Германија сака да го озакони правото на работа од дома

Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл, предложи воведување законско право за работа од дома, пренесува Deutsche Welle.

Поврзано:

Во интервју за германски весник тој изјавил дека работи на закон кој ќе им овозможи на вработените да го користат правото на работа од дома. Целта на овој закон е да им овозможи на вработените постојано да работат од дома или барем 2 дена во неделата.

„Секој што сака и чие работно место го дозволува тоа, треба да има можност да работи од сопствената домашна канцеларија – дури и кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот,“ изјавил министерот.

работа од дома

Светот сега е погоден од глобалното ширење на коронавирусот. Германија, како и многу други земји, воведе карантин со што го оневозможи работењето на не-основни бизниси и спроведе строги мерки за јавниот живот. Поради овие мерки, во текот на пандемијата бројот на луѓето што работат од дома пораснал од 12 на 25 проценти.

Олеснување на мерките

Оваа недела Германија ги презеде првите чекори кон олеснување на мерките за домашна изолација. Малите продавници кои имаат површина од околу 800 квадратни метри ќе можат да започнат со работа, вклучувајќи ги и автомобилските продажни салони. Од 4 мај ќе започнат со часови и основните и средните училишта.

Строгите мерки за движењето во јавноста и натаму се на сила – дозволено е групирање на само двајца, исклучок на оваа рестрикција се семејствата. Правилото за социјално дистанцирање од 1.5 метар и понатаму важи.

Поголема поддршка за родителите

Хајл исто така изјавил дека ќе се продолжи со исплатата на родителите кои не можат да работат во време на  кризата предизивикана од коронавирус поради недостаток на помош за грижа на децата.

работа од дома

Државата исплаќа 67% од платите, до максимум 2,016 евра доколку родителите треба да седат дома и да ги чуваат своите деца на возраст до 12 години.

Иако училиштата ќе започнат со работа од мај, се уште нема одлука за започнување со работа на градинките.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -