Како да размислуваме поефикасно за време на криза

Во несигурни времиња, страв и анксиозност, лесно е да бидеме преплавени со светот околу нас. Во нашата потрага по сигурност и стабилност, можеби се соочуваме со сите нешта што не можеме да ги контролираме: одлуките што ги носат пратениците во собранието, состојбата на државниот здравствен систем, дали нашите сакани ќе се разболат и десетици други различни грижи. Сепак, ако одбереме, можеме да најдеме утеха во она што можеме да го контролираме, а тоа не е малку, пишува Entrepreneur.

Поврзано:

Кризните времиња изобилуваат прилики кои ни овозможуваат да се сетиме дека ние ги контролираме сопствените мисли, што за возврат значи дека можеме да ги контролираме и сопствените емоции и дејства. Иако е потребно дисциплина и волја да се стават овие дејства во пракса, овој концепт е вкоренет во докажани истражувања од областа на когнитивната психологија. Еве како овој концепт функционира:

Го искусувате светот

Нешто се случува – градоначалникот, или премиерот, објавува насоки и препораки да се остане дома, вашето дете се разболува, а вие не сте земале плата. Ваквите настани се факти што не се формираат со вашите мислења, толкувања или претпоставки. Тие едноставно постојат, и имаат неутрален набој: само вие им прeпишувате позитивно или негативно значење.

Вие ги создавате сопствените мисли

Во обид да се најде смисла во надворешната средина, вие свесно и несвесно толкувате што се случува околу вас. На пример, интерпретација што може да резонира во вашиот ум во време на криза е „мојот бизнис е во состојба на хаос“.

Вашите мисли ги предизвикуваат вашите емоции

Мислите дека вашиот бизнис е во хаос, а чувствата што ќе се јават по ваквата мисла се емоции како анксиозност, фрустрација и паника.

Вашите емоции ги предизвикуваат вашите дејства

На вашите чувства одговарате со дејства, со реагирање на таа емоција или со нереагирање. Можеби ќе поитате да ги отпуштите вработените без да размислите добро за последиците од таквиот чекор, или можеби свесно не го прифаќате сознанието па ќе одлучите да не преземете ништо.

Eдинственото нешто што не можеме да го контролираме е она што се случува околу нас.

Вашите дејства го создаваат вашиот живот

Она што го правите и она што не го правите го формира вашиот личен свет, а дејствијата се активираат од страна на вашите мисли што сте ги создале по иницијалниот настан.

Кога ги набљудуваме нашите искуства од овој агол, гледаме дека поголемиот дел од моделот на свет што постојано го промислуваме е во сферата на нашето влијание; единственото нешто што не можеме да го контролираме е она што се случува околу нас. Она што ќе го направиме како одговор на тие околности е местото каде се случува магијата.

Вашиот прв одговор во состојба на криза може да биде: „Нема шанси да работам од дома, да бидам родител и учител, да го водам сопствениот бизнис и да бидам продуктивен, и да бидам добар на крајот од сето тоа.“ Но што ќе се случи ако одвоите време и ги забележите тие мисли и свесно ги пренасочите кон нешто друго? Општо правило е дека овие нови мисли не би требало да се целосна спротивност на првичните мисли; нема да ви послужи за ништо ако текот на мислите го замените со: „Ова е забавно, обожавам хаос.“ Нашиот мозок едноставно нема да поверува во ова. Наместо ова, можеме да направиме мала промена кон понеутрална состојба на умот, како на пример:

Со промената во мислите, нашите чувства, и оттука нашите дејства и резултати, можат да се сменат. Наместо да чувствуваме негативна емоција, можеме да почувствуваме нешто понеутрално или дури и позитивно: прифаќање, задоволство или надеж.

„Сè што треба да направам е да го поминам денешниот ден.“

„Знаев дека ова ќе биде тешко, но успеав да преживеам уште еден ден.“

„Давам сè од себе.“

Моќта на мислата

Со промената во мислите, нашите чувства, и оттука нашите дејства и резултати, можат да се сменат. Наместо да чувствуваме негативна емоција, можеме да почувствуваме нешто понеутрално или дури и позитивно: прифаќање, задоволство или надеж.

Како што мислите влијаат врз нашите дејства, така се соочуваме со денот со нова енергија и со повеќе контрола врз таа енергија. Наместа реакција или никаква акција, можеме да стекнеме енергијата да бидеме проактивни, да се чувствуваме помоќни и  да чувствуваме дека имаме повеќе контрола од претходно.

Оваа вежба е секако од помош во нашата сегашна средина, но овој универзален концепт може да се примени во која било лоша ситуација: губитокот на голем клиент, неуспешна година, или други непредвидливи околности во вашиот бизнис и личен живот.

Следниот пак кога ќе се почувствувате дека сè околу вас се распаѓа, најдете време и само дишете. Обидете се да ги одделите фактите од фикцијата за да можете подобро да ги толкувате вашите околности, пренасочете ги мислите, и контролирајте ги емоциите, дејствата и резултатите. Целта не е целосно да се ослободите од негативност во животот, секако дека постои место за негативни емоции, и биолошка причина зошто ги чувствуваме. Напротив, дајте им признание на негативните чувства, живејте со нив за момент и работете на тоа да ги неутрализирате, за да можете да се движите кон иднината со повеќе јаснотија, самодоверба и контрола. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -