Дали маските ги маскираат нашите емоции?

Обединетото Кралство е последната од долгата листа земји кои наложија задолжително носење маски со цел спречување на ширењето на Ковид-19, а лицето мора да биде покриено во јавниот превоз почнувајќи од денес, известува CNN.

Голем дел од нас одлучуваат да носат маска во супермаркет, за време на состаноците со пријателите и на медицинските прегледи, дури и да не е задолжително.

Но како носењето маска го формира начинот на кој комуницираме со другите?

Насмевката е лесен начин да се намалат општествените тензии, но дали е ова возможно кога маска ни го покрива долниот дел од лицето? И дали емоциите на луѓето кои ги среќаваме се потешки за декодирање?

CNN разговараше со експерт комуниколог Урсула Хес, психолог и професор на Универзитетот Хумболт во Берлин.

Како пренесуваме емоции

Погрешно е да претпоставуваме дека маските ќе ни го отежнат начинот на кој влегуваме во интеракција, вели Хес.

Ги искажуваме нашите чувства на многу различни начини што не се потпираат на моќта на нашето лице, објаснува таа. Може да е суптилно – подигање на едната веѓа на пример, или експлицитно – како што е удирањето со тупаница на маса.

Уште повеќе, насмевките не мора да бидат видени. Хес вели дека тие можат да бидат и слушнати. Ова се должи на фактот дека кога устата ја менува формата тогаш се менува и гласот. „Разликата е јасна. Сите можеме да чуеме кога некој се смее на телефон.“

Таа додава дека и некои емоции воопшто не се регистрираат на нашето лице. На пример, надежта. „Како мислите дека тоа може да се искомуницира преку лицето? Но постои изразот „со надеж во гласот“, така што јасно е дека мислиме дека гласот може да искаже надеж, но лицата не го прават тоа“.

Сè е во очите

Хес вели дека повеќето луѓе се добри во одредување на распонот различни емоции во очите и горниот дел од лицето, иако можеби не се свесни за тоа.

Тест, што на широко се користеше во деведесеттите за одредување на аутизам од британскиот психолог Симон Барон-Коен, покажува дека повеќето луѓе можат да препознаат суптилни ментални состојби како замисленост, со едноставно гледање на промените во изразот на очите.

Кога станува збор за ботокс, би требало два пати да размислите. Ако ја покривате вашата уста и го имобилизирате горниот дел од лицето, не му правите услуга на партнерот со кога сте влегле во интеракција

Тестот наречен „Читање на умот преку очите“ мери колку добро можете да ги читате емоциите на другите. Испитаниците се замолуваат да гледаат во слики од различни области околу очите и да им придадат точна емоционална состојба, вели Хес.

Таа истакнува дека вообичаено нашите очите се привлечени од некаква активност, и ако устата е покриена, тие ќе се сконцентрираат на горниот дел од лицето.

„Гледате повеќе од само очите, го гледате целиот регион. Ги гледате брчките на челото, брчките помеѓу очите, и кога образите се дуваат кога се смеете, тогаш гледате движење,“ објаснува таа.

„Кога станува збор за ботокс, би требало два пати да размислите. Ако ја покривате вашата уста и го имобилизирате горниот дел од лицето, не му правите услуга на партнерот со кога сте влегле во интеракција.“

Страв и изненадување

Сепак постојат одредени емоции што се тешки за декодирање ако не можете да ја видите устата на соговорникот, образложува Хес.

„Кај стравот и изненадувањето, горниот дел од лицето е сличен. Главната разлика е обликот на устата, која кај изненадувањето е лабава, а истегната настрана кај стравот.“

„Ова би било очигледен кандидат за забуна.“

За родителите кои се загрижени дека маските можат да ги уплашат децата да се вратат во училиште или градинка, Хес вели дека тоа не би требало да има влијание кај децата постари од 5 години.

Маските, исто така, не би требало да се мешаат во заразната природа на емоциите. Хес темелно проучувала како ги имитираме чувствата на другите – ни солзат очите кога гледаме кога некој друг плаче, се плашиме кога гледаме како некој друг трепери од страв или сме среќни кога гледаме како некој се смее

„Од истражувањата за развој знаеме дека децата добро се снаоѓаат со препознавањето на емоциите едни на други од времето кога почнуваат да одат во училиште, и имаат пристап до истите алатки како и возрасните.“

„Кога се многу мали, работи што го покриваат лицето можат да ги вознемират. Може на пример на почетокот да бидат вознемирени од брада,“ посочува таа. „Но станува збор за навика. Ќе се навикнат на фактот дека мама и тато ги носат тие чудни нешта на нивните лица.“

Маските, исто така, не би требало да се мешаат во заразната природа на емоциите. Хес темелно проучувала како ги имитираме чувствата на другите – ни солзат очите кога гледаме кога некој друг плаче, се плашиме кога гледаме како некој друг трепери од страв или сме среќни кога гледаме како некој се смее.

Во новото истражување што сè уште не е објавено во научно списание, Хес вели дека научниците се фокусирале на тоа како поединци реагираат на луѓе кои носат марама или никаб, односно велот што го носат некои Муслиманки, кој го покрива лицето но не и очите и областа околу нив. Ова не е исто како хиџаб, ткаенина што ја покрива главата, но не лицето.

„Испитувавме дали луѓето би ги имитирале (нивните) изрази иако можеа само делумно да ги видат и во основа, можат,“ вели таа.

Додека Хес потенцира како повеќето од нас имаат вродени вештини да декодираат и одговараат на емоциите што се гледаат на регионот околу очите, други фактори, што можат да го оневозможат овој процес, се во игра.

На пример, она што едно лице го чувствува во врска со придобивките од носењето маска најверојатно ќе влијае на тоа како тоа лице комуницира со некој што го покрил лицето.

„Маските се вид на социјален сигнал – ви кажуваат нешто за лицето кое ја носи маската,“ образложува Хес.

„Ако мислите дека носењето маска е непотребно или е тотална идиотштина, тогаш тоа мислење може да ве натера да имате предрасуда против тоа лице (кое носи маска), што пак ја прави комуникацијата многу потешка.“

Секако, и обратниот случај е исто така вистинит.

„Ако вие самите ги разбирате причините за носење маска и ги прифаќате тие причини, тогаш ќе имате целосно поинаква перспектива за тоа лице кое носи маска, и има големи шанси дека комуникацијата ќе биде многу поглатка.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -