Жените претприемачи учат практични техники за вмрежување и создавање партнерства

Што претставува деловното здружување, зошто е тоа корисно за развојот на вашиот бизнис, како да ги искористите искуството и знаењето на луѓето кои ги запознавате професионално, зошто новите партнерства значат нови хоризонти за вашата компанија беа главните теми на дискусија на вчерашниот интерактивен настан „Техники за вмрежување и создавање партнерства“, во организација на ЦЕЕД Хаб Скопје.

Во рамки на Проектот за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери, поддржан од амбасадата на САД, се одржа месечен состанок чија цел е да овозможи полесно меѓусебно запознавање и остварување соработка помеѓу жените основачи на бизниси и жените на раководни позиции. На настанот, дваесетина жени имаа можност практично да го применат новостекнатото теоретско знаење за конкретни методи и начини за вмрежување, чија крајна цел е успешно партнерство и раст на бизнисот.

Поддршка и раст на женското претприемништво во земјата

Целта на Проектот за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери е намалување на влијанието што Ковид-19 го има врз бизнисите водени од жени и да овозможи постојана поддршка на жените претприемачи и менаџери. Жените сопственици на бизниси и жените на раководни структури во различни компании од целата земја ќе имаат прилика да ги надградат сопствените професионални вештини и можност да придонесат во подобрувањето и ефикасноста на организацијата за која работат. Проектот што се спроведува од септември 2020 година, имплементира специјална програма за градење на капацитетите на жените претприемачи, дизајнирана во согласност со потребите на претпријатијата во сопственост на жени или кои се раководени од жени.

Покрај можноста за учество на интерактивни работилници за подобрување на работењето на компанијата и за надградување на сопствените менаџерски вештини, редовните месечни состаноци на кои се покриваат теми од непосреден интерес, и можноста за соработка со ментори и експерти од различни земји, фокусот на проектните активности е основање и овозможување практична и постојана помош на оние сопственички на бизниси, основачки и жени на раководни позиции кои сакаат да бидат дел од ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери. Доколку сакате да бидете член на Клубот, потребно е да го пополните формуларот онлајн.

Меѓудругото, новите членки на Клубот на жени претприемачи и менаџери имаат можност да го промовираат сопствениот бизнис и да стекнат дополнителна видливост и нови клиенти преку објави на нашиот портал, чија цел е да се истакнат инспиративните позитивни примери и успешни приказни.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -