Коронавирусот предизвика прогласување вондредна состојба

Претседателот на нашата држава, Стево Пендаровски, вчера пред јавноста ја соопшти одлуката да се прогласи вонредна состоба, првпат по осамостојувањето на државата.

Поврзано:

Одлуката се носи со цел поефикасно искористување на државните ресурси во борбата против коронавирусот.

Пендаровски рече дека ни претстојат тешки денови и дека сите, институциите, политичарите, стопанството и граѓаните, мора да бидат подеднакво одговорни, секој во својот домен. 

Техничка влада продолжува

Вонредната состојба ќе трае 30 дена, период во кој Владата ќе продолжи да функционира како техничка но ќе има зголемени надлежности. 

вондредна состојба

„Фактот што првпат од нашата независност прогласуваме вонредна состојба, укажува колку е сложена ситуацијата во земјата. Владата ќе продолжи да функционира како техничка, а тоа е можност да покажеме на дело дека кога станува збор за ваква опасност, без преседан, сите политички партии можат да работат заедно за заштита на здравјето на луѓето без да се грижат за својот политички рејтинг,“ посочи шефот на државата. 

Тој укажа дека грѓаните треба да бидат дисциплинирани и одговорни, да не излегуваат од дома без позначајна потреба, да ги следат информациите од надлежните и доследно да ги почитуваат препораките. 

Извршното тело ќе носи уредби со законска сила

Пред истекот на 30-те дена, Пендаровски очекува Владата да му поднесе детален извештај за ефектите од преземените мерки и образложен предлог за потребата од евентуално продолжување на вонредната состојба за дополнителни 30 денови. 

„Во вонредна состојба Владата ќе може да носи уредби со законска сила, со цел, да воведе поголеми ограничувања во движењето на луѓето и особено да обезбеди поголеми средства за поддршка на економијата која влегува во исклучително кризен период,“ образложи претседателот.Епидемијата значително ги оптовари ресурсите на државата и веќе во овој момент, штетите за фирмите кои не работат се огромни. Тука Владата мора да понуди значителна помош и поддршка,“ напомена претседателот.

вондредна состојба

Одложени избори

Во своето обраќање, Пендаровски рече дека изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика. 

„Апелирам до сите граѓани на нашата заедничка и единствена татковина, да бидеме смирени, одговорни и солидарни еден кон друг. Ако си помагаме и ако се држиме заедно, сигурно ќе ја пребродиме и оваа тешка ситуација како многупати досега во нашата историја,“ подвлече претседателот. 

Барање за воведување вонредна состојба побара Владата, а со таков став претходно излегоа и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Предлогот на Владата за воведување вонредна состојба го соопшти и образложи премиерот Оливер Спасовски на прес конференција. Потоа, беше доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери кој го проследи до Пендаровски.


поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -