Три едноставни лидерски чекори за намалување на стресот кај вработените

Кризата се намалува, но раните што ги нанесе се длабоки. И покрај сите херојски напори на вработените да ги одржат компаниите оперативни, сепак последните 16 и повеќе месеци оставија силна психолошка лузна, пишува Марсел Швантес, говорник, обучувач и колумнист чија специјалност е промисленото лидерство.

Скорашна анкета спроведена од Workhuman на повеќе од 3 000 работници во САД открива дека работната сила е во неволја. Податоците покажуваат дека 48% од вработените се согласуваат дека искусиле преоптовареност од работата, 61% чувствуваат повисоки нивоа на стрес и 32% се сложуваат дека се чувствуваат осамени на работа.

Емоционалниот влог беше поголем за вработените родители (особено мајките). Забележаните разлики во нивоата на стрес и преоптовареност помеѓу мажите и жените се поврзани со одговорностите за обезбедување нега, како и со диспропорционалното губење работни места меѓу жените.

На пример, на почетокот на кризата мајките со мали деца ги намалија работните часови за четири до пет пати повеќе од татковците. Анкетата, во која беа содржани седум прашања поврзани со психолошката безбедност, исто така открија дека вработените кои не припаѓаат на белата раса искусуваат пониски нивоа на психолошка безбедност отколку нивните бели колеги.

Влијанието на психолошката безбедност

Тимот на Гугл за операции со вработени откри дека првиот мотиватор кај успешните тимови е психолошката безбедност, т.е. средина каде луѓето се чувствуваат безбедни да преземаат ризиците и да бидат ранливи еден пред друг.

Кога луѓето се чувствуваат безбедно, тие иновираат, соработуваат, го остваруваат полниот потенцијал додека се на работа, а тоа се клучни квалитети во денешната агилна средина. Спротивно на ова, недостатокот на психолошка безбедност во работната средина е корозивен – ги става во опасност сите планови за враќање во новото нормално.

Повторното создавање психолошка безбедност по криза бара лидерите да зборуваат отворено и искрено за цената што вработените ја платиле, и да им го покажат патот напред преку еден почовечки пристап кон менаџирањето:

Почесто кажувајте „благодарам“

„Оддавањето признание создава долготрајни врски меѓу луѓето,“ вели извршниот директор на Workhuman,  Ерик Мосли. „Големите лидери инстинктивно знаат дека колку повеќе човечки односи постојат во една компанија, толку фирмата ќе биде поефикасна“.

Лесно е да се согледа зошто едно „благодарам“ ги прави вработените да се чувствуваат ценети. Она што е помалку очигледно е дека покажувањето признание и почит за нечии напори ги подобрува позитивните чувства и кај тој што го кажува тоа „благодарам“. Заедничката почит и благодарност им помага на луѓето да го соблечат нивниот емоционален оклоп. Кога вработените го прават тоа, се чувствуваат побезбедно и повеќе поврзано.

Почесто проверувајте ги вработените

Луѓето кои се гледаат со нивниот менаџер барем еднаш неделно искусуваат поголема психолошка безбедност отколку тие што се гледаат помалку често, и само 29% од испитаниците во анкетата велат дека се гледаат со нивниот менаџер еднаш неделно.

IBM го презема водството во менувањето на таа статистика, ставајќи акцент на почесто обезбедување повратни информации за секој вработен. Еден од извршните директори на корпорацијата, Никл ЛаМоро, кој разговараше со ко-основачот и извршниот директор на Workhuman, Ерик Мосли, го цитира овој чекор како еден од четирите приоритети на неговата компанија: „Повратните информации се важни за растот, иновациите и инклузивноста, бидејќи не можете да ги имате првите три елементи без повратни информации“.

Вградете отпорност во вашата компаниска култура

Иако можеби не сте во можност да спречите нова криза, сепак сега можете да преземете неколку чекори за да создадете отпорност во работната средина, со тоа што ќе им овозможите на луѓето да се справуваат со надворешни стрес-фактори.

На пример, психолошката безбедност може да стане дел од вашата комбинација за хибридна работа во процесот на враќање во канцеларија. Можете да го формализирате моментот на оддавање почит и признание преку богат систем со податоци за оддавање социјално признание. Можете да ја засилите разновидноста, инклузијата и напорите за припадност со тоа што ќе им помогнете на менаџерите да сфатат и да ги ублажуваат несвесните предрасуди.
Замислете колку многу време и ресурси ќе бидат спасени ако вашата организација направи исчекор напред во поглед на психолошката безбедност. Ако сите вработени, особено помалку застапените групи, се чувствуваат поудобно кога споделуваат идеи и ги вложуваат нивните автентични личности во работата за да придонесат во ефикасноста на компанијата, новото нормално нема да биде само опоравување од кризата, туку и нов почеток. Никогаш нема да дојде подобро време од ова сега за да се инкорпорира психолошката безбедност во вашата култура.

Извор: inc.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да се истакнувате од конкурентите: креативни маркетинг алатки за вашиот...

Создавањето и растењето бренд што се истакнува од другите е полесно отколку што можете да си замислите. Но, тоа бара подготовки за...
- Advertisment -