Листа филмови што секоја жена треба да ги изгледа барем еднаш

Време на пандемија. Седиме дома, смислуваме активности како да не ни биде досадно а домот притоа да не се претвори во циркус, консултираме листи со рецепти, со домашни намирници, со хигиенски средства, со пријатели…. Меѓу сите тие листи, не е на одмет да го погледенете и спискот филмови кои секоја жена треба да го изгледа барем еднаш во животот, бидејќи станува збор за дела кои, и покрај примарното задоволство што ни го нудат како добар избор на актери и добро напишано сценарио, успеаваат и да не` инспирираат, некогаш да не` водат низ тешки животни избори, но и да не` подучат и да ни проговорат на одредено подлабоко емотивно ниво.

Поврзано:

Според некои критичари, филмот е многу моќна алатка, многу повеќе отколку сме свени за неа – одредени сцени, дијалози, визуелни решенија не само што се врежуваат во нашата свест, туку и потсвест, и оттука, несвено влијаат на некои наши избори, согледби, перцепции…

Секако, нашата листа е далеку од сеопфатна, но секако е добра појдовна точка за размислување. Погледнете ја.

1.  „Појадок кај Тифани“ (Breakfast at Tiffany’s) – 1961 год.

Одри Хепберн во улога на Холи Голајтли е една од најзапаметените филмски улоги кога било релизирани во светот на филмот. Приказанта за девојка од мало место која успева во големиот град благодарение на нејзините социјални вештини е стара и добро позната, но токму затоа е и толку добра, бидејќи е запишана и раскажана на начин на кој секој може да се препознае во приказната.

2. „Девојка од милион долари“ (Million Dollar Baby) – 2004 год

Малкумина се тие кои нема да заплачат на крајот од филмот кога ликот кој го толкува Хилари Сванк добива фателен удар во глава. Филмот доби неколку Оскари, а главниот лик на девојка од село од Мисури чија животна амбиција е да стане светски позната и успешна боксерка допира до сите кои го гледале ова дело.

3. „Улицата Малхоланд“ (Mulholland Drive) – 2001 год

Режисерот Дејвид Линк е мајстор за мистерии и надреални сцени, така што овој филм е вистинско честење за сите дами кои го сакаат овој жанр. Оваа приказна раскажана во стил на нео-нуар филм за жена која го губи сеќавањето откако ќе доживее автомобилска несреќа ќе ве натера да поставувате многу повеќе прашања од оние што сте мислеле дека ќе ги имате на почетокот на филмот. Ова е одличен психолошки трилер и со сигугност ќе ви се допадне!

4. „Сината е најтоплата бојa“ (Blue Is The Warmest Color) – 2013 год.

Оваа приказна за растење и созревање на една млада жена која се помирува со својата сексуалност, се поклопува со барањата и активностите на ЛГБТ заедницата денес и социјалните неправди со кои се соочуваат тие лица.

5. „Седумгодишниот сврабеж“ (The Seven Year Itch) – 1955 год

Овој филм е ставен во оваа листа затоа што повеќето ја знаат познатата сцена на која Мерлин Монро во бел фустан стои над градска вентилација која дува и и` ги открива нозете, отколку за романитчната комедија за оженет жител на Њу Јорк чијашто жена е отустна во текот на летото, а тој е приморан да си ја скроти фантазијата кога во зградата се вселува атрактивна соседка која сака да се спријатели со него.

6. „12 години роб“ (12 Years a Slave) – 2013 год

Овој срцепарателен филм кој ви го одзема здивот ја прослави Лупита Нјонг’о во центарот на шоубизнисот во Холивод. Иако некои сцени од филмот се особено тешки за гледање, сепак тие раскажуваат за судбината на Афроамериканците и третманот кој го добивале од белите робовладетели. Не за џабе овој филм се закити со Оскар за најдобро филмско остварување.

7. „Сексот и градот: филмот“ (Sex And The City: The Movie) – 2008 год

Иако можеби сметате дека нема голема длабочина во серијата и во филмот, сепак овие остварувања одбележеа генерации и генерации девојки. Сепак можете бајаги да научите за бракот, животот на возрасните и тешките обврски, како и важноста да се имаат пријателки кои ве поддржуваат во сё.

8. „Титаник“ (Titanic)  – 1997 год

Овој епски филм, можеби најпознатото остварување на Џемс Камерун, ги содржи сите можни елементи на филм кој ем забавува, ем поучува, ем е складно направен, ем сценариото е добро, ем сцените се богати и импозантни… Не можете а да не се вљубите во приказната што им се случува на ликовите кои ги толкуваат Леонардо Ди Каприо и Кејт Винслет и кога на крајот тој го жртвува неговиот живот за да ја спаци неа..

9. „Убавицата на денот“ (Belle De Jour) – 1967 год

Насловот на овој филм, кој е на француски, сугерира дека главниот лик кој го игра Катрин Данев е проститука во текот на денот, а не за време на ноќта како што вообичаено би се очекувало. Овој филм е интересен бидејќи нејзиниот лик, презема целосна контрола врз сопствениот сексуален живот и фантазии, кои не може да ги дели со нејзиниот сопруг со тоа што работи во бордел.. Оттука, приказната станува уште покомплексна..

10. „Ѓаволот носи Прада“ ( The Devil Wears Prada) – 2006 год

Скоро секој во текот на сопствениот живот се соочил со ваков ѓаволест шеф како што е Мерил Стрип во овој филм. Но убавината на филмот е сконцентрирана во ликот на Ен Хатавеј и како таа се изборива со фактот дека работата не треба и не мора да и` го контролира животот. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -