Македонија: денес тргувајте на берза без провизија

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата иницира одржување на т.н. Инвеститорски ден кој се одржува денес.

Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) и седум членки на Берзата, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

Тргување без трошоци

Одржувањето на Инвеститорскиот ден значи дека на тој ден на тргување на Берзата, сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Поконкретно, на Инвеститорскиот ден сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива.

Потребно е да се исполнат следните услови: Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата. Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен. Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Денес, сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање на трансакциски трошоци, преку следните седум членки на Берзата:

  • Инвестброкер
  • Комерцијална банка
  • НЛБ Банка Скопје
  • Стопанска банка Скопје
  • ТТК Банка
  • Фершпед брокер
  • Шпаркасе Банка Македонија

Иницијативата Инвеститорски ден има за цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

Се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -