Добрите лидери често им оддаваат почит на нивните вработени

Во денешната професионална средина што постојано еволуира, луѓето вложуваат големи напори само за да го одржат темпото на работа. Транзицијата кон свет по Ковид е застрашувачка за секој; начинот на кој водиме бизнис сега, што мислевме дека ќе биде привремено приспособување, станува новото нормално. Можеби го искусуваме ова повеќе од една година, но се` уште има многу работи што треба да ги научиме, пишува Магдалена Новицка Мук, извршен директор на Меѓународната федерација за обуки (International Coaching Federation).

Транзицијата кон работа-од-дома беше стресна за голем број професионалци, што пак резултираше со атмосфера на речиси хронична анксиозност.

Добрите лидери брзо научија дека оддавањето почит е една од најдобрите позитивни мотивации, и важна алатка што му помага на тимот да ја надмине несигурноста. Исто така научивме дека признанијата не треба да бидат опсежни или скапи, туку автентични, искрени и заслужени. Тоа служи како одлична алатка другите да учат и како начин да се надмине менталната исцрпеност во насока на чувство на инспирација.

Често оддавајте им признание на вашите вработени за добро сработената работа

Сегашната тешкотија, не е лидерите да станат свесни дека признанието има вредност, туку да се охрабрат да го обезбедуваат почесто.

Иако обуките можат да им помогнат на менаџерите да ги најдат најдобрите можности за инспирација на нивните тимови со пофалба, оддавањето почит директно на вработените за нивната добро сработена работа може да биде лесно:

  • кажете му на вработениот што точно било направено исправно;
  • кажете му на вработениот зошто неговото однесување е важно и ценето;
  • застанете за момент за да го прославите успехот;
  • охрабрувајте го позитивното однесување за да се повтори.

Не само што признанието е едноставен модалитет, но и неговите награди се важни, со што се негува поголемо чувство на цел во работната недела на вработените. Четириесет проценти од вработените Американци би вложиле повеќе енергија во нивната работа ако добиваат признание почесто, посочува една скорашна анкета од ОГО, додека 63% од вработените кои добиваат признание многу малку се склони да бараат нова работа, открива анкетата спроведено од Survey Monkey and Bonusley на 1500 вработени Американци. Спротивно на ова, недостаток на оддадена почит може да ги мотивира професионалците да бараат вработување на друго место.

И покрај очигледната корист и релативната леснотија на оддавањето почит, признанието има одреден заклучок што не е секогаш така директен.

За да се развие вештината за пофалба и обезбедување конструктивна критика, лидерите се` повеќе посегнуваат по професионални обучувачи и тренери за насоки.

Лидерите мора да поседуваат меки вештини

Бидејќи вработените гледаат на нивната работна средина како место каде е востановена цврста структура, дури и кога се чувствуваат дека помалку контролираат други аспекти во нивните животи, свесноста за себе, слушањето, инклузивното носење одлуки, и слични меки вештини сега стануваат најважните карактеристики на менаџерите. Обучувањето им помага на лидерите да воведат лични и организациони промени со тоа што им обезбедува поддршка и ги тера лидерите да бидат фокусирани на постигнувањето специфични цели.

За менаџерите, односот со обучувачот е искуство преку кое се стекнува знаење за тоа како да се водат отворени разговори што тангираат вистински предизвици и секојдневни проблеми што произлегуваат на работното место. Обучувачкиот процес може да им овозможи на лидерите да се стекнат со нови перспективи и разбирање за тоа како се сфаќа нивната порака и што нивното оддавање почит на нивните тимови значи за нив.

Со текот на годините атрибутите на лидерството се имаат променето, и сегашната светска здравствена криза и поврзаните економски и политички околности повикуваат кон уште една значајна промена во тоа како луѓето се претставуваат како лидери. Дали тие треба да се одлучувачи? Да, но и инклузивни. Цврсти? Дефинитивно – но исто и храбри.

Лидерството сега исто така значи дека лидерите се способни да се покажат ранливи, да слушаат внимателно и да покажат голем интерес во развојот на луѓето со кои соработуваат. Давањето позитивни повратни информации им покажува на најблиските соработници дека нивните менаџери се на нивна страна и дека сакаат да успеат. Кога луѓето знаат дека нивниот менаџер делува како нивен адвокат, добри работи се случуваат за сите.

„Како лидер на луѓе, морате да бидете одличен слушател и одличен мотиватор,“ има кажано во една прилика Сер Ричард Брансон. „Луѓето не се поразлични од цвеќињата. Кога ги наводнувате цвеќиња, тие процветуваат. Ако ги фалите луѓето, тие процветуваат. И ова е клучна карактеристика на еден лидер“.

Способноста да се даде пофалба, што според Сер Ричард Брансон е најважниот атрибут на еден лидер, е нешто со кое професионалниот обучувач може да му помогне на лидерот да се развива и одржува. За лидерите кои треба да пливаат во несигурни води и ги мотивираат нивните тимови кон споделен успех, професионалното обучување функционира.

Извор: Harvard Business Review

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -