Зошто следбениците на социјалните медиуми можеби нема да ви станат клиенти, но сепак се важни

Социјалните медиуми се важни, но дали некогаш се запрашуваме зошто? За некои, причината е јасна. Откако ќе ги анализираат нивните канали за привлекување нови клиенти откриваат дека социјалните медиуми се неверојатно вредна алатка и дека претставуваат директен извор на клиенти. Врската меѓу социјалните медиуми, продажбата и растот лесно се создава, вели Фиби Смит, новинарка која пишува за иновативни стартап компании и начинот на кој тие ги охрабруваат нивните вработени за да решаваат реални проблеми.

Сепак, многумина од нас сме соочени со сознанието што е тешко да се проголта. По сите наши напори да создадеме интересна содржина со цел да го зголемиме бројот на посетители на профилот или сајтот, социјалните медиуми ни носат помалку „сообраќај“ и разговори од очекуваното. Тешко е да не се запрашаме зошто ги ставаме сите наши ресурси на социјалните медиуми на прво место.

Пред да се впуштите во решавање на ваквата вообичаена ситуација, треба да знаете едно нешто: иако следбениците на социјалните медиуми можеби нема да ви станат клиенти, тие сепак се важни и сега ќе ви откријам зошто:

Свесност за брендот

Дали сте ја чуле изреката: „Ако дрво падне во шума и никој не го види тоа, дали навистина воопшто паднало?“. Можеме да го примениме истиот начин на размислување и на свесноста за брендот. Ако вашата стартап компанија функционира одлично но вие не успевате никому да кажете за тоа, луѓето едвај и ќе забележат што правите вие. Социјалните медиуми обезбедуваат совршени платформи преку кои луѓето се интересираат за она што вие го правите. Тие исто така претставуваат и простор без конкуренција кога станува збор за развивање на приказната на вашиот бренд. Ако не успеете да ве забележат, тогаш ризикувате да ги изгубите и тие што веќе ве следат.

Конкуренција, зрелост на брендот и доверба

Ова не` води до следната поента. Можеби вашите клиенти не доаѓаат до вашите производи или услуги преку социјалните медиуми, но сигурно ќе ги користат како референтна точка пред да купат нешто. Истото важи и за потенцијалните партнери, вработени… листата е неисцрпна. Ако вашите канали на социјалните медиуми се активни, со голем број следбеници, со содржина и ангажираност од страна на публиката, тогаш е многу полесно потенцијалните клиенти да дознаат и да сакаат да научат повеќе за вашиот бренд.

Солиден број следбеници и заедници на социјалните медиуми оди рака под рака со зрелоста на брендот и довербата. Ако можете да ја позиционирате вашата стартап компанија како предводник во начинот на размислување во која и да е областа во која работите, потенцијалните клиенти имаат поголеми шанси да и` веруваат на вашата мисија, производ или идентитет. Поради ова, во многу случаи, солиден број ангажирани следбеници на социјалните медиуми е дел од создавањето зрел и конкурентен бренд.

Оптимизација на пребарувачкиот механизам и органски сообраќај

Големиот број следбеници исто така може да биде корисен кога станува збор за техничкиот дел од содржината. Ова се должи на фактот што пребарувачките механизми (мотори) всушност ги земаат предвид споделувањата од вашиот профил кога ја рангираат вашата содржина. Колку повеќе ангажирани следбеници имате, толку се поголеми шансите дека вашата содржина е споделена, и како последица на ова вашиот сајт е рангиран повисоко на пребарувачките мотори. Бидејќи е потребно време да се создаде солидна органска позиција, социјалните медиуми можат да бидат навистина корисна алатка која помага во овој процес во голема мера.

Профил на следбеници

Значи, вашите следбеници не се неопходно и ваши клиенти (се` уште), но тие можат да ви обезбедат корисни увиди. Што повеќе следбеници имате, толку се поголеми можностите да развиете разбирање за тоа кој е заинтересиран во вашиот бренд и како влегува во интеракција со вашата содржина. На пример, можеби по истражувањето и анализата на вашите следбеници почнувате да гледате зголемување кај одредена демографска категорија за која никогаш не сте биле свесни дека може да се поврзе со вашиот бренд. Можете исто така да ја искористите и тестирате таа информација на неколку начини, меѓу кои и да ја земете оваа демографска категорија предвид кога ќе правите можни измени во вашиот производ или маркетинг стратегија.

Следбениците имаат следбеници

Последната порака е дека следбениците имаат следбеници… кои имаат следбеници. Со зголемување на бројот на лицата кои ве следат на социјалните медиуми го проширувате досегот и влегувате во нови простори полни со потенцијални клиенти и партнери. Ова секако, не` води назад до свесноста за брендот.

Така што, ако бројот на вашите следбеници расте но не гледате директен ефект во продажбата како што сте очекувале, застанете за момент и размислете за другите видови корист што можете да ги извлечете. Прифатете ја вашата нова социјална заедница и најдете ефикасни начини да произведете содржина што ќе продолжи да ги зголемува бројките.

Извор: www.eu-startups.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -