За бестрашните лидери патувањето никогаш не престанува

Ако успехот ви е навистина важен, тогаш нема да бидете задоволни да останете на местото каде што сте во моментот. Мора да има раст и напредок. Морате да се соочите со вашите стравови. На ова мислиме кога зборуваме за патот на станување лидер, смета Брендан П. Киган, извршен директор во Merchants Fleet, кој неодамна ја доби наградата за најиновативен извршен директор од страна на Светски награди за извршни директори во САД.

Но, имам проблем со терминот „патување“, односно начинот на кој го користиме за да посочиме на развој, продолжува Киган. Склони сме да мислиме дека терминот „патување“ подразбира јасно дефинирана крајна точка. Така што, кога слободно го употребуваме овој збор во контекст на лидерството, тој оддава впечаток дека постои крајна дестинација кон која сте насочени на одреден очекуван начин, кога сте целосно зрели и каде секогаш ќе пливате со „најголемите риби“.

Во вистинскиот свет, никогаш нема вистинска крајна точка на патот на лидерството. Никогаш нема крајна дестинација кога можете да кажете дека сте завршиле работа или дека сте 100% подготвени за се`. Не знаете каде ќе завршите на крај или како тоа ќе изгледа. Трансформацијата никогаш не запира.

Подготвеноста не ве прави бестрашни, туку учење во понизност

Дел од проблемот со начинот на кој луѓето му пристапуваат на лидерството е дека голем дел од бизнисот ве учи силно да се фокусирате на справување со ризик. Дали морате да го правите тоа? Секако. Но, некаде на полпат, добиваме порака дека ако само се подготвиме доволно добро ќе знаеме како да решиме се`. Подготвеноста станува наш начин на справување со стравот од загуба, стрес и несигурност.

За навистина да бидете бестрашен лидер, морате да ја прифатите идејата дека нема секогаш да знаете како да решите се`. Ќе треба да признаете дека секогаш ќе има ситуации што не сте ги предвиделе, или за кои ги немате вистинските информации или ресурси за да се справите со нив. Тоа е понизност. Но, потоа ја користите таа понизност за да се посветите на промената и за да им дозволите и на другите да ве научат нешто и да ве поддржат.

Како пример, кога бев на моето прво светско патување, мојата цел беше да им помогнам на колегите во Обединетото Кралство, Германија и Франција да се справат со проблемот на раст. Имав одличен, добро осмислен план како да го постигнеме тоа.

Бидејќи мислев дека знам што треба да правам, веднаш се фатив за работа. Но, но не мислев дека културните разлики ќе бидат толку големи. Мојот добро осмислен план се претвори во „ние тука така работиме“. Тоа беше проблем за кој не бев подготвен и не знаев веднаш како да се справам со него.

Во таа ситуација, наеднаш почнав да се сомневам во себе. Се плашев од неуспех. За среќа, со мене беше и мојот пријател Џон. Тој имаше патувано на патот на лидерството подолго од мене. Тој ми помогна да го скротам конфликтот и подобро да го комуницирам мојот план. И на крајот на патувањето, научив нешто клучно што знаев дека ќе ми помогне во лидерството во иднина. Ако само се однесував тврдоглаво како да немаше каде да одам во тој момент, тогаш навистина немаше да успеам.

Со многуте прилики да учите, самодовербата се подобрува со тек на време

Во текот на кариерата, можете да имате десетици или дури и стотици моменти во кои можете да апсорбирате вредно знаење. Но, од вас не се очекува да седнете, да ги ставите нозете на маса и да го смирите егото. Напротив, од вас се очекува да согледате како сите тие моменти се заемно поврзани и да одлучите каде ќе се упатите во следниот момент. И што повеќе патувате по патот на лидерството, толку повеќе ќе ви биде удобно во тоа да трпите влијание и како лидер и општо во вашиот живот. Несигурноста ќе престане да биде толку силна, ќе имате повеќе верба во вашата способност да се приспособувате и бестрашноста природно ќе си дојде.

Така што, качете се на возот. Тој нема да застане, но патувањето е прекрасно.

Извор:

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -