Работете од дома додека децата „ви висат“ над глава

Во сегашниот свет на брзи промени, многумина од нас се приморани да работат од дома. За да стресот биде уште поголем, училиштата и градинките се затворени и децата се исто така, дома.

Поврзано:

Постигнувањето рамнотежа помеѓу работата и забавата кога работите од дома е прилично напорно. А работење од дома во присуство на деца e уште потешко.

Во прилог се неколку совети од namecheap.com како работењето од дома додека децата ви поставуваат милион барања во секунда да го направите полесно и за вас и за нив.

Создадете ваш личен простор

Обидете се да најдете барем некое ќоше дома што може да ви служи како работен простор. Иако можеби чувствувате големо искушение да го користите каучот како канцеларија, вообичаено просторите што се делат заеднички меѓу членовите од семејството создаваат и многу прекини во работата.

Направете сè што можете за да создадете некој вид физичка поделба од остатокот од вашиот дом. Ако треба да користите спална соба или трепезарија, за малку пари можете да купите параван (или самите да го направите), со цел да обезбедите физичка поделба на работниот простор од останатиот дел од собата.

Потоа, поставете правила. На пример: не ги прекинувајте  мама или тато кога работат на бирото.

Запомнете, малите деца се навикнати да си играат со родителите кога се враќаат дома од работа. Кога ве гледаат долго време дома со нив, помислуваат дека е фер од нивна страна да сакаат да се играат и да бидат забавувани. Децата нема до крај да разберат што точно се случува во овие уникатни времиња, па затоа е важно да поставите граници и правила.

Направете распоред

Како дополнување на создавањето работен простор кој само вие ќе го користите, направете распоред за работа и за играње. Семејството треба да ги знае часовите во кои работите и кога планирате да правите пауза.

На пример, можете да им кажете на децата дека ќе работите од 9ч наутро до 11ч, и потоа да направите триесетминутна пауза која ќе ја посветите на играта со нив.

Ако поради вашата работа ви е тешко да креирате ваков распоред, тогаш создадете симбол за тоа кога ќе работите и кога не. Рачно направен знак кој покажува дали сте достапни и слободни е доволно.

Луѓето кои работат од дома ќе ви кажат дека е тешко да се постават граници. Не се враќате дома од работа кога работите дома, и затоа е лесно да бидете вовлечени во постојано работење. Креирањето дневен распоред ќе ви помогне да го надминете ова.

Ако вашите деца се мали и сè уште спијат попладне или си легнуваат рано, размислете за можноста да го претворите нивното време за спиење во ваше работно време.

Но, многу луѓе не се справуваат единствено со децата кои се постојано дома. Можеби ќе треба да направите и распоред за времето поминато со вашиот сопруг!

Носете слушалки

Повеќето не носат слушалки кога се на работа во корпоративна средина. Но сега работите се променија, па можеби е добро време да инвестирате во квалитетни слушалки за домашна уптореба.

Користете ги слушалките за да ја блокирате надворешната врева и да се фокусирате на работата. Ако не сакате да слушате музика додека работите, можете да „симнете“ апликации со т.н. бел шум или други видови звуци што вам ви помагаат да се концентрирате на вашите проекти.

Добро е да купите слушалки што поддржуваат технологија за намалување на вревата. Или, користете слушалки со микрофон ако обавувате голем број повици и присуствувате на видео конференции од дома.

Креирајте систем на награди

Секој се чувствува анскиозно во моментов. Децата се навикнати да бидат во училиште или во градинка, така што овој прекин е тежок и за нив.

Креирајте систем на награди преку кој ќе искажете благодарност доколку тие го почитуваат вашиот работен простор и распоред. Исто така можете да ги наградите ако обавуваат нови домашни задачи, како што е шетање на кучето, раскревување, фрлање ѓубре…

Како пример, можете да им дадете на децата ѕвездичка за секој ден во текот на кој ги почитувале вашите работни правила. Наградете ги со пуштање омилен филм, направете им десерт, или набавете им ја омилената видео игра.

„Симнувајте“ содржина од интернет наместо да ја гледате во живо

Зум состанок, Скајп, Нетфликс.

Вообичаено, повеќето од гореспоменатите платформи не се вклучени во исто време. Но нашата сегашна ситуација различно ги поставува работите, односно сите се дома во исто време и сите сакаат да ги користат овие платформи во исто време. Но, кога станува збор за извршувањето на вашите работни обврски, домашниот интернет мора да е во добра форма за да може да ги поддржи сите ваши работни повици и состаноци.

И Нетфликс и Амазон Прајм им дозволуваат на корисниците да ги „симнуваат“ филмовите и сериите наместо да ги гледаат во живо. Спотифај ја нуди оваа можност за „симнување“ музика. Разговарајте со вашите деца кои серии би сакале да ги гледаат, потоа „симнете“ ги навечер кога не ја користите интернет конекцијата за работа.

Ангажирајте ги децата на проект

Кога знаете дека ќе бидете зафатени, осигурајте се дека и децата се исто така зафатени. Закажете им време за читање, или за гледање филм, или за пишување домашни, односно врмее кое ќе го поминат во различни активности додека вие сте на телефон или видео конференција. Или пак, дозволете им да играат видео игра или да прават други посакувани активности, но само додека работите, за да ги намалите шансите да ве прекинуваат.

Ако сте доволно умни во организирањето на распоредот за сите членови на семејството, тогаш најверојатно сте способни да го одржите мирот дома, барем на некое време!

Не мора да сте суперхерој

Работењето од дома не е лесно, дури и во најдобрите услови. Работењето од дома со целото семејство е уште потешко. На ова додадете ја потребата да ги поттикнувате децата да учат додека се на продолжен распуст од училиште и добивате рецепт за висок притисок кој ќе ги натера дури и најорганизираните да се откажат поради фрустрација.

Запомнете дека и пандемијата ќе помине. На долг рок, менталната добросостојба на вашето семејство е поважна од тоа да бидете сигурни дека нема да изостават дел од училишните лекции. Сите сме во истиот чамец.

Иако можеби имате амбиции децата да учат настава дома, сконцентирајте се на целокупната добросостојба прво. Не мора да сте суперхерој. Само потрудете да дадете сè од себе, со следење на овие едноставни правила.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -