Што ја убива самодовербата на работното место и како да го надминете тоа

Некои луѓе изгледа дека имаат сè што им треба. Знаете за каков тип станува збор – вработениот кој секогаш е насмеан и енергичен и е подготвен да споделува идеи или да се зафаќа со нови работни задачи. Неговиот став дека може сè, успева да ги убеди тие околу него, вклучувајќи ги и нив самите, дека тие се корисни и вредни. Но има едно чувство што тие го прифаќаат и гаат, а кое многугимна сакаат да го најдат – самодоверба.

Некои работници се измачуваат со сомнеж и страв, и не се во можност да ги преземат неопходните ризици или да ги искажат сопствените ставови. Сепак, самодовербата е многу повеќе вештина отколку карактеристика.

За да успеете во бизнисот и животот, важно е да одбегнувате уверувања кои ја убиваат самодовербата, и да се справувате, некогаш со многу воздржување, со тешки карактери.

Во прилог се неколку навики и убедувања што ја убиваат самодовербата, како и совети како да ги надминете.

Перфекционизам

Вработените што остваруваат многу и се ефикасни, често си прават притисок со тоа што си поставуваат дури и смешни, нереални стандарди, и некогаш се чувствуваат обесхрабрени кога нема да успеат да ги достигнат, вели Хелен Лернер, автор на книгата „Митот за самодовербата“ и основач на WomenWorking.com, сајт посветен на кариерниот развој на жени.

Секој има различни силни и слаби страни. Секој пат кога нема да остварите нешто во рамките на некој проект, прашајте се себеси дали сте го дале најдоброто од себе. Ако сте го направиле тоа, сетете се дека сте човек и дека не може сè да правите совршено, и прифатете го тоа.

„Мораме да престанеме со негативниот разговор во глава и да си кажеме себеси дека нашето најдобро е доволно добро,“ вели Лернер. „Нека ова биде ваша внатрешна мантра“.

Шефови кои микро-менаџираат

Вработен кој има надреден кој микро-менаџира може да натера човек да се чувствува како да не е доволно добар. Зошто инаку шефот би ве набљудувал постојано или би ви кажувал точно како се извршува некоја задача?

Во најголемиот број случаи, најверојатно не правите ништо лошо. Лернер вели дека под таквиот вид на однесување кое бара постојана контрола лежи чувство на страв.

„Микро-менаџирањето на вашиот шеф најверојатно се должи на она што таа личност го чувствува за себе, не за вас,“ потенцира таа.

Ако навистина имате самодоверба, никој нема да може да ве соборува на каков било начин. Микро-менаџерот можеби ќе поттикне некои ваши несигурности, но потсетете се себеси колку далеку сте стигнале и каде сакате да стигнете.

Недостаток на ангажман на работа

Една од најчестите причини поради кои можете да се чувствувате како да не сте во контакт со вашата работа, и оттука ви недостасува самодоверба кога треба да ја сработите, е кога работите нешто што не е на исто ниво со вашите вештини. Секој поседува таленти и способности, и ако не ги користите при вашата работа, тогаш можеби треба да размислите за други можности, предлага Лернер.

Друга опција е да одржувате оптимистичен и охрабрувачки став за вашата ефикасност на работа. Ако се чувствувате рамнодушно, обидете се со поинаква перспектива или пристап. Можеби сте западнале во некаква рутина што ве исцрпува. Обидете се со поинаков пристап кој ви ги разбудува страстите. Што можете да направите што ќе биде различно и што ќе може да ја направи вашата работа попријатна? Немојте да се плашите да го дискутирате ова со вашиот работодавец.

Страв од неуспех

Секој искусува страв – некои повеќе од други. Но од клучна важност по вашето здравје е да се соочите директно со стравот.

„Стравот може да ве осакати на таков начин што ги спречува луѓето во нивните намери без тие да се свесни за тоа, без разлика дали станува збор за зборување пред сите присутни на состанок, по што вработениот се доживува како некој кој не придонесува со многу вредност, или станува збор за страв од бивање себеси, кога се обидувате да го имитирате однесувањето на другите и никогаш не научувате вистински да го поседувате она што е уникатно и специјално кај вас,“ објаснува Хедер Монахан, основач на кариерна менторска група #BossinHeels и автор на „Создавачот на самодовербата“.

Секако дека во текот на кариерата сакате сè да направите како што треба, но стравот од неуспех не треба да ви стои на патот на испробувањето на нешто ново. Проектот можеби нема да го даде очекуваниот исход, и можеби ќе направите грешки. Сè додека учите од тие искуства, вие всушност не сте доживеале неуспех, додава Лернер.

Колеги кои критикуваат и не соработуваат

Работата со невоспитани, арогантни или непријатни колеги може да го намали задоволството од работата, особено ако нивната негативна енергија е насочена кон вас. Слично како со примерот на микро-менаџери, Лернер ги охрабрува професионалците да не го сфаќаат тој вид однесување премногу лично, но советува да вложите напор да ги подобрите односите со колегите.

„Исчистете ја вашата страна на улицата,“ посочува таа. „Дали правите нешто што би можело да придонесе во негативната ситуација. Ако да, тогаш преземете соодветно дејство.“

Како да имате самодоверба на работа

Според Лернер, луѓето кои сакаат да ги надминат овие фактори што ја смалуваат или елиминираат самодовербата, и кои сакаат да напредуваат во кариерата, треба да се волни да излезат надвор од сопствената комфорна зона и да преземат ризици што ќе им овозможат да ги остварат нивните цели. На пример, можете да понудите умни и размислени предлози за време на состаноци, понудете помош на колега без тој/таа да ве праша, или побарајте веродостојно второ мислење што ќе ве охрабри да го направите чекорот за кој претходно сте размислувале.

„За да ја изградите самодовербата на работа, треба да го користите сопствениот глас,“ додава Монахан. „Без разлика дали тоа значи дека придонесувате со вашите идеи на состаноци или му давате до знаење некому дека вие зборувате додека тоа лице се обидува да ве надгласи, постојат безброј можности во текот на секој ден што ќе ви овозможат да ја изградите вашата самодоверба.“

Монахан додадва дека нема потреба од хумор на сопствена сметка. Иако може да делува невино и здраво да се смеете самите на себе, тоа ì штети на вашата самодоверба. Кога се претставувате себеси како невина личност, испраќате сигнал до другите дека самите се гледате себеси како некој кому му недостасува искуство, и откривањето на ваквите мисли може да биде опасно.

Наместо да ја потценувате сопствената интелигенција или придонеси, претставете ги сопствените идеи и дејства без притоа да имате сомнеж во вашата вредност.

„Самодовербата е нешто што се создава, а не дава,“ вели Монахан. „Што побрзо ја прифатите одговорноста за создавањето на вашата, толку побргу ќе го промените сопствениот живот и ќе почнете да создавате иднина за која ќе се чувствувате возбудени. Во секој момент, или ја подјадувате самодовербата или ја надградувате. Вие одлучувате“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Вината на Тиквеш и на Tikveš Châteaux & Domainеs со златни...

Вина на Тиквеш и на Tikveš Châteaux & Domainеs освоија пет високи признанија на престижниот вински натпревар Citadelles Du Vin 2020, којшто...
- Advertisment -