Каков е планот на Грција за привлекување туристи ова лето

Во едно топло саботно попладне, на островот Глифада јужно од Атина, Зисимос Зизос ја набљудува песочната плажа. Со далечинско во рака, испраќа моќен дрон високо на небото. Со користење на камерата на дронот, ја скенира плажата и забележува група млади луѓе како седат заедно на пешкири, пишува BBC.

Дронот лебди над нив, а потоа се слуша гласна порака од неговите звучници: „Држете дистанца. Ние го почитуваме јавното здравје“. Некои од младите луѓе погледнуваат нагоре кон дронот и мавтаат. Другите го вртат погледот. Еден по еден, полека се оддалечуваат еден од друг.

„Во деновите кога ќе има многу гужва, ќе бидам тука надвор и ќе проверувам што се случува на неколку саати,“ вели Зизос. Тој работи во општината како фотограф, но откако се појави коронавирусот, тој го заменил апаратот со дрон. Неговата работа е да спречува големи собири на плажата со цел намалување на ширењето на Ковид-19. Ако посетителите на плажата ги игнорираат неговите повици да се разделат, тогаш ќе интервенира општинската полиција која може да изрече казни во висина од 1000 евра по лице. Општинскиот дрон што претходно се користел во спасувачки потфати, сега се користи за да го воскресне туристичкиот сектор. Карантините што се наметнаа во целиот свет ја ставија глобалната туристичка индустрија во мирување. Грција е една од земјите која е особено погодена од пандемијата, поради фактот што туризмот зафаќа повеќе од 20% од БДП. Во 2019 год, околу 33 милиони луѓе ја посетиле Грција, и ì донесоа 19 билиони евра. Разбирливо е зошто Грција прави сериозни обиди да ги врати на нозе бизнисите од туристичката индустрија.

Пријавување во хотел – надвор

Во обид да го поврати секторот, владата креира амбициозен план со цел да привлече туристи, а истовремено да не дозволи да се зголеми бројот на заболени со коронавирус. До сега, Грција се справуваше со пандемијата компаративно добро, и има околу 3000 потврдени случаи и помалку од 200 мртви. Локалните власти го припишуваат овој „успех“ на строгиот карантин што се воведе многу рано по појавата на болеста во земјата.

Сега земјата ги олабавува строгите правила и туристичкиот сектор прави подготовки за отворање. Акропол повторно се отвори на почетокот на Мај, а неколку недели подоцна се отворија баровите и рестораните. Од средината на Јуни, и хотелите почнаа да отвораат, а авиокомпаниите ќе почнат постепено да ги враќаат меѓународните летови.

Колку лесно ќе можете да влезете во Грција зависи од земјата од која доаѓате. Во текот на следните неколку недели ќе има отворања, но владата ја задржува можноста да забрани патувања од нации каде стапката на ширење на Ковид-19 е сè уште висока, вели изјава издадена од Министерството за надворешни работи.

секој хотел ќе треба да обучи супервизори за справување со можна појава на коронавирус меѓу гостите, и да има доктор на располагање

Откако еднаш патници ќе успеат да пристигнат на нивните дестинации, тие ќе мора да следат правила што ги подготви владата, во консултации со епидемиолозите. Правилата за хотели, што се содржат во акционен план подготвен од Министерството за туризам, им дозволува да работат со капацитет, но содржат бројни барања што ги покриваат сите аспекти на работењето.

На пример, секој хотел ќе треба да обучи супервизори за справување со можна појава на коронавирус меѓу гостите, и да има доктор на располагање. Бироата на рецепција ќе мора да бидат ставени надвор кадешто е можно, и хотелите ќе мора да ги ограничат редиците за пријавување за да се спречат премногу луѓе да се собираат на исто место. Храната што ќе се служи на шведските маси ќе мора да биде ставена под заштитни акрилни екрани, додека собите мора да бидат празни неколку часа пред во нив да се сместат новите гости, односно да се дозволи доволно време да се проветрат. Грчките власти упатуваат силни апели до хотелите да ги отстранат сите непотребни декоративни предмети, како перничиња или списанија. Посебен список со упатства е издаден за рестораните, каде исто така, бројот на вечери ќе биде ограничен. Рестораните ќе можат да ги посетуваат гости ако се придржуваат до правилото да стојат сами на два метри квадратни, а ниту една маса нема да може да смести повеќе од шест возрасни, додека децата се изземени од ова правило.

Во базените, пливачите ќе можат да уживаат во повеќе простор од порано – бројот на лица што ќе можат да го користат базенот ќе зависи од неговата големина. Плажите ќе бидат потивки бидејќи групни настани се забранети. Тимски спортови на плажа каде има контакт со тело се исто така забранети, а можно е да се забрани користење на тобоганите. Посетителите на баровите ќе мора да држат 1,5 метар растојание, иако некои фотографии на социјалните медиуми од одново отворени барови покажуваат дека правилата се игнорираат.

„Игра на доверба“

До сега, сопствениците на хотели ги прифаќаат безбедносните насоки, а голем дел од нив велат дека ќе одат уште подалеку и ќе воведат сопствени мерки. На островот Санторини, Чарли Чахин, сопствен на бар на плажа, гради прегради од плексиглас околу местата со лежалки на плажата со црн песок за да ги спречи гостите да влегуваат во интеракција.

Преградите од плексиглас кои се скоро 2 метри високи формираат ограда околу лежалките на трите страни, а погледот кон морето е отворен. Чакин ги поставил панелите за да види како ќе ги прифатат посетителите на плажата и можеби ќе додаде нови, и покрај трошокот. „Размислувам да создадам плекси плажа,“ вели тој. „Ќе направиме сè што треба посетителите да се чувствуваат безбедни.“

Придржувањето до правилата доаѓа со цена, секако, а голем број бизниси кои се веќе ослабнати во текот на последните десет години, сега не се во добра состојба за да можат да ги издржат финансиските предизвици. Оддалечувањето на масите во рестораните значи помалку гости, а секоја плексиглас единица чини и до 1000 евра. Еден од три ресторани може да не успее да ја издржи годината, вели Хеленската конфедерација на професионалци, занаетчии и трговци. Трошоците се зголемуваат и за локалните власти – општинските власти во Глифада нарачаа неколку нови дронови, а секој чини околу 3000 евра.

резервациите на пет милиони лица сè уште се тука

Некои од овие трошоци можеби ќе треба да ги надокнадат потрошувачите. Но Андреас Андреадис, извршен директор на една од најголемите групации на ресорти во Грција, Сани Икос, вели дека сега не е време да се крати на мерките за здравствена заштита како начин да се одржат цените ниски. „Ќе биде игра на доверба, игра на квалитет,“ изјавил тој на онлајн дискусија организирана од страна на „Хеленска иницијатива“ – грчка група од дијаспората. „Ова ќе го турка туризмот кон врвот. Дното на пазарот ќе трпи најмногу“.

Туристичкиот сектор не ја почнува годината од нула, до крајот на Февруари, околу 10 милиони лица резервирале одмор во Грција оваа година. Околу половина се откажани, велат експертите од индустријата, но резервациите на пет милиони лица сè уште се тука. Дали ќе дојдат зависи од карантинските ограничувања во нивните домашни земји и нивната желба да патуваат. Некои владини претставници приватно се надеваат дека Грција може да разработи половина од бизнисите што функционираа во 2019 год. Некои претставници на туристичкиот сектор велат дека ќе отворат шише шампањ ако успеат да разработат третина од минатогодишните бизниси. „Ќе бидам задоволен ако ги покријам моите трошоци годинава,“ признава Чахин.

Како и во секоја криза, можности се појавуваат. Земјите во јужна Европа работат вредно за да покажат дека направиле сè што треба за да бидат сигурни дека посетителите ќе бидат безбедни на нивните брегови. Но познавачи на туризмот и владини претставници веруваат дека Грција има предност во однос на конкурентите на пазарот, вклучувајќи ги и Шпанија и Италија, поради ниската стапка на инфицирани лица во однос на другите ЕУ земји. Некои претставници на маркетинг секторот размислуваат да ја промовираат Грција како местото каде можете да се „излечите“ од пандемијата.

Јоана Дрета, егзекутивен директор на непрофитната групација „Маркетинг Грција“ вели дека за време на кризата, Грција го зајакнала сопствениот бренд во поглед на гостопримство и безбедност, како дополнување на дарежливоста и љубовта за животот што вообичаено е првото нешто со кое посетителите ја врзуваат земјата. „Тоа е идентитет што Грција мора сега да го искористи и надгради бидејќи сака да го ожнее она што може од сегашната туристичка сезона, и секако, да се подготви за следната година,“ вели таа.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -