Што ни открива Zoom за начинот на кој комуницираме со колегите

Одговорање на телефонски повици излезе многу одамна од мода. Но, коронавирусот може да го врати овој тренд, пишува порталот Wired.

Поврзано:

Добредојдовте во времето на коронавирус, кога комуникацираме со нашите најсакани во затворен прозор, со нашите соседи се довикуваме од тераси, и одржуваме 2 метри растојание со секој што ќе го видиме на улица.

Социјалното дистанцирање и изолацијата го забавуваат ширењето на вирусот и во исто време го зголемуваат бројот на луѓе кои работат од дома.

Промена на начинот на комуникација

Со затворање на компаниите поради коронавирусот, тие го приоритизираа одржувањето на комуникацијата помеѓу вработените преку онлајн размена на информации и контакт. Акциите на глобално ниво паднаа, но акциите на социјалната мрежа Zoom која служи за онлајн видео конференции, како резултат на зголемената побарувачка, пораснаа.

комуникација

Аналитичките податоци покажуваат дека на Zoom кон крајот на Февруари се приклучиле 2,22 милиони активни корисници, со што мрежата ја надмина бројката од 1,99 милиони нови корисници на месечно ниво, која ја имала во 2019 година.

Пред пандемијата, завршувањето на работните обврски по телефон важеше за една од најмалку посакуваните опции. Во 2019 година, Microsoft заедно со YouGov спроведоа истражување и ги прашаа своите вработени на кој начин комуницираат на дневна база. Најголем дел од вработените, односно 74%, одговорија дека за комуникација користат средба во живо, 69% ја избраа комуникацијата преку емејл и само половина, односно 55%, одговорија дека обавуваат повици на дневно ниво.

Иако комуникацијата преку емејл започнува дури во 1990та година, таа ја надвладеала телефонската комуникација која е стара 144 години. Промената на начинот на комуникација се должи на проспособувањето на вработените и клиентите кон новиот животен стил.

комуникација

Телефонските повици не се омилен начин на комуникација

Луѓето во последните 13 години целат кон тоа да не зборуваат на телефон. Nielsen, компанија за истражување во САД, укажува на транзицијата кон нечујна комуникација во 2007 година, кога за првпат бројот на испратени пораки помеѓу поединците го надминал бројот на разменети повици. Од тогаш па наваму, телефонскиот повик е најмалку користена алатка за комуникација.

Тинејџерите всушност ја започнаа револуцијата – 13 до 17-годишни тинејџери, во 2008 година, помеѓу себе размениле во просек 1,742 пораки во текот на еден месец, додека на телефон просекот изнесувал само 231 повик. Десет години подоцна, овие тинејџери се наоѓаат на своите работни места и сѐ уште претпочитаат да зборуваат преку пораки.

„Една од главните карактеристики на дигиталните генерации е тоа што избегнуваат да ги користат телефонските повици како начин за комуникација,“ вели Џанин Вудсток, консултат во Zingg.

Истражувањата во 2019 година спроведени од страна на Ofcom, регулаторна компанија за комуникации, покажуваат дека постарите лица сѐ уште претпочитаат да прават телефонски поциви. Лице на 68-годишна возраст од Белфаст изјавило: „ Претпочитам да зборувам на телефон со некого. Сметам дека на овој начин полесно ќе се разберам.“

комуникација

„Пораките преку мејл, или некоја социјална мрежа го претставуваат денешниот начин на комуникација,“ вели Гудман од Goodman Lantern, маркетинг компанија. „Најголем дел од нашите клиенти ни пишуваат пред да се јават.“

Непотребните повици ја намалуваат продуктивноста

Паметните телефони ни овозможуваат да сме постојано достапни, а резултатот од таа промена е нова, динамична средина и начин на живеење. „Луѓето го почитуваат времето на другите, и сметаат дека порака, на која избираш кога би вратил, е подобар начин за комуникација отколку повик, при што го прекинуваш другото лице во она што го работи во моментот,“ вели Крис Марон, директор на компанијата 8×8.

Со цел намалување на бројот на непотребни и непосакувани повици, мобилните оператори имаат развиено неколку опции со кои им овозможуваат на корисниците да изберат кога ќе примат повици.

Непотребните повици влијаат негативно на нашиот однос со телефоните. Компаниите кои се занимаваат со продажба преку телефон, во 2017 година обавиле 2,2 билиони повици, коишто претставуваат 6 милиони непотребни прекинувања во текот на денот, или 4,200 секоја минута.

комуникација

Овие повици на компаниите за продажба се намалиле во текот на 2019 година, но го зголемиле бројот на лица кои не одговараат на непознати броеви.

Бизнисите исто така страдаат од овие непотребни повици. „Добиваме околу 25 вакви повици на ден,“ вели Гудман. „Тие им пречат на вработените во нивната работа, особено бидејќи продажните компании не направиле добро истражување за нивната таргет група.“

комуникација

За да ги намали овие непотребни повици, Гудман стапил во соработка со фирма за одговарање на повици, при што вработените се прекинати во нивната работа само доколку навистина треба да го преземат повикот.

Големиот број на мејлови влијае врз ефикасното работење

Испраќањето на пораки и мејлови ја намалува буката од телефонските повици, но влијае на ефикасноста и продуктивноста на вработените. Во просек, вработените поминуваат повеќе од 3 часа на ден во справување со мејлови. Во 2019 година, компанија за маркетинг по пораки, Slick Text, спроведе прашалник на кој голем дел од испитаниците одговориле дека доколку добиваат помалку мејлови би се зголемило нивното задоволство при работа.

комуникација

Вработените во САД кои имале мал фокус на работата, придонеле до загуба во продуктивност од 605 билиони долари, според Gallup. Несреќните вработени имаат тенденција да го напуштат работното место, а вработување и обучување нови вработени ја чинаткомпанијата многу пари и време.

„Решението е да се замени емејл комуникацијата со видео комуникација,“ вели Вудсток. „Ова решение ќе доведе до зголемена ефикасност при работа од различни локации, бидејќи ќе ја подобри комуникацијата и ќе има полесно разбирање при носењето одлуки.“

Според истражувањата на Gigaom, 87% од корисниците пријавиле  дека се чуствуваат поповрзани со своите тимови кога користат видео конференција. Со зголеменото користење на Zoom како резултат на коронавирусот, се смета дека може да заврши ерата на тивката комуникација преку мејлови.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -