбаме секогаш кога го препознаваме овој момент да правиме нешто ново. Кога искусувате штетни разговори самите со себе, пристапете му на вашиот внатрешен глас со љубезност. Усвојте го правилото да не им го правите на другите она што самите не сакате вам да ви го прават и имајте сочувство за себеси. Ограничете го вашиот контакт со бројот на негативните луѓе на виртуелните платформи. Воспоставете граници со тоа што ќе ги идентификувате вашите, она што може и не може да се преговара, забележете ги вашите чувства, набљудувајте ја вашата средина, и пред сè, дозволете си себеси да ја зголемите сопствената смисла за само-контрола. Славете ги малите победи и прифатете го убедувањето дека грешките се само повратни информации и шанса за раст.

6. Сконцентрирајте се на човечкиот аспект кај лидерот

Кога искрено се грижите за луѓето и врските ги градите на автентичен начин, ја зголемувате вашата способност да влијаете на другите. Кога доаѓате од место на интегритет и фокус на човечкото битие, тогаш градите реални професионални врски каде ранливоста е очекувана работа, стравовите се прифатени, и анксиозноста во врска со она што иднината ни го носи е споделена.

Денес е денот кога треба да се приберете – да зборувате за значењето на лидерството со вашите луѓе, да ги истражите приказните на лидерите, и да откриете како тие сакаат луѓето да ги препознаваат внатрешните квалитети. Со споделувањето на искуства, лидерите го осветлуваат патот за другите да можат да стојат со самодоверба, да го делат нивното искуство и да ја прославуваат нивната порака на благодарност. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -