Грижата за децата е клучна за економското закрепнување на жените претприемачи од последиците на Ковид-19

Флексибилни работни договори, понуди за детска грижа што можете да си ги дозволите и обука за нови работни места се клучни аспекти во однос на обезбедувањето можности за жените да закрепнат од рецесијата, посочува Стопанската комора на Онтарио.

Овие идеи се меѓу десетиците препораки што стопанската комора на провинцијата ги наведе во извештај што беше споделен со јавноста вчера, а чија цел е да понуди решенија како жените претприемачи да се справат со огромното влијание на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Здравствената криза до сега предизвика учеството на жените во работната сила да падне на толку ниско ниво што не е засведочено во последните три децении.

Потребна е национална стратегија

Околу 1,5 милиони жени во Канада ги изгубија работните места во првите два месеци од почетокот на пандемијата, а 45 проценти од жените во земјата се соочија со пад на работните часови, извести Кралската банка на Канада во јули.

„Ова не претставува грижа само за жените туку за сите и за економијата во целост,“ вели Клаудија Десанти, виш политички аналитичар при стопанската комора на Онтарио.

„Дефинитивно е време да се премине преку клишеата и… да се развие стратегија.“

Стопанската комора во Онтарио предлага да се направи план за брзо зголемување на просториите за детска грижа во кои можат да се почитуваат препораките за физичка дистанца, да се одвојат средства што ќе се користат за справување со можниот втор бран инфекции со Ковид-19 и да се засилат ресурсите за родителите да можат да ги поддржат нивните деца во учењето на далечина.

Економската организација исто така цели кон долготрајна достапност и пристап до детска грижа, што смета дека треба да биде поддржана од федералната и провинциските влади преку инвестиции, решавање на проблемот со недостаток на едукатори за деца во рана возраст и истражување на можности за воведување детска грижа на работното место.

Неколку од препораките на стопанската комора се фокусираат на детската грижа бидејќи голем број жени требаа да ги напуштат работните места, да ги намалат работните часови или да бараат посебни договори за да можат да го балансираат родителството и нивната кариера, додека некои деца остануваа дома наместо да одат на училиште, објаснува Десанти.

„Домашниот и работниот живот се судрија во последните неколку месеци, и голем број родители ќе ви кажат дека тие две обврски секогаш се предизвик што треба да се балансира, но сега повеќе од никогаш претходно, нема јасна линија,“ додава таа.

„Знаеме дека мајките се справуваат со поголема одговорност во поглед на грижата за семејството, така што прераснува во прашање за родова еднаквост исто така.“

Обуки за жените да можат да работат во нови сектори

Извештајот предлага жените да можат да добијат повеќе можности за флексибилно работно време и шанси да бидат одново обучени во области каде што постојат идентификувани недостатоци, преку користење на податоците од пазарот на трудот, како што се специјална трговија, технологија и инженерство.

Таквите области искусуваат висок раст, но не секогаш на пазарот се нудат како работни места што овозможуваат флексибилност или креативност што им се потребни на жените, Десанти дополнува.

За да се подготват жените да работат во овие област, стопанската комора предлага Онтарио да стане партнер со факултетите и работодавачите за да можат да се понудат заеми, стипендии, субвенции за детска грижа за жени кои сакаат да се стекнат со нови вештини и програми за поддршка што ги унапредуваат жените на патот на нивната кариера, вклучувајќи и пристап до школи, менторство, практикантство и советување.

Финансирање, правни совети, дигитална писменост, пристап до пазар, менторство, професионално вмрежување, набавки и можности за детска грижа исто така треба да им се понудат на жените претприемачи кои често пати се борат да најдат финансиски средства да ги развиваат нивните идеи, посочува комората во извештајот.

Институцијата се надева дека сите бизниси ќе размислат за поставување колективни цели во поглед на диверзитет и вклученост, воведување на компонента на диверзитет во синџирот на набавка и достава и да се вклучат жени во сите тела што носат одлуки кога станува збор за креирање политики.

Жените на маргините во бизнис светот

Предлозите се „срцепарателни“, вели Венди Куки, основач и академски директор на Институтот за диверзитет при Универзитетот Рајерсон, и водечки истражувач во Центарот за идни вештини и Хабот за жени претприемачи.

„Мислам дека е навистина иронично што жените се фалат кога станува збор за Ковид-19 и менаџирањето на одговорот во однос на јавното здравје, но кога станува збор за дискусијата за економско закрепнување, иновации и претприемништво… не гледате баш многу жени,“ вели таа.

Извештајот за кој беше консултиран и нејзиниот институтот ги става потребите на жените на прво место и и` дава надеж дека често пати игнорираните аспекти, како што се стратегии за набавки и обуки, можат да бидат подобро конципирани за жени, додава таа.

Таа истакнува дека сепак постои предизвик: да ги натерате луѓето да преземат нешто и брзо бидејќи ниту пандемијата ниту рецесијата не попуштаат.

Десанти вели дека луѓето би требало да ја почувствуваат итноста во поглед на овие прашања, а не да го гледаат извештајот „како веш листа со препораки“.

„Ова е широка стратегија. Овие работи нема да се случат во следните две недели, туку некои работи ќе почнат сега а други подоцна,“ објаснува таа.

„Се чини како да го вриеме океанот, но се работи за мали чекори.“

Извор:ctvnews.ca

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -