Како да ја усовршите интуицијата и да работите подобро

Дали пред пандемијата на Ковид-19 имавте претчувство дека на кој било начин ќе се соочувате со проблеми на професионално ниво? Дали 3 месеци претходно, вашата интуиција ве поттикна да креирате залихи во фирмата, ако случано се соочите со непредвидени околности? Дали вашата интуиција ви испрати какви било сигнали? Ако одговорот е ДА, дали обрнавте внимание на овие сигнали? Што би презеле ако на време го видовте знакот?

Поврзано:

Развојот на работна интуиција и како нејзиното искористување ќе ви помогне при совладување на предизвиците предизвикани од моменталната ситуација, и како генерално интуицијата ви помага во секојдневната претприемачка или менаџерска работа е темата за која ќе се зборува на вториот по ред појадок за врмежување.

Овој бесплатен вебинар, кој се реализира преку регионалната мрежа на Women in Adria, ќе се одржи на 29.05.2020 година, преку апликацијата Zoom. Како соработник на мрежата за поддршка на женското претприемништво во Хрватска, говорник на настанот ќе биде Ана Кеглович Хорват -дипломиран правник, претприемач, консултант за професионален и личен развој, тренер и учител на техниката “All level healing“, биотерапевт, и Theta healing практичар. Таа е и основач на компанијата AKH Consulting, а позната е по тоа што нејзините предавања секогаш ја воодушевуваат публиката. Таа е еден од најдобрите предавачи во Хрватска, а со својот искрен и суптилен тон ве поттикнува да направите промена.

Пријавете го вашето присуство на следниот линк.

Стресот во време на пандемија, особено кај жените, е огромен

За кратко да го погледнеме вообичаениот работен ден на една вработена жена или жена претприемач. Се обидуваме да се избориме со многу препреки истовремено. Се обидуваме да пронајдеме работа, да заработиме пари, да го наплатиме она што сме го одработиле, да го платиме она што мораме, да склучиме нови деловни договори, да пронајдеме квалитетни соработници, да смислиме нови успешни бизнис идеи, да реализираме проекти, да се бориме со бирократијата, да апсорбираме огромен број на информации, да се грижиме за семејството, да ги одржуваме нашите пријателства, да се грижиме за себе, да вежбаме, готвиме и многу други работи.

Ситуацијата е покомплицирана доколку на ова ги додадеме и важните деловни одлуки кои мора да ги донесеме: кого да вработиме, кого да отпуштиме од работа, да одлучиме која личност е добра за соработка на одреден проект, да се обидеме да разбереме дали некој се обидува да нè измами, дали клиентот ќе ни плати, дали треба да влеземе во нова инвестиција или е време да седнеме, да се напиеме кафе и да почекаме да дојдат подобри времиња.

Стресот се зголемува со секоја нова excel табела која треба да ја погледнеме, дополнително со меиловите од клиентите, телефонските повици, состаноците, секоја нова ситуација во која мораме да носиме квалитетни и добри работни одлуки. Стресот влијае негативно на нашето психичко здравје, прави да ни паѓа концентрацијата, ни ја ослабнува способноста да носиме одлуки и да бидеме креативни, но и да не внимаваме на нашата исхрана и тежина. Стресот е еден од најчестите предизвикувачи на болести.

Интуицијата е клучна при справувањето со сите обврски

Како после ваквите денови да бидеме исполнети и успешни на работа? Како успешните и најдобрите жени претприемачи постигнуваат сè? Како се справуваат со стресот и носат многу одлуки во текот на денот? Не е тајна дека успешните претприемачи, деловни жени и корпорации низ Хрватска, а и ширум светот, користат разни анти-стрес техники и техники за развој на интуцијата за да бидат смирени, сконцентрирани, фокусирани, креативни и ефикасни.Токму вакви примери ќе чуете на предавањето.

Менталната и емотивната хигиена се подеднакво важни за нас, исто како и личната хигиена, а развојот на интуицијата помага во носењето деловни одлуки, особено кога немаме доволно време и информации. Во нашиот образовен систем најмногу се цени знаењето и интелигенцијата, а развојот на интуцијата скоро и да се занемарува.

На сите ни е позната барем една ситуација, кога точно сме знаеле што ќе се случи, иако оние околу нас не ни верувале. Точно сме можеле да претчувствуваме што ќе се случи. И тоа чувство скоро и никогаш не нè разочарува. Што мислите, како би се чувствувате ако знаете како да го искориститите и да се справите со тоа чувство? Да знаете да ја искористите интуицијата на начин кој ќе ви биде корисен на работа? На ова предавање Ана Кеглович Хорват ќе ни покаже како и колку овие техники можат да ни помогнат, а ќе научиме и да применуваме некои од нив.

Повеќе за Ана можете да прочитате на овој линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -