Денес се очекува бројот на смртни случаи од коронавирус да стигне 10,000

Стапката на смртност предизвикана од инфекција на коронавирус во Италија, во последните 24 часа скокна за 427 случаи. Сега, вкупниот број на починати лица таму изнесува 3,405, што е повеќе од вкупниот број на смртни случаи до сега регистрирани во Кина, извести Ал Џезеира.

Поврзано:

На планетата Земја, вкупниот број на лица кои починале од COVID-19 е близу 10,000.

Бројот на смртни случаи регистриран во четвртокот во Италија е само малку подобар од стапката на смртност претходниот ден кога се регистрираа 475 случаи во еден ден!

Вкупниот број на инфицирани лица со коронавирус во Италија исто така се исчаки на повеќе од 41,000, додека случаите во Германија, Иран и Шпанија се ближат до 15,000 во секоја од земјите.

Бројот на мртви од коронавирусот ќе продолжи да се зголемува

Во САД бројот на регистирани случаи е над 13,000, додека бројот на смртни случаи е 200. Ваквата состојба ја натера државата Калифорнија да нареди затворање на целата земја.

Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, повеќе од 240,000 лица низ целиот свет се потврдени случаи на инфекции со коронавирус, од кои барем 85,000 успеале да закрепнат од болеста, додека пак повеќе од 9,8000 починале од истата.

Кога ќе се собере бројот на сите починати лица од COVID-19, се очекува во текот на денешниот ден бројот на смртни случаи од коронавирус, на планетарно ниво, да се искачи над 10,000.

смртни случаи

Во меѓувреме, со цел спречување на ширењето на заразата со коронавирусот, Турција ги одложува сите масовни настани поврзани со наука, култура и уметност до крајот на Април со декрет на претседателот Реџеп тајип Ердоган.

Во Австралија се засилуваат мерките за социјално оддалечување и властите бараат објектите во кои се организираат настани на затворено да обезбедат барем 4 метри простор по лице.

Одржувањето на Олимписките Игри во Јапонија е неизвесно

Олимпискиот оган стаса во Јапонија од Грција на скромна церемонија организирана на воздухопловна база на северот на земјата. Пламенот, кој се пренесуваше во специјален канистер, слета во Јапонија сред зголемени сомнежи дека Олимписките Игри ќе започнат на 24 јули годинава според планираното.

смртни случаи

За да се справи со последиците од COVID-19, мисијата на Иран во Обединетите Нации ја притиска меѓународната заедница да изврши влијание врз САД со цел итно подигање на санцкиите врз земјата за да може да увезе лекови и медицинска опрема која ојачно и` треба, бидејќи оваа земја е една од најсилно погодените во светот од пандемијата на коронавирус.

Во Кина новите случаи не се од домашно потекло

Кина извести дека има нови 39 случаи на заразени лица со коронавирус, а сите се увезени од странство. Ова е втор ден како нема нови домашни заразени лица со COVID-19. Бројот на увезени случаи на заразени лица со коронавирус во Кина е 228. 

Мексико и САД преговараат како ограничувањата во патничките движења на јужната граница на Америка да не ја „парализираат економската активност, и да ја остават границата отворена за трговија и работници“ во екот на пандемијата.

Јужна Кореа извести дека има 87 нови случаи на заразени лица и 3 смртни случаи од коронавирус, што значи дека вкупно има 8,652 регистрирани случаи на инфекција со COVID-19 и 94 смртни случаи предизивикани од истата. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -