Врвни експерти објаснуваат како да се справите со претприемачката анксиозност

Започнувањето нов бизнис е неверојатно стресно. Целата таа тежина на вашите рамена може да доведе до анксиозност. Ако не се справите со неа на време, тогаш може да предизвика уште посериозни проблеми што ќе ве спречуваат на патот до успехот што сте го зацртале пред вас.

Додека анксиозноста можеби секогаш ќе биде дел од претприемачкиот процес, не мора да значи дека треба да го попречува. Во оваа статија, членовите на Советот обучувачи на Форбс споделуваат ефикасни и моќни начини како претприемачите да ја надминат и да се справуваат со анксиозноста која секогаш ќе биде неизбежен дел од патувањето.

Одвојте време за планирање сценарио

Претприемништвото навистина може да биде стресно. Кога вашата егзистенција целосно зависи од бизнисот, тогаш може да ве обземе чувство на несигурност. За да надминете барем дел од таа анксиозност, одвојте време за планирање сценарио, донесете цврста одлука за прагот на ризик, односно што сте подготвени да изгубите, и повеќе од се`, секогаш навраќајте се на причината поради која сте го започнале бизнисот и бидете сигурни дека таа се` уште важи. Ако не, пронајдете друга! – Индиа Гари од Мартин од Leadership For Life.

Тренирајте емпатија кон себе

Позитивниот разговор со себе што води кон лична емпатија е еден од најефикасните начини за претприемачите да ја надминат неизбежната анксиозност. Грижата и личното уверување дека крајните резултати се постигнати е одличен начин да се манипулираат однесувањата и може да послужи како внатрешен прилагодувач на ставовите на кој можете да се потпрете – Абрахам Куреис, од Д-р Абрахам Куреис.

Вметнете флексибилност во вашиот план

Претприемачот секогаш плови по море на несигурности поради новините и младоста на проектот. Основен метод за намалување на овие ризици е што е можно подетално планирање за да се олесни способноста на бизнисот што повеќе да еволуира. За да се постигне ова, морате да бидете екстремно флексибилни, брзо да се приспособувате на непредвидени ситуации и да ги инкорпорирате во востановениот план – Хозе Луис Гонзалес Родригез од ActionCOACH.

Правете едноставни работи што ќе ви помогнат да го одржите еланот

Анксиозноста е корисна кога ве мотивира да истраете, да промените брзини, да пробате нови нешта и да ги надминете пречките. Морате да се справувате со неа само кога ќе почне да се меша со вашиот елан. Едноставните, досадни нешта најмногу помагаат: вежбање, здрав режим на исхрана и квалитетен сон. Овие практики не се секси но најмногу помагаат – Бил Берман, од Berman Leadership Development.

Прифатете ја анксиозноста и променете ја перцепцијата

Најпрво, сфатете го претприемништвото како возење на луда железница. Знаете дека ќе има подеми и падови. Прифаќањето на овој факт ќе ви помогне да ја намалите анксиозноста. Врзете го каишот и уживајте во возењето. Второ, променете го начинот на кој размислувате за лудата железница. Наместо да размислувате колку е страшно или вртоглаво, мислете како станува збор за нешто забавно и возбудливо. На крај, запомнете зошто сте решиле да се возите на лудата железница на прво место. – Бети Кемпа, од Betty Kempa | Business Coach.

Оставете се` што не можете да контролирате

Најдобриот совет што можам да го понудам е да оставите се` што не е во ваша контрола. Ова е многу тешко да се постигне. За да се намали стресот и за да се справите со анксиозноста ќе морате да научите како да ги прифатите и надминете нештата што не можете да ги контролирате. Можно е да ви се потребни години тренинг, но не можете да контролирате се`. – Барбара Адамс од CareerPro Global, Inc.

Прифатете ја реалноста на она „што е“

Прифатете ја фактичката ситуација, она „што е“. Нашиот отпор и фрустрација живеат во празнината помеѓу нашата реалност и нашите очекувања. Ако не можете да ја прифатите вашата реалност и да размислите за можноста дека можеби не е се` така лошо, можете да го опуштите умот, да биде поприсутни, да имате пристап до подобри решенија и да ја надминете стресната ситуација побрзо. Претприемачкото патување има свои предизвици. Вашата перспектива се справува со анксиозноста. – Рози Гаљардо, InnerBrilliance Coaching.

Направете план за најлошото сценарио

Ако сопствениците на бизниси научија лекција од 2020 год, тоа е дека мора да се има план за континуитет на бизнисот. Дознајте како да го продадете, да го смените бизнис планот или да го ставите бизнисот на пауза по потреба. Детален план за континуитет на бизнисот ќе ве подготви за тековен успех бидејќи кога работите ќе почнат да скршнуваат од патот или воопшто да не се движат, вие ќе го знаете вашиот следен чекор пред другите. Човек кој не успева да планира, не успева во принцип. – Амера МекКој, од  McCoy Consulting LLC.

Зборувајте со некој кому му верувате

Зборувајте со некој за тоа што ви предизвикува стрес. Вообичаено, тоа се работи како пари, работни часови, работни обврски, проблеми со клиентите или синдром на натрапник. Најдете некој со кого можете да имате отворен и искрен разговор за вашите грижи, барем на месечна основа. Ова мора да биде некој кому безусловно му верувате. Во спротивно, ќе го потиснувате стресот додека не експлодирате.  – Џон Нотс од Crosscutter Enterprises.

Создадете си личен одбор на директори

Одличен совет што го добив од колега е создавањето сопствен одбор на директори, односно структура за поддршка. Исто како што одборот стратешки го води бизнисот, вашиот личен одбор ќе ви понуди различни перспективи, поддршка, предизвици и совети кога најмногу ќе ви требаат. Способни луѓе од доверба го намалуваат нивото на анксиозност кога сте сам претприемач. – Арти Рабикрисон, Prerna Advisory.

Исклучете ги мобилните апарати

Во вашиот распоред одредете неколку дена, барем на квартална основа, кога ќе ги исклучите мобилните апарати. Го анализирав сопственото однесување во однос на годините поминати во бизнисот и открив дека, поради животот, семејство и нели бизнисот, воопшто не одвојував време, освен можеби некој „продолжен викенд“, за да одморам од целата таа комуникација. Перспективата за внатрешниот свет, што ќе ја добиете со исклучување на надворешниот, особено во денешно време, и особено за претприемачите, не смее да се игнорнира. – Џон М. О’Конор, Career Pro Inc.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -