Што опфаќаат трите фази на попуштање на рестриктивните мерки за Ковид-19?

Премиерот Оливер Спасовски на онлајн прес-конференција ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на КОВИД-19.

На вчерашната седница на Владата се донесе првиот пакет мерки за намалување на ограничувањата и преземање чекори кон новата нормалност во одделни области, кои во оваа фаза на пандемијата со КОВИД-19 во нашата земја, го дозволуваат тоа.

Поврзано:

Ситуацијата е под контрола 

„Не дозволивме ширење на коронавирусот кое посериозно би го загрозило јавното и здравјето на граѓаните, а здравствениот систем со полна кондиција постигнува ефикасност во борбата со фаталните последици од вирусот,“ истакна Спасовски.

Оваа ситуација е резултат на сеопфатни и системски мерки, носени исклучиво врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и врз основа на нивните научни анализи и студиите на Светската здравствена организација.

„Воведените мерки не само што дадоа добри резултати, туку и ги зајакнавме медицинските капацитети повеќе од тоа што ни беа на почетокот и со увереност можеме да кажеме дека од тој аспект сме спремни да одговараме на текот на новото нормално“

Воведените мерки ја исправија кривата на новозаболени 

Комисијата за заразни болести јасно укажа дека нашата земја  влегува во период кога се очекува дополнително опаѓање на интензитетот на ширењето на вирусот, што ја отвора можноста за попуштање на рестриктивните мерки и ограничувања, под крајно прецизни услови и критериуми. 

„Тие (воведените мерки) не само што дадоа добри резултати, туку и ги зајакнавме медицинските капацитети повеќе од тоа што ни беа на почетокот и со увереност можеме да кажеме дека од тој аспект сме спремни да одговараме на текот на новото нормално“, посочи Спасовски.

Мерките ќе се намалуваат постепено

Олабавувањето на мерките ќе се случува во повеќе фази низ кои постепено ќе се спроведува намалувањето на рестрикциите во новото секојдневие.  Меѓу секоја фаза ќе следува преглед и проценка на актуелната ситуација и одново одлука за тоа дали се исполнети условите за да се продолжи олабавувањето на мерките во секоја следна фаза.

Владата донесе План за попуштање на рестриктивните мерки, како процес кој би се одвивал во три фази, согласно развојот на епидемиолошката состојба.

Сите следни чекори кон новата нормалност ќе зависат од три најважни критериуми:

Дали епидемијата е ставена под контрола? Дали здравствениот систем е во состојба да се справи со повторното појавување случаи по олеснувањето на некои мерки? Дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и нивните контакти и да идентификува повторување на случаи?

Владата донесе План за попуштање на рестриктивните мерки, како процес кој би се одвивал во три фази, согласно развојот на епидемиолошката состојба.

Попуштањето на мерките ќе се одвива во три фази

Првата фаза е тековното функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење.

Втората фаза, како транзициона фаза, е иницијално воспоставување на работните активности со почитување на препорачаните мерки и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на КОВИД-19, и

Трета фаза, која предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните превентивни, против епидемиски мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

Многу е важно да се запамти дека дури и во третата фаза, кога ќе севоспостави целосна функционалност во сите сектори, граѓаните ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски во поинакви услови, согласно новата реалност. 

„Тоа не треба веќе да се гледа ниту како нешто страшно, ниту како нешто чудно, туку како неопходност за заштита на нашето здравје,“ додаде претседателот на Владата. 

Новите мерки влегуваат на сила денес

За да се постигне максимална ефикасност, и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности.

Од денес ќе започнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик, и тоа: Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, Центри за едукација, обуки и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции, авто школи, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, спортски и други обложувалници преку шалтер, и затворени трговски центри-молови, без угостителските објекти во нив.

За да се постигне максимална ефикасност, и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности.

„На пример, дејностите кои се занимаваат со одржување состаноци, седници, обуки, семинари, конференции, настани, ќе можат да ги спроведуваат своите настани во ограничено времетраење од најмногу шест часа со задолжителна пауза на секои два часа,“ објасни Спасовски.

Пред почеток на обуките, курсевите, семинарите, учесниците треба задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да го одложат настанот односно да не присуствуваат.

Во просторијата задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, односно услови за почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена.

Настаните ќе се организираат и со ограничен број на учесници согласно просторот со цел, но не повеќе од 30 лица, да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, како и со задолжително носење лична заштитна опрема.

Во просторијата задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, односно услови за почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена. Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите, со забрането групирање на присутните. По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, во која мора да има обезбедено корпа за отпадоци со капак.

Целосното соопштение на премиерот Оливер Спасовски во врска со воведувањето на новите мерки за попуштање на рестрикциите наметнати од страна на пандемијата со Ковид-19 прочитајте го тука.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -