Неколку мудри мисли што ќе ве натераат да го погледнете животот со малку поинакви очи.
Животот не е проблем што треба да се реши, тој е реалност што треба да се искуси.
Само 10% од животот е тоа што се случува, останатите 90% се вашата реакција на случувањата.
Не треба да живеете за очекувањата на другите, ниту пак да очекувате другите да ги исполнат вашите очекувања.
Единствениот хендикеп во животот е негативниот став.
Не судете го денот по набраниот род, туку по посеаното семе.
Најголемата авантура во животот е да го живеете вашиот животен сон.
Смислата на животот не е во пронаоѓањето на себе си, туку во креирањето на сопствената личност.
Луѓето тешко ја пронаоѓаат среќата, затоа што го гледаат минатото подобро отколку што било, сегашноста полоша отколку што е и иднината понеизвесна отколку што ќе биде.
Животот е експеримент. Колку повеќе екперименти направите толку поуспешен ќе биде.
Без разлика каде сте, со кого сте, што и како се случило, секогаш можете да свртите нов лист и да добиете втора шанса.
Фото: Pixabay