Намалениот број работници од Запад Балкан ја ставаат германската градежна индустрија во ризик

Бројот на издадени германски работни визи за работниците од земјите на Западен Балкан за време на кризата предизвикана од коронавирусот значително опадна. Во исто време, германските градежни компании предупредуваат дека нема да бидат во состојба да ги завршат започнатите проекти, известува РТС повикувајќи се на Дојче Веле.

Во првата половина од оваа година, издадени се само 4801 виза, додека во 2019 година, издадени се вкупно 27259 работни визи за работниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Весникот Рајнише Пост со седиште во Диселдорф пишува дека причините за толку малиот број издадени работни визи, во рамки на т.н. Правила за Западен Балкан, се должат на ограничувањата во јавниот живот кои стапија на сила по прогласувањето на пандемијата. Дополнително, во голем број земји, германските дипломатски претставништва што издаваат визи работат во ограничени услови.

Истовремено, градежните фирми во Германија предупредуваат дека ќе се соочат со големи проблеми во поглед на работната сила доколку поедноставените правила за добивање визи не бидат продолжени и по декември 2020 год.

Без гореспоменатите Правила за Западен Балкан, само Градежното здружение во Северна Рајна Вестфалија „одеднаш би останало без 52000 работници,“ изјавил за Рајнише Пост, директорот на здруженито, Херман Шулте-Хилтроп. „Тогаш во 2021 год, би имале ситуација во која работите на градилиштата во областите каде се гради станбен простор ќе морат целосно да се прекинат.“

Правилата за Западен Балкан се на сила до 2023 год

Во месец јули годинава беше соопштено дека Германија би требало да го продолжи издавањето на специјална дозвола што им овозможува на работниците од земјите на Западен Балкан лесно да пристигнат во земјата.

Агенцијата ДПА, која имаше увид во нацртот на уредбата на Министерството за труд, пишува дека т.н. Правила за Западен Балкан коидатираат од 2016 год, и чие важење истекува во декември оваа година, ќе остане на сила се` до 2023 год. На годишно ниво, на овој начин, во Германија ќе можат да влезат најмногу 25000 работници од западнобалканските земји.

Тоа правило го поедноставува пристапот на работниците до германскиот пазар на труд, овозможувајќи им лесно добивање виза и без познавање на германскиот јазик и работни квалификации. Услов за добивање на визата е тој што го поднесува барањето да достави и работен договор и тој да биде одобрен од страна на Сојузната агенција за труд.

Шулте-Хилтроп ги поздрави плановите на германската влада за продолжување на Правилата за Западен Балкан, но не сфаќа зошто горната граница е поставена на 25000 работници годишно.

„Се работи за работни места за кои овде кај нас не можете да најдете никој – како што се на пример стручњаци за армирана мрежа,“ изјави Шулте-Хилтроп, и укажа на тоа дека во следните години, поради старост, 150000 од вкупно 850000 запослени во градежната индустрија ќе престанат да работат.

Шулте-Хилтроп смета дека горната граница од 25000 работници само „непотребно ја заострува и онака веќе напнатата ситуација“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -