Како да им помогнеме на децата да развиваат социјални вештини додека учат на далечина

Образовните системи во многу земји почнуваат да најавуваат планови како ќе се одвива наставата оваа есен, но во САД изгледа дека милиони деца нема да се вратат во училниците за брзо време. Дури 11 од најголемите училишни области во Америка од вкупно 15 ќе ја почнат академската година со онлајн настава, пишува Huffington Post.

Учењето на далечина ги тера некои родители да се грижат не само за тоа дали нивните деца ќе успеат да ги достигнат академските прагови, туку и за тоа како децата ќе развиваат социјални и емоционални вештини ако не ги стекнуваат преку интеракцијата лице-в-лице со нивните врсници за време на училиштето, на паузите за ручек или додека се играат на игралиштата.

Преку личните средби децата „практикуваат читање социјални индикации и учат конструктивни социјални одговори – вклучувајќи ги и емоционалните и интелектуалните размени во разговорите – како самите да се контролираат кога некој друг ги нервира, и како да го побараат тоа што им треба на социјално прифатлив начин,“ истакнува клиничкиот психолог Лора Маркам, основач на сајтот Aha! Parenting.

Ако сте еден од тие родители кои се загрижени поради тоа што нивните деца се соочуваат со недостаток од социјализација додека се во изолација или карантин, немојте да очајувате, вели образовниот психолог Мишел Борба. „Ако сфаќаме дека нашите деца пропуштаат шанси да вежбаат социјални вештини, постојат и други начини како да компензирате,“ посочува Борба, автор на „НеСелфи: Зошто емпатичните деца успеваат во егоцентричниот свет“.  Родителите можеби ќе најдат утеха во фактот дека децата можат многу бргу да се прилагодат и да бидат отпорни, дури и во тешки околности. „Иако ова е невообичаено, поголемиот дел од децата ќе го пребродат ова лесно бидејќи ние имаме биолошка предиспозиција да се прилагодуваме,“ потенцира д-р Џек Шонкоф, педијатар кој е исто така и експерт за ран детски развој на Универзитетот „Харвард“ во Центарот за развој на детето.

Во продолжение се експертски совети кои можат да му помогнат на вашето дете да ги негува тие вештини дома, додека не стане враќањето во училиште и на вообичаените социјални активности не стане безбедно.

Закажете денови за игра – дури и да се онлајн

„Врските го засилуваат менталното здравје на децата,“ вели Борба. „Така што, користете го виртуелниот свет за да им помогнете на децата да одржуваат позитивни односи со врсниците.“ Виртуелни состаноци за играње еден-на-еден најверојатно ќе бидат попријатни и поконструктивни отколку да натерате поголема група дечиња да си играат заедно на Zoom. Помогнете му на вашето дете да најде хоби што му се допаѓа нему и на некое од неговите другарчиња – можеби плетење, печење слатки, сликање, пишување или танцување. Родителите „можат да обезбедат материјали како игли за плетење и клопчиња волна или да пронајдат линк на YouTube преку кој можат да ја научат вештината,“ предлага Борба. „Или пак родителите можат наизменично да се менуваат во улогата на онлајн учител на дневно или неделно ниво.“

Разговорите со нив водете ги со умисла

Животот во пандемија натера голем број родители да се чувствуваат анксиозно, исцрпено, и во некои случаи, дури и отапавено. Кога сте истоштени, лесно е да се помине денот без да се има некаков содржински разговор со некого, а најмалку па со децата. Но издвојување време за промислен дијалог е важно, вели терапевтот за брак и семејство, ЛеНаја Смит Крафорд.

„Поставувајте му на вашето дете отворени прашања, дозволете разговорот да тече помеѓу различни теми и истакнете го говорот на телото со умисла,“ вели Смит Крафорд, сопственик на канцлеаријата за семејна терапија „Калеидоскоп“. „Социјалниот живот на децата, таков каков што го познавале до сега, е поминат. За нив е важно се` уште да бидат способни да учат и да имаат влезови и излези во моделите на комуникација и разговор.“ Искористете го ова време да вежбате вештини како што се остварување очен контакт, слушање, убави манири и соодветно несогласување. „Едноставно имајте умисла во врска со ткаењето на социјалните вештини во секојдневниот живот како што се разговори за време на вечерата, семејни состаноци и секојдневни моменти,“ објаснува Борба

Имајте видео повици со саканите лица за да вежбате толкување на социјални индиции

Видео повиците се одлична можност да бидете во контакт со семејство и пријателите за време на спроведувањето на правилата за социјална дистанца, но тие исто така можат да бидат и добра можност за вашите деца да поработат на препознавањето и одговарањето на емоциите на другите. Секако, оваа вежба може да биде поголем предизвик за некои деца кои можеби имаат потешкотии во разликувањето на нијансите во изразите на лицата или тонот на гласот преку екран, но сепак може да се постигне. „Можете да го подготвите детето пред почетокот на повикот,“ дополнува Борба. На пример, „погледни го лицето на баба за да видиш дали има знаци на умор, па така и ќе знаеш дали треба да и` кажеш „чао““, „или приближи се малку поблиску до екранот за да видиш дали твојот другар се сложува со тебе.

Поврзете ги децата со виртуелно другарче за учење

Некои родители веќе почнуваат да креираат „пандемски заедници“ или „учечки заедници“ за оваа есен, каде неколку ученици ќе се соберат во нечиј дом или двор за да можат да ги научат лично лекциите од некој тутор или учител за кои родителите одвоиле средства да го ангажираат. Иако овој вид договор може да го подобри учењето и развивањето социјални вештини, сепак голем број семејства едноставно не можат да си го дозволат овој трошок – и експертите велат дека ваквите заедници можат да ги влошат постоечките етнички разлики во образованието. Дополнително, овие собири можат да претставуваат и потенцијален здравствен ризик, дури и сите учесници на собирот да носат маски и да ја почитуваат социјалната дистанца.

Друга идеја? „Најдете родител со дете кое учи во истото одделение со вашето, за да тоа дете му биде на вашето партнер во учењето,“ вели Борба. „И договорете време, секој ден, двете дечиња да вежбаат правопис, математика или да го вежбаат сопствениот вокабулар преку Skype или FaceTime.“

Бидете домаќини на семејни вечери со игри

Додека детското или младинското спортување е одложено, најверојатно и во недогледно време, во многу земји во светот, играњето кошарка во дворот со сите членови на семејството, или пак играње игри како што е Монопол, можат да помогнат во гаењето на спортскиот дух дома.

„Имитирајте ги спортските правила додека тренирате заедно: држете се до правилата, нема изговори или критики, играјте до крај, и честитајте му на победникот,“ посочува Борба. „И намерно дозволете си да изгубите за да му покажете на детето како се губи достоинствено.“

Поттикнувајте ја тимската работа

Барајте можности да работите заедно на различни домашни задачи и проекти, вели Борба, за да можете да вежбате соработка и давање поддршка на други. „Планирајте домашни проекти што ја поттикнуваат тимската работа како што се расчистување на старите алишта од шкафот, составување заедничко мени, учење некое семејно хоби, одделување на играчките кои веќе не се потребни за да ги подарите на деца кои имаат потреба од нив, или едноставно играјте игра,“ вели таа. „Но, осигурајте се и дека ги имитирате и охрабрувате тие безвременски коментари поврзани за тимската работа како „Браво!“, „Успеавме!“, и „Да пукне!“.

Дајте му на детето повратна информација веднаш

Ако на пример, вашето дете продолжува да ве прекинува во разговорот со вашиот партнер, тогаш одвојте една минута за да му објасните зошто е важно да го почека неговиот ред за да почне да зборува. Потоа смислете други видови стратегии за да изнајдете начин на кој децата можат љубезно да го привлечат вашето внимание. „Да сте способни да паузирате одредена социјална интеракција, да обезбедите повратна информација и потоа одново да ги направите чекорите во интеракцијата им овозможува на децата одново да почнат и да имаат подобра социјална рамка следниот пат кога ќе се најдат во слична ситуација,“ посочува Смит Крафорд.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -