Како да ги ангажирате вработените (и себеси) за да ја подобрите продуктивноста

Имам големо искуство во обучување и тренирање лидери со цел ефективно ангажирање на нивната работна сила. Во случај фразата „ангажман на вработениот“ да ви звучи како надуван поим, сепак огромен број истражувања докажуваат дека тој ја подобрува ефикасноста на организацијата, особено за време не тешки економски периоди и масовно пореметување во индустријата, како што е глобална пандемија, пишува Марсел Швантес, обучувач во области како развој на лидери, подобрување на ефикасноста на тимовите и воведување промена во работењето на корпорациите, на ЛинкедИн.

Извршните директори и оперативците не би требало да се загрижени поради врската помеѓу ангажманот и вредноста за чинителите во компанијата. Според едно истражување на Галуп, компаниите со највисок степен на ангажман на вработените имаат најдобри финансиски резултати и покрај економските предизвици.

Секој кој игра менаџерска улога треба да си го постави прашањето: како подобро да ги ангажирам моите вработени?

За почеток, запомнете дека ангажманот на вработените не е програма што треба да ја спроведе одделот за човечки ресурси што треба да се пречкрта од листата задолженија секоја година. Клучот на неговиот успех е создавање поволни услови што се неопходни за ослободување на дискрециониот напор на вашите работници.

Ова впрочем е половина од равенката. Ангажманот на вработените би требало природно да се случува на страната на вработениот на виртуелната маса, каде поединците кои придонесуваат, а не само менаџерите, самите се поставуваат одговорни за обезбедувањето позитивно работно искуство што води кон солидни резултати.

Двете страни на ангажманот на вработените

За да ви помогнам да отпочнете со спроведувањето личен и организационен план за зголемување на ангажманот, без разлика дали сте менаџер или вработен, ви нудам неколку корисни примери, вели Швантес.

Како би требало лидерите да ги ангажираат вработените:

  • Погрижете се вработените да се чувствуваат како ваши деловни партнери, како веќе да инвестирале во компанијата. Дајте им сопственост! Шансите се големи дека ќе станат поефикасни во работата.
  • Бидете транспарентни и лесно комуницирајте во рамки на односот шеф-вработен. Овозможете вашите вработени се запознаат со тоа што се случува во другите сектори и дајте им шанса да дадат нивен придонес и да предлагаат идеи.
  • Не плашете се да ги изложите на нови одговорности што ќе го прошират нивното знаење.
  • Третирајте ги со почит и достоинство и создавајте врски. Запознајте ги на лично ниво, надвор од работа. Покажете им дека не ги гледате само како пчели работници туку како човечки суштества.
  • Не е доволно да им презентирате стратегија и да ги оставите сами. Постојано прашувајте ги вашите вработени за повратни информации, за тоа што функционира, а што не. Ако сакате да одржите култура на среќни и ангажирани работници, ќе треба постојано да се трудите да го чувствувате пулсот.

Како вработените би требало да ја ангажираат нивната компанија (и еден со друг)

  • Бидете ментор на колега – ќе се чувствувате подобро. Истражување покажува дека ако некому пружите помош 10 до 30 минути на ден, ќе се чувствувате како да имате ПОВЕЌЕ време, не помалку.
  • Истражувајте можности во рамките на вашата компанија за да научите нешто ново: бидете дел од крос-секторски проект, научете нова вештина, водете или учествувате во некој тренинг или обука што ќе ви ги зголеми знаењето или вештините.
  • Поставете краткорочни и долгорочни цели што ви се драги и чија реализација ви е важна и кои ви даваат цел. Ова може да се мали проекти што ги спроведувате сами, или работи што се подредуваат со стратегијата или визијата на компанијата. Работете на тие цели со мали чекори, така се полесни за менаџирање.
  • Наградете ги вашите колеги со дигитално признание и пофалба со користење на алатки за социјално признание каде номинирате едно лице за неговите/нејзините секојдневни придонеси или поради тоа што прави дополнителен напор. Потоа споделете ја успешната приказна со остатокот од компанијата.
  • Создавајте блиски односи на работа. Галуп откри дека пријателството на работното место создава попродуктивни вработени.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -