Бидете дел од програмата на Европска банка за обнова и развој за поддршка на стартап компании со потенцијал за брз раст – StarVenture

Европската банка за обнова и развој  (ЕБОР) го објави вториот повик за поддршка на старт-ап бизниси од Западен Балкан – StarVenture.

Програмата  Star Venture е создадена со цел да се идентификуваат стартап фирми со висок потенцијал за раст и да се мобилизира експертиза од целиот свет која може да им помогне на новооснованите компании брзо да пораснат.

Програмата ја спроведува ЕБОР, а е поддржана од Министерството за финансии на Луксембург, преку фондот на банката за влијателни мали бизниси. Програмата се спроведува во регионот на Западен Балкан, во партнерство со одбрани регионални акцелератори и ги поттикнува локалните советодавни организации да ја канализираат поддршката и да го подобрат целокупниот екосистем.

Дополнително ЕБОР организира обуки за градење на капацитети на консултанти, како и советување на акцелератори и други организации.

Целта на обуката е да се поддржат новоосновани регистрирани бизниси во рана фаза, кои имаат помалку од две години приход и имаат обрт на средства помал од 1 милион евра. Компаниите што ќе бидат дел од ова програма ќе имаат силна предност во однос на конкуренцијата, ќе се стекнат со знаење како да обезбедат нови приходни канали, бидејќи ЕБОР верува дека со вистинската поддршка компаниите ќе го стекнат потенцијал за брз и меѓународен раст.

Одбраните компании кои ќе аплицираат на повикот ќе им се приклучат на одбрани динамични тимови што работат со инвестиции во рана фаза, и ќе имаат можност да добијат поддршка од искусни ментори во текот на 18 месеци. Со програмата фирмите добиваат пристап до менторство, технички совети, како и совети во поглед на финансиските механизми, пристап до широки меѓународни мрежи на клиенти и партнери од индустријата, претприемачи, извршни директори и влез на меѓународни пазари.

Крајниот рок за аплицирање е 30 септември, 2020 година.

Помош во подготовката на апликациите ќе биде обезбедена од страна на ЕБОР и регионалните партнерски акцелератори.

За повеќе информации за повикот, кликнете на овој линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -