Ако не работите во понеделник наутро, ќе бидете супер-продуктивни

Читателу, дозволи ми да ти откријам една тајна: првите два работни часа во понеделник наутро не ги поминувам во работа, пишува новинарката Хана Херман, со длабоко познавање на технологијата и претприемништвото, и работи за компанијата Запиер чија работна сила е на далечина и чија цел е да ги зпознае корисници подобро со апликациите што ги користат.

Не е голема тајна. Тоа е насловот на оваа статија и тие два часа се тргнати од мојот календар. До сега, сите знаат дека не работам во понеделник наутро – и мислам дека и ти не треба да работиш.

Дозволи ми да објаснам како се случи тоа.

Време за учење и развој

Во компанијата каде што работам, големо внимание посветуваме на учење и развој, и сум охрабрена да поминувам два часа за време на работната недела на моите цели поврзани со учењето и развојот. На почетокот имав одвоено 2 часа секој петок наутро за учење и развој, што ги поминувам на пример во пишување курс за кориснички дизајн. „Петок е помирен ден, така што е совршен за учење, “ си мислев тогаш.

Но, по неколку месеци, забележав дека тоа одвоено време баш и не го користев за учење. Редовно ме јадеше „вистинската“ работа – како што е пишување извештаи за проекти или да доработување нешто пред почетокот на викендот.

Тоа беше неверојатно фрустрирачки бидејќи се чувствував дека не правев доволен напредок кон моите цели за професионален развој. Во исто време, се чувствував беспомошно и на крајот на денот, морав да си ја сработам работата – не само поради тоа што тоа ми е работа, туку бидејќи соработувам со други кои се потпираат на мене и кои очекуваат да си ја работам работата на време.

Среќна сум што имам уредник-менаџер кој ме поддржува и кој не само што ми помага да пишувам подобро, туку и ми помага и да работам подобро. Така што, за време на еден од нашите редовни неделни состаноци, спомнав дека се борам да ги испочитувам моите два часа во петок одредени за учење и развој.

„Зошто едноставно не ги преместиш тие два часа во понеделник наутро?,“ предложи таа.

Нејзиното размислување? Во понеделник наутро не се случуваат многу работи бидејќи луѓето се во фаза на враќање во шема по викендот. И, бидејќи јас живеам на Источниот Брег, јас го почнувам работниот ден три часа порано од голем број од моите колеги – така што, комуникациските канали се прилично тивки и нема многу работи што ми го одземаат вниманието.

Ја направив промената и неколку недели подоцна, бев воодушевена кога успеав да остварам неколку од моите цели поврзани со учењето. Еве зошто мислам дека функционира – и како можете да користите слична стратегија за што и да е тоа што вам ви е важно.

Ве ја олеснува работната недела

Најочигледната причина поради која овој распоред функционира: ја распределува тежината на задачите и обврските кои инаку би биле лесни да се одложат. Учењето и развојот стануваат првото нешто што го правите за време на работната недела, наместо тоа да ви биде последното нешто на памет, или нешто што се обидувате да го вметнете помеѓу другите задолженија.

Во минатото, двата часа поминати во учење и развој во петок по долга и напорна недела беше многу тешко. Сега, тоа е првото нешто што го правам по викендот – така што сум помалку ментално уморна и повеќе подготвена да учам. Плус, утринскиот блок време во понеделник му дава на мојот мозок шанса да се загрее. Наместо веднаш да пристапам кон решавањето замрсен проблем, синхронизирањето со мојот тим, или менаџирањето проект, се опуштам во работната недела со работа што е помалку стресна.

Исто така, се обидувам да не ги проверувам пораките. Иако не се придржувам кон ова нон стоп, прилично сум постојана кога станува збор за не-одговарање на пораките пред да почнам да поминувам два часа во учење и развој. Како некој кој хронично користи Слак, ова е голем напредок за мене.

Дури и да немате формален план за учење и развој, речиси секој има редица написи поврзани со работата што сака да ги прочита, снимки од вебинари што сака да ги гледа, и професионални заедници со кои сака да се поврзе поредовно. Одвојувањето време во првиот работен ден од неделата може да ви помогне да ги обавите сите тие активности, наместо да ги занемарите поради „вистинска“ работа.

Ги одбегнувате „неделните стравови“

Јас сум голем поддржувач на размислувањето дека надвор од работните часови не треба да се мисли на работа. Границите се добри и важни, и ако треба да му се верува на мојот терапевт, прилично добро стојам со нив. Но, исто така сум и анксиозна личност, така што неизбежно дел од недела навечер поминувам во размислување за сите работни задолженија што ги имам. Мислам дека повеќето можат да се поврзаат со оваа идеја.

И искрено, тоа е најголемата причина зошто толку многу ја сакам оваа промена во распоредот: ми помага да ги избегнам тие мисли или анксиозните очекувања познати како „неделни стравови“.

Наместо да му дадам шанса на мојот мозок спирално да размислува за се` што треба да направам следното утро и редот според кој треба да ги завршам сите тие нешта, ги поминувам неделите со знаењето дека првото нешто во мојот календар е прилично опуштено време за учење. Секако дека имам цели поврзани со учењето и развојот што сакам да ги остварам, но знаењето дека можам да го искористам тоа време за учење по мое темпо го намалува притисокот.

Анксиозноста често пати се зголемува кога работите делуваат непредвидливи или премногу оптеретувачки, и вашиот мозок, како во спирала која се движи надолу, ги мисли сите можни сценарија што можат да се случат. Со одвојување на првите два часа во понеделник наутро, му давате на мозокот предвидлив и остварлив следен чекор.

Што ако не сакам да учам?

Ако учењето и развојот не е нешто во што би инвестирале во моментов, овој вид структура во распоредот може да функционира за голем број работи. Еве неколку идеи:

  • Ако има некој покреативен проект што се обидувате да го заокружите (особено ако нема сигурен краен рок), обидете се да го направите обврска со која прво се зафаќате секоја работна недела, и видете дали ќе направите напредок.
  • Искористете ги првите два часа од вашата недела да си го организирате календарот и листите на задолженија, расчистете го инбоксот… Ова е некој вид работа, и е некој вид нега за себе на која луѓето често пати не поминуваат доволно време.
  • Искористете го времето да ги завршите административните задачи како што е одобрување на извештајот за трошоците или организирање документи. Ова може да биде макотрпно и досадно, но бара одреден степен внимание за детали, што ако го направите подоцна во неделата кога ваквите обврски ќе се зголемат, ќе ви биде потешко.
  • Поминете час или два секој понеделник наутро во наоѓање начин на автоматизирање одредени задачи. Автоматизацијата е навика и одвојување време за да се прегледа овој процес може да ви помогне да ја создадете.

Флексибилниот распоред е еден од најдобрите начини да се работи подобро. Вашиот работен распоред би требало да функционира за вас, не обратно. Ова значи дека треба да создадете време што ќе го посветите на што и да е тоа што се обидувате да го завршите – особено нештата што често пати ги сметаме дека „не се вистинска работа“. Во мојот случај, тоа е време за учење и развој. За вас, може да биде се` за што се обидувате да најдете време. Почнете да го правите тоа во понеделник наутро и видете што ќе се случи.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -