Вие и вашиот тим, престанете да работите премногу

Откако почна пандемијата и голем број работници почнаа да работат на далечина, рамнотежата или претопувањето на професионалниот и приватниот живот стана предизвик за многумина. Според една анкета спроведена од страна на Blue Jeans а споделена преку бизнис порталот Fast Company во април 2020 год, работниците на далечина додаваа отприлика 3 до 4 часа плус на нивните работни денови дома во раните недели на пандемијата, што го зголеми ризикот од преоптовареност од работа.

Нов извештај открива повеќе детали за мотивацијата позади фактот што работниците работат подолго од дома. Четвртиот годишен Извештај за ангажманот на вработените и нивното задржување на работното место на Achievers (Employee Engagement and Retention Report) откри дека повеќе од половина или 51% од вработените се загрижени дека нивниот менаџер мисли дека тие не се доволно продуктивни кога работат од дома. Оттука, 44% од испитаниците одговориле на таа состојба со тоа што работеле повеќе часови од дома. Тоа е проблем бидејќи придонесува кон оптовареноста од работа. Дополнително, еден од пет вработени вели дека се чувствува недоволно ценет во однос на сопствените придонеси. Еден од четворица кажал дека главната причина поради која сака да ја промени работата е подобра рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Од преоптовареност од работата до промет, во најдобар интерес и на вработените и на менаџерите е да се заузда културата на прекумерна работа, особено со оглед на големата можност работата на далечина да опстои и во иднина во голем број организации. Еве неколку активности што можат да ги преземат и менаџерите и вработените.

За менаџерите

„Како лидери, охрабрувањето и поддршката на вашиот тим без преголема контрола а истовремено да сте во дослух со нивните потреби кога е време да се вклучите во нивниот процес, е уметност сама по себе . Ова е особено важно кога вашиот тим има премногу задолженија,“ вели Џејн Скудер, обучувач за менаџери и претприемачи и креатор на The Growth Stack – сет алатки што фасилитира поефективни разговори во рамките на еден тим.

Скудер советува дека треба одново да се прегледаат околностите. Дали периодот на премногу работа е привремена состојба? Или дали станува збор за хроничен проблем? Ако станува збор за второто, клучно е да ги разјасните приоритетите на тимот и на организацијата и да ги охрабрите членовите на тимот да носат одлуки поврзани со тие приоритети. Таа користи серија отворени прашања за да ги идентификува отклонувањата од визијата или пречките што ги прават најважните области на фокус помалку јасни, што пак најверојатно ќе доведе до прекумерна работа. Тие се:

  • Што мислиш дека е клучниот колективен приоритет на нашиот тим?
  • Што е твојот личен врвен приоритет на работа сега? (Не е лошо ако приоритетите се различни, но добро е да бидете свесни за нив како лидер).
  • Што ви попречува во одредувањето на приоритетите?
  • Која е вашата најголема пречка сега?
  • Што конкретно можам да направам за да те поддржам?

Овие прашања ги водат вработените низ еден мисловен процес за тоа кои се нивните приоритети, пречките со кои се соочуваат и поддршката што им е потребна. Со дискутирање на одговорите, можете да им помогнете на сите да ги разјаснат најважните области на фокус. Засилете ја пораката со тоа што ќе им дадете до знаење на членовите на вашиот тим дека можат лично да ви се обратат за совет или насока, објаснува Скудер. Бидејќи прашањата се отворени, исто така е важно да ги слушате вашите вработени и да ги испитате сите неочекувани области што можат да искрснат од дискусијата. Можеби ќе наидете на области што можете да ги разјасните или да одредите каде е потребно дополнителна обука или тренинг за да им помогнете на вработените да бидат поуспешни за пократок период.

Исто така е важно за менаџерите да се фокусираат на импактот наместо на процесот, вели Натали Баумгартнер, професор доктор и главен научник за динамиките кај работната сила во Achievers. „Поставувањето јасни очекувања за тоа како изгледа успехот е клучно,“ вели таа. На тој начин, членовите на тимот знаат каде да се фокусираат за да произведат најголем импакт и можеби се во можност да делегираат или елиминираат задачи што не се важни за приоритетите на организацијата.

Моделирањето на однесувањето што сакате да го негувате е исто така важно. Еден интересен феномен што Баумгартнер го засведочила е фактот дека поради дигиталните алатки што покажуваат дека различни луѓе се онлајн и се достапни, луѓето кои ги известуваат лидерите дека работат дополнителни часови исто така остануваат подолго пред биро. Ставете му јасно до знаење на вашиот тим кои се вашите очекувања и дадете се` од себе за да бидете пример на тоа однесување, дури и тоа да вклучува исклучување на вашата визибилна достапност на платформи како Слек или Тимс. Земете си одмор. Комуницирајте ги овие очекувања со вашиот тим.

За вработените

Вработените исто така треба да понесат одговорност за работниот товар, отворено да зборуваат кога тој станува претежок и да негуваат добри навики во поглед на организација на нивното време. Изопаченост на мисијата е вистински проблем, особено кога компаниите се обидуваат да се снајдат со помалку ресурси, вели експертот по комуникација Селест Хидл, авторка на книгата „Не правете ништо: како да избегате од прекумерна работа, прекумерно правење и помала ефикасност“.  Да претпоставиме дека имате добар однос со вашиот шеф, и важно е редовно да се состанувате за да разговарате за она на што работите во моментот и да се осигурате дека вашите очекување се слични, вели таа.

Хидл исто така предлага воспоставување добри работни навики. До мерата до која е возможно, одберете го вашето најпродуктивно време од денот за да ги сработите задачите. Набљудувајте како го поминувате времето за да бидете сигурни дека не го трошите за џабе на неважни работи, непотребни состаноци или други не-основни работи. Ако го правите тоа, елиминирајте што повеќе од тие дејства. Бидете сигурни дека знаете како да користите алатки за автоматизација и други алатки што ќе ви заштедат време. Ако не, побарајте обука во таа област. Редовно проверувајте ги вашите одлуки со претпоставениот за да соработувате на решавањето на проблемот доколку постојат прашања што не можете самите да ги решите, вели таа. И внимавајте на проблемот „работата како навика“ што може да искрсне кога живеете и работите во истиот простор.

„Веќе (стотици години) ни го перат мозокот да веруваме дека тоа што ни ја дава целосната вредност е напорната работа и голем број работни часови,“ вели таа. Кога вашата работа е веднаш во другата соба, постои искушение да се поминат повеќе часови на биро во обид да „бидете успешни“. Но, ако не правите пауза, најверојатно нема да бидете толку остроумни или продуктивни колку што навистина би можеле да бидете.

Автор: Гвен Моран – писател, уредник и креатор на Bloom Anywhere, вебсајт за луѓе кои сакаат да продолжат нагоре во кариерата или да ја напуштат. Таа пишува за претприемништво, лидерство, пари …

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -