Како да им пристапите на стрес факторите за да се подготвите за успех

Нашите врели копчиња постојано се притискаат. Луѓето не` навредуваат, ситуациите не излегуваат така како што сме се надевале и стресот се активира, пишува Бјанка Финкелштајн, извршна директорка на High-Rise Soul Academy, која им помага на идните лидери да ја користат сопствената интуиција и да ја откријат нивната вредност.

Стрес факторите не` преплавуваат и не исфрлаат од рамнотежа. Зошто? Бидејќи во моментите кога се активираат стрес факторите одеднаш сме преплавени со мисли чија основа е страв, како и емоции и сензации што не` ставаат во „реактивен“ начин на функционирање.

На факторите одговорни за реактивната состојба реагираме со осуда и кривица. Ги гледаме како извор на нашата болка и проблеми, и како самата причина зошто не можеме да го добиеме тоа што го сакаме.

Кога го правиме тоа, стануваме жртви. Го гледаме животот како нешто што нам ни се случува – а успехот како прашање на среќа. Тоа, за возврат, е начинот на кој ги претвораме нашите животи во борба и го преземаме идентитетот на „неуспех“.

Прифатете ги стрес факторите

Кога некој ќе ви каже да ги претворите вашите пречки во можности, дали на кратко чувствувате инспирација а потоа сте збунети затоа што не сте сигурни како тоа може да се случи? Или пак можеби реагирате на нешто што звучи како премногу едноставен совет?

Советот не е премногу едноставен. Оправдувањето на нашите реактивни чувства и мисли е правилно – а отфрлањето на наследената вредност на стрес факторите е начинот на кој си го комплицираме животот. Наместо тоа, треба да бидеме љубопитни за нашите стрес фактори и да набљудуваме што тие откриваат за нас во поглед на лажни верувања.

Едноставно кажано, стрес факторите се огледало. Дури и оние кои сакаме да ги отфрлиме како банални можат да посочат кон лажните верувања што не` спречуваат да постигнеме успех. Секој стрес фактор што се појавува е можност да се види во самите нас нешто на кое му е потребно нашето внимание и помирување, за да можеме да ги оствариме нашите цели.

Како да знаеме дека стрес факторите никогаш не се причина за нашиот неуспех? Бидејќи двајца кои се среќаваат со истиот стрес фактор може да реагираат на многу различен начин. Едното лице може да експлодира, додека другото ќе си замине како ништо да не се случило.

Никогаш не станува збор за стрес факторот. Станува збор за тоа што сме индивидуално предодредени да реагираме на него со болни мисли, чувства и сензации. Станува збор за нашите потсвесни лажни верувања.

Нашите лажни верувања навистина се единственото нешто што стои помеѓу нас и она што го сакаме. Често пати мислиме дека ако ја имама вистинската стратегија тогаш го имаме и клучот за успехот. Сепак, една стратегија функционира само кога е поддржана од верувања кои зборуваат за нашиот целосен потенцијал и вредност.

Дополнително, вообичаено може да функционираат повеќе стратегии, но во отсуство на верувањата што даваат поддршка, ниту една од нив ќе обезбеди резултати.

Еднаш работев со жена која се трудеше да заработи преку нејзините креативни проекти. Нејзините креации беа апсолутно брилијантни и не им недостасуваше ништо во поглед на квалитет или содржина. Го зголеми работното време и користеше различни продажни места, но без разлика колку се обидуваше, со години не можеше да продаде нешто.

И потоа, еден ден почна вредно и посветено да се фокусира на нејзините стрес фактори. Без разлика дали тие беа иронични забелешки на маж и`, нељубезниот клиент на каса, или непријатен сон, секој фактор го истражуваше се` додека не го откри лажното верување што беше самиот извор на нејзината реактивност.

Во текот на неколку недели, таа ја откри самата суштина на повеќето нејзини стрес фактори. Лажното верување дека ништо не е доволно добро, го неутрализира веднаш штом го призна. Следејќи ги нејзините фактори неколку месеци, таа на крајот беше во можност да ги идентификува сите прикриени однесувања со кои се победувала себеси и кои беа вистинската причина за нејзиниот неуспех.

Речиси веднаш, таа „магично“ наиде на конкретните ресурси и поддршка што и` беше потребна да го започне бизнисот и сега е на патот кон финансиска слобода.

На површината, можеме да сакаме нешто многу силно, а истовремено да не ги забележуваме внатрешните „чудовишта што не` саботираат“. Под нашите желби, најверојатно ќе најдеме ограничени верувања што го водат шоуто и ги диктираат исходите. Кога тие ограничени верувања се носат на површина, создаваме простор да направиме нови, охрабрувачки избори што всушност ги подобруваат нашите околности.

Плаќаме висока цена за игнорирањето на одразот на нашите стрес фактори. Одново и одново го преживуваме нашиот неуспех и загубите стануваат се` поголеми.

Лекот е да се прифати фактот дека стрес факторите речиси секогаш покажуваат кон некој аспект на самите нас на кој му е потребна нега, и да се знае дека се` е тука за да ни помогне да растеме. Овој начин на размислување не` преместува од тоа да се сфаќаме себеси како жртва во тоа да се сфаќаме себеси како креатор, создател.

Токму на овој начин се подготвуваме себеси со точно тоа што ни треба во точното време кога ни треба, и тогаш успехот станува неизбежна реалност.

Извор:Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -